Фудбалерите од пет детски фудбалски клубови низ земјава и три основни училишта во Скопје добија 55 фудбалски топки, донација од Комерцијална Банка АД Скопје
Фудбалерите од пет детски фудбалски клубови низ земјава и три основни училишта во Скопје добија 55 фудбалски топки, донација од Комерцијална Банка АД Скопје
НАУМОВСКИ: Во соработка со АД ,,Водостапанство“, Подружница-Скопско Поле, започнавме со расчистување на Новоселскиот канал.
НАУМОВСКИ: Во соработка со АД ,,Водостапанство“, Подружница-Скопско Поле, започнавме со расчистување на Новоселскиот канал.
ВО ЃОРЧЕ СЕ РАБОТИ СО ПОЛНА ПАРЕА: СЕ СТАВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА, СЕ АСФАЛТИРААТ УЛИЦИ
ВО ЃОРЧЕ СЕ РАБОТИ СО ПОЛНА ПАРЕА: СЕ СТАВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА, СЕ АСФАЛТИРААТ УЛИЦИ
(ВИДЕО) ЗАСТРАШУВАЧКИ СЦЕНИ НА НАТПРЕВАРОТ ДАНСКА - ФИНСКА, ФУДБАЛЕРОТ ЕРИКСЕН СЕ НИЧКОСА НА ТЕРЕН ОД СРЦЕВ УДАР, НО ЛЕКАРИТЕ ГО ВРАТИЈА ВО ЖИВОТ
(ВИДЕО) ЗАСТРАШУВАЧКИ СЦЕНИ НА НАТПРЕВАРОТ ДАНСКА - ФИНСКА, ФУДБАЛЕРОТ ЕРИКСЕН СЕ НИЧКОСА НА ТЕРЕН ОД СРЦЕВ УДАР, НО ЛЕКАРИТЕ ГО ВРАТИЈА ВО ЖИВОТ
ВЕНКО ФИЛИПЧЕ МУ ДАДЕ БЛАГОДАРНИЦА НА БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР ЗА НЕГОВОТО ЗАЛАГАЊЕ ДА СЕ ПРЕВЕНИРА КОВИД 19 КАЈ ДЕЦАТА
ВЕНКО ФИЛИПЧЕ МУ ДАДЕ БЛАГОДАРНИЦА НА БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР ЗА НЕГОВОТО ЗАЛАГАЊЕ ДА СЕ ПРЕВЕНИРА КОВИД 19 КАЈ ДЕЦАТА
Мајката на Верица чие срце беше донирано, вработена во новата канцеларија на премиерот за контакт со граѓаните
Мајката на Верица чие срце беше донирано, вработена во новата канцеларија на премиерот за контакт со граѓаните
Австрија се надева на првата победа, С. Македонија на чудо
Австрија се надева на првата победа, С. Македонија на чудо
НИКОЛОВСКИ: Денеска заедно со Венко Филипче и Петре Шилегов присуствувавме на 6 Конгрес на Сојузот на Ромите на Македонија.
НИКОЛОВСКИ: Денеска заедно со Венко Филипче и Петре Шилегов присуствувавме на 6 Конгрес на Сојузот на Ромите на Македонија.

(ВИДЕО) БРАВО: СЕ РАСЧИСТУВА ДЕПОНИЈАТА СО ГОЛЕМИНА ОД 10 ФУДБАЛСКИ ИГРАЛИШТА ВО ВИЗБЕГОВО

Градот Скопје денеска почна голема акција за расчистување на дивата депонија во Визбегово, која претставува повеќедецениски еколошки проблем за Скопје, а особено за жителите на околните општини Шуто Оризари, Бутел и Чучер Сандево. Од оваа депонија која се протега на површина од 10 хектари (околу 10 фудбалски игралишта) ќе бидат расчистени околу 50.000 кубни метри шут и комунален отпад.

– Овој проблем овде постои повеќе децении и директно влијаеше врз квалитетот на воздухот зашто депонијата често беше предмет или на самозапалување или пак ја палеа несовесни граѓани. Денешната акција е доволен доказ дека извонредната соработка меѓу локалната и централната власт може да резултира со конечно решавање на ваквите проблеми. Голема благодарност до Владата, а особено до министерот за животна средина за неговиот личен ангажман за одвоените средства од страна на Министерството за животна средина за да може да ја реализираме оваа акција. Јас очекувам во наредните 30-на дена да ја исчистиме оваа површина од околу 10 хектари или околу 10 фудбалски игралишта од која ќе бидат подигнати 50.000 кубни метри комунален смет и шут, да се израмни и да се заштити подрачјето, за овој простор од депонија да прерасне во зелена оаза – рече градоначалникот Петре Шилегов, на почетокот на големата акција за расчистување на депонијата во Визбегово.

Градот Скопје, додаде тој, во текот на оваа година ја решава четвртата невралгична повеќедецениска точка – акции за расчистување беа спроведени и веќе се зазеленети депонијата во Ѓорче Петров, депонијата во Мичурин и депонијата во Кисела Вода кои прераснаа во паркови.

– Очекувам и бизнис заедницата од зоната Визбегово да придонесе овој дел од градот да го заштитиме што е можно повеќе. Да го чуваме нашиот град како што го чуваме нашиот дом. Како што сакаме дома да ни биде чисто, така да се однесуваме и кон нашиот град. Посакувам овој простор во иднина да стане еден убав парк и убаво шеталиште за скопјани – рече Шилегов.

Тој напомена дека веќе дојде до здружување на инспекциските служби на Градот Скопје и на скопските општини и дека повеќе нема да се толерира несовесното постапување од страна на поединци кои на вакви точки фрлаат отпад. Тој упати апел до граѓаните одговорно да се однесуваат кон животната средина и отпадот што го создаваат.

На денешната акција присуствуваа и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и градоначалниците на општините Бутел и Шуто Оризари, Велимир Смилевски и Курто Дудуш.

loading...

KissAnime gogoanime kissanime: Wonder Egg Priority (https://kissanimeonline.com/m/692J) Episode 12

AnimeDao animedao demon slayer: Boku no Hero Academia 5th Season Episode 3