БРАВО: Судиите ќе добијат зголемени плати за 15 проценти

Зголемување од 10 проценти ќе имаат годинава, а наредната година уште пет.

Ваквата информации ја сподели министерот за правда Бојан Маричиќ на заедничка прес-конференција со претседателот на Здружението на судии Џемали Саити, со кое Владата постигнала согласност.

Ова зголемување, нагласи Маричиќ, се очекува да важи и за судските службеници, а ќе се разговара и за јавните обвинители. Министерот најави дека ќе се разговара и за зголемување на платите за уште дополнителни пет проценти за 2023 година со цел да се стигне до посакуваните 20 проценти.

Парите за договореното зголемување од 15 проценти веќе се обезбедени во рамки на судскиот буџет.

„Нашата Влада зазема став дека судската власт е особено важна и дека статусот треба постојано да се зајакнува – тоа важи и за условите за работа и за поддршката во смисла на зголемена судска администрација, повеќе работни места и плати на судиите. Зголемувањето на платите во судството оди паралелно со зголемување на одговорноста и ефикасноста на судиите и правосудниот систем, но и со процесот на дигитализацијата и прочистувањето“,

изјави Маричиќ.

Министерот сподели и планови за законски измени или нов закон за плати на судиите, со кој трајно ќе се дефинираат коефициентите на судската власт.

Саити, пак, рече дека зголемувањето од 15 отсто е плод на повеќегодишни разговори кои не се лесни, со оглед дека бараат зголемување од 20 проценти.

„Сметаме дека тоа што во овој момент имаме согласност за 15 проценти е напредок. Се надевам дека ќе се движиме кон европските стандарди“,

изјави Саити.