Денеска во касарната „Илинден“ присуствував на пуштањето во употреба на нов објект – кујна за потребите на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, кој претходно беше добиен на трајно користење од Министерството за одбрана, а сега е целосно ресконструиран по највисоки полициски и ХАСАП стандарди.
Во склоп на објектот се наоѓа кујна оспособена за приготвување на храна во текот на 24 часа седум дена во неделата, која покрај за САЕ„Тигар“ има капацитет да овозможи приготвување храна и за други организациони единици на МВР, во посебни околности, за потребите на службата, со што МВР за првпат го имплементира овој пилот проект кај нас, кој кај повеќе полиции во ЕУ успешно функционира подолг период, со тенденција во иднина да се прошири и во други објекти на МВР.
Од 2017 година до сега, како раководство на МВР системски и посветено работиме на унапредување на работните услови на полициските службеници, со цел унапредување на услугите на министерството за граѓаните.