Ски центарот го посетија министерот за економија Крешник Бектеши, заедно со министерот за животна средина Насер Нуредини и директорот на АД ЕЛЕМ ТУРС, Адем Авзиу и извршија увид на активностите за модернизација.
Според директорот Авзиу санирани се рефлекторите кои се подготвени осветлување на повеќе од два километри патеки за ноќно скијање. Дополнително, инвестирано е и во два модерни ресторани, а новина е што годинава за прв пат во туристичкиот центар „Попова Шапка“ има јавни тоалети.
Министерот Бектеши рече дека туристичкиот центар полека се доближува на регионалните и европските туристички центри, нудејќи се повеќе услуги за туристите, а министерот Нуредини истакна дека ова е прво отворање на Попова Шапка откако е дел од Националниот парк „Шар Планина“.