Инвеститорите го презентираа проектот кој крена голема прашина во јавноста. Висококатници од 15, 20 и 25 ката, од кои две за домување и деловни простории и една целосно за деловни објекти. На горните катови ќе биде домувањето и деловните објекти, додека приземјето ќе биде резервирано за локали.
Архитектите тврдат дека зеленило ќе има и повеќе од 20% колку што е законски предвидено.
Бројот на новите жители кои ќе може да се сместат во новите објекти според архитектите не е голем, но каде би се школувале децата на новите жители одговор немаа.
Инвеститорите ги отфрлија сите обвинувања во јавноста дека ДУП-от, не е во согласност со ГУП-от. Тврдат дека ДУП-от бил донесен пред да стапи на сила Генералниот. Додека за се што истражува Општина Центар и Антикорупциска не сакаа да коментираат.