(ФОТО + ВИДЕО) Ковачевски на средбата со Папата Франциск: Грижата за најранливите, толеранцијата и човечкото достоинство се вредности врз кои се продлабочува соработката со Ватикан
(ФОТО + ВИДЕО) Ковачевски на средбата со Папата Франциск: Грижата за најранливите, толеранцијата и човечкото достоинство се вредности врз кои се продлабочува соработката со Ватикан
НАЈМНОГУ ОНЛАЈН КУПУВАЊА ОД СТРАНСТВО КОН ДОМАШНИТЕ Е-ТРГОВЦИ ИЗВРШЕНИ СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ ОД САД И ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО, ВКУПНО ОНЛАЈН КОН СТРАНСТВО СМЕ ПРОДАЛЕ ПРОДУКТИ И УСЛУГИ ВО ВРЕДНОСТ НА 16 МИЛИОНИ ЕВРА

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите
Честитка од претседателот Пендаровски по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ПОЛИЦАЕЦ ЗА ПРИМАЊЕ ПОТКУП, ПРИВЕДЕНИ ПЕТ ДИЛЕРИ НА МАРИХУАНА ВО ГОСТИВАР
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ПОЛИЦАЕЦ ЗА ПРИМАЊЕ ПОТКУП, ПРИВЕДЕНИ ПЕТ ДИЛЕРИ НА МАРИХУАНА ВО ГОСТИВАР
(ВИДЕО) Ковачевски на средбата со Папата Франциск: Грижата за најранливите, толеранцијата и човечкото достоинство се вредности врз кои се продлабочува соработката со Ватикан
(ВИДЕО) Ковачевски на средбата со Папата Франциск: Грижата за најранливите, толеранцијата и човечкото достоинство се вредности врз кои се продлабочува соработката со Ватикан
(ВИДЕО) Ковачевски: Взаемната доверба и пријателство со Ватикан е потврдена преку заедничкото историско, културно и религиско наследство
(ВИДЕО) Ковачевски: Взаемната доверба и пријателство со Ватикан е потврдена преку заедничкото историско, културно и религиско наследство
ДЕМАНТ ОД ВЛАДАТА: НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ВЛАДИНИ СЛУЖБЕНИЦИ ГЛУМЕЛЕ НОВИНАРИ ВО БУГАРИЈА, ТИЕ БЕА ДЕЛ ОД ВЛАДИНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА, ПОМАГАА ВО СЛУЖБЕНАТА ПОСЕТА
ДЕМАНТ ОД ВЛАДАТА: НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ВЛАДИНИ СЛУЖБЕНИЦИ ГЛУМЕЛЕ НОВИНАРИ ВО БУГАРИЈА, ТИЕ БЕА ДЕЛ ОД ВЛАДИНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА, ПОМАГАА ВО СЛУЖБЕНАТА ПОСЕТА
МВР ФАТИ ПЕДОФИЛ ВО СТРУМИЦА: Кривична пријава за наставник од Струмица поради сомнение за кривично дело полов напад врз дете
МВР ФАТИ ПЕДОФИЛ ВО СТРУМИЦА: Кривична пријава за наставник од Струмица поради сомнение за кривично дело полов напад врз дете

БРАВО – СЕМЕЈСТВОТО НА ПОЧИНАТО МОМЧЕ ГИ ДОНИРАШЕ ОРГАНИТЕ, БУБРЕЗИТЕ ТРАНСПЛАНТИРАНИ КАЈ ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ НА ДИЈАЛИЗА

Уште неколку пациенти со малигни болести и трауматски повреди ќе добијат здрави коскени ткива. (Фото: Министерство за здравство)

На Клиниката за урологија заврши втората од двете трансплантации на бубрег, откако во саботата доцна во ноќта семејството на младо момче со мозочна смрт даде согласност за донирање на органите. Покрај бубрезите, екипата на Клиниката за ортопедија направи експлантација и на коскени ткива, соопшти Министерството за здравство.

„Двајца млади пациенти со болест на бубрезите кои беа на дијализа добија шанса за нов живот. Уште неколку пациенти со малигни болести и трауматски повреди, кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија, во наредните недели ќе добијат можност да им бидат имплантирани здрави коскени ткива. Благодараност до семејството кое во своите најтешки моменти одлучи да помогне и да спаси друг живот. Сочувствуваме со нивната болка, ја почитиваме нивната одлука и благодариме за тоа што го направија. Во неделите кои се пред нас, неколку пациенти со тешка болест ќе добијат шанса за нов живот“, се заблагодари министерот д-р Беким Сали.

Ова е втора трансплантација од почетокот на годинава и 12-та од мај 2020, откако Програмата за трансплантација на Министерството за здравство се прошири во делот на мултиорганската трансплантација.

„Секоја трансплантација за нас е голем успех затоа што со сето ова што го работиме, полека, но сигурно го менуваме системот. Покажуваме колку можеме како лекари да направиме за нашите пациенти, а во исто време и како општество во целина да бидеме попозитивни во поглед на органодонорството“, рече д-р Маја Мојсова-Мијовска, национален координатор за трансплантација.

loading...