По 30 илјади денари ќе добијат 7600 вработени во здравствените установи кои работат со ковид пациенти. ✊ Тие се нашите херои кои пожртвувано работат цела измината година. Нивниот труд го вреднуваме и поради тоа одлучивме да им дадеме еднократна награда. Здравствените работници се во првите борбени редови и даваат се од себе за да спасат човечки животи. Ви благодарам што неуморно го давате својот максимим за подобро здравје на нашите најсакани – семејство, пријатели, нашите граѓани!
