БРАВО, БРАВО, БРАВО - КЕЈОТ 13 НОЕМВРИ ПОВТОРНО НАЗАД КАЈ ГРАЃАНИТЕ НА СКОПЈЕ, РЕКОНСТУРИРАН, ПОУБАВ И ПОШИРОК
БРАВО, БРАВО, БРАВО - КЕЈОТ 13 НОЕМВРИ ПОВТОРНО НАЗАД КАЈ ГРАЃАНИТЕ НА СКОПЈЕ, РЕКОНСТУРИРАН, ПОУБАВ И ПОШИРОК
Се враќаат жештините, повторно температури до 40 степени
Се враќаат жештините, повторно температури до 40 степени
Заев: Не можеме утре да ги внесеме Бугарите во Уставот
Заев: Не можеме утре да ги внесеме Бугарите во Уставот
Зибери: Воспитно-поправниот дом за малолетници не си ја извршува функцијата
Зибери: Воспитно-поправниот дом за малолетници не си ја извршува функцијата
ВМРО-Народна: Отворените изборни листи ќе ги збришат сите мали политички партии
ВМРО-Народна: Отворените изборни листи ќе ги збришат сите мали политички партии
Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска на средба со претставниците од „Дневен центар Доза среќа“
Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска на средба со претставниците од „Дневен центар Доза среќа“
Вицепремиеорот Битиќи за порталот Фактор: Прераснуваме во економија на можности, на старт-апи, во земја на иновации!
Вицепремиеорот Битиќи за порталот Фактор: Прераснуваме во економија на можности, на старт-апи, во земја на иновации!
ШИЛЕГОВ И ДЕЛЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌИЊА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ
ШИЛЕГОВ И ДЕЛЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌИЊА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ

БРАВО ШИЛЕГОВ – ЦРВЕН ПЛОЧНИК ЗА КЕЈОТ ВО СКОПЈЕ, ПОЧНА УРЕДУВАЊЕТО НА ШЕТАЛИШТЕТО

Откако цело шеталиште беше ослободено од затворените тераси на кафулињата сега се поставуваат плочки долж целиот кеј.(Фото: СДК.МК)

Град Скопје деновиве почна со поплочување на кејот 13 Ноември. Откако цело шеталиште беше ослободено од терасите на кафулињата кои беа претворени во затворени импровизирани објекти, сега се поставуваат плочки долж целиот кеј. Поплочувањето се врши со два вида плочки и сега кејот ќе има сосема нов изглед во нијанса на црвена боја.

„Во моментов се работи во делот кај зградата на ‘Телеком‘ и наредниот месец нов плочник ќе добие цел потег до хотелот ‘Холидеј ин‘. Целосно кејот ќе биде готов во јуни и овој дел од срцето на градот ќе добие еден сосем нов лик“, велат од Град Скопје.

По завршување на реконструкцијата на кејот кафеанџиите нема да смеат да поставуваат маси и столици во средина, а за возврат ќе добијат дозвола да ги прошират терасите пред објектите за плус 3.5 метри.

Коли и понатаму ќе се движат низ кејот, но градоначалникот Петре Шилегов тврди дека тоа ќе бидат многу мал број возила на „Телеком“, на кои ќе им биде дозволено движење само од 8 до 9 часот и од 14 до 17 часот.

„Кај хотелот ‘Холидеј ин‘ ќе имаме две бетонски бариери кои ќе спречат влез на возила освен во строго определен број, во строго определено време. Немам намера да дозволам да се потрошат 88 милиони денари, а за година и половина да имаме иста ваква ситуација. Ќе направам сè што е во моќ на Градот и во соработка со МВР да се спречи такво дивеење“, рече Шилегов на почетокот на реконструкцијата на кејот.

Реконструкцијата на кејот чини 1.5 милиони евра.

ИЗВОР: СДК.МК

loading...

AnimeDao dubbed anime: Watch Attack on Titan Episode 1 (https://animedao.nl/m/BP/ep-1)

AnimeTV free anime tv: Redo of Healer (https://animetv.cc/m/7NOm) Episode 12