Противпожарните единици во Кавадарци и Неготино добија нова опрема преку проект за меѓуопштинска соработка кој се реализира со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Бирото за регионален развој

АУЕ-ФОН на свечена церемонија ги додели дипломите на студентите од прв и втор циклус на студии
АУЕ-ФОН на свечена церемонија ги додели дипломите на студентите од прв и втор циклус на студии
Маричиќ за Тв 21: Владата прави се за ублажување на последиците од кризата, следува ребаланс и сериозни заштеди во Буџетот
Маричиќ за Тв 21: Владата прави се за ублажување на последиците од кризата, следува ребаланс и сериозни заштеди во Буџетот
АУДИ А6 СМРТНО ПРЕГАЗИ ПЕШАК ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
АУДИ А6 СМРТНО ПРЕГАЗИ ПЕШАК ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
ГРАД СКОПЈЕ: Продолжува чистењето на кејот на реката Вардар
ГРАД СКОПЈЕ: Продолжува чистењето на кејот на реката Вардар
Министерот Шаќири учествува на Светскиот образовен форум во Лондон
Министерот Шаќири учествува на Светскиот образовен форум во Лондон
КОСТАДИНОВ: Во Струмица повеќе нема диви продавачи на текстил
КОСТАДИНОВ: Во Струмица повеќе нема диви продавачи на текстил
Владата го усвои пакетот законски измени за повисоки плати во правосудниот и обвинителскиот систем
Владата го усвои пакетот законски измени за повисоки плати во правосудниот и обвинителскиот систем

БРАВО – СТРУЖАНЕЦОТ НИКОЛА ПОДГОТВУВА БЕСПЛАТНА ХРАНА ЗА ТРИЕСЕТИНА ГРАЃАНИ КОИ НЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ ТОПОЛ ОБРОК

Никола најчесто им приготвува манџи, ориз со пилешко, компир манџа, салати. Вели дека секогаш ќе има традиционално македонско јадење за гладните во Струга. (Фото: СДК.МК)

Стружанецот Никола Петрески, кој работи со „Достава на храна“, веќе еден месец дели топол оброк на социјално ранливи категории. Три пати неделно, понеделник, среда и петок, триесетина гладни редовно доаѓаат по храна.

„Работам со достава на храна, соработувам со две компании и остануваше многу храна која ја фрлавме. Отприлика 6-7 килограми се фрлаше и дојдов до идеја да ја дадам на некој на кој што му е потребно. Гласот дека тука може да јадат топол оброк брзо се шири. На почетокот, пред месец дена, беа само двајца-тројца, а сега се околу 30 лица“, вели Петрески.

Никола најчесто им приготвува манџи, ориз со пилешко, компир манџа, салати. Вели дека секогаш ќе има традиционално македонско јадење за гладните во Струга.

„Сакам кога луѓето им помагаат на оние на кого им е потребна таа помош. Има многу гладни во Струга, но некои не доаѓаат за да не бидат видени дека земаат храна“, додава тој.

Ваквата иницијатива, како што вели Никола, предизвикува разни чувства кај луѓето, но празниот стомак ги тера да заборават на гордоста.

„Луѓето се срамат да побараат храна. Имав замисла да се доставува по куќи каде што има потреба, но мислам дека тоа би било навредливо за нив. Од таа причина информации даваме по социјалните мрежи и бројот на оние кои доаѓаат по храна постојано расте“, вели Петрески.

Тој најави 500 топли оброци за новогодишните празници и ги повика компаниите и хуманите граѓани да се приклучат на иницијативата и да помогнат со донација на храна.

„Луѓето се гладни и беспомошни. Една жена дојде по храна и замоли за прибор за јадење оти дома немала ниту лажица ниту виљушка. Во друг случај дојде мајка со три дечиња, беше на крај од работно време и немав за сите храна. Им дадов едно пакетче во кое имаше три батаци и ориз. Беа среќни насмеани, но сепак гласот на мајката затрепери кога кажа благодарам. Не е лесно да не можете да си ги прехраните децата“, раскажува Никола.

За него иницијативата претставува многу организација, многу сечкање, мешање, печење, но и многу љубов, среќа и задоволство.

„Храната наместо во канта нека заврши онаму каде е најпотребна“, порача стружанецот, кој за брзо време очекува дека ќе има доволни количини храна за да дели топол оброк и во останатите денови од неделата.

Додека ги пакуваше оброците со зготвена храна Никола имаше насмевка на лицето оти пристигна нова донација со пакет овошје наменета за сиромашните и бездомниците во Струга, за луѓето кои не можат да си дозволат ниту еден оброк во текот на денот.

ИЗВОР СДК.МК

loading...

https://aniwatch1.com/. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

AniWatch My Hero Academia Season 2 (Dub) Episode 17

Seirei Gensouki: Spirit Chronicles Episode 9

aniwatch app Tokyo Revengers

My Hero Academia Season 2

AniWatch Josee, the Tiger and the Fish