БРАВО - Османи приреди коктел за дијаспората и им порача дека својот мандат ќе го посвети на создавање услови за секој кој има желба да може да се врати во државата
БРАВО - Османи приреди коктел за дијаспората и им порача дека својот мандат ќе го посвети на создавање услови за секој кој има желба да може да се врати во државата
СДСМ ПРИЛЕП - Денеска се навршуваат 64 години од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто
СДСМ ПРИЛЕП - Денеска се навршуваат 64 години од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто
БРАВО - СПАСОВСКИ ГО СОТРЕ ПОДЗЕМЈЕТО: ЗА ЕДНА ГОДИНА УАПСЕНИ БЛИЗУ 500 КРИМИНАЛЦИ БАРАНИ СО ПОТЕРНИЦА
БРАВО - СПАСОВСКИ ГО СОТРЕ ПОДЗЕМЈЕТО: ЗА ЕДНА ГОДИНА УАПСЕНИ БЛИЗУ 500 КРИМИНАЛЦИ БАРАНИ СО ПОТЕРНИЦА
Заев: Во првиот круг ќе одиме секој сам, а после ќе се поддржиме со ДУИ, БЕСА и со ДПА
Заев: Во првиот круг ќе одиме секој сам, а после ќе се поддржиме со ДУИ, БЕСА и со ДПА
Вицепремиерот Битиќи и директорот Тунџев го промовираа новиот Национален Геопортал – Со само еден клик граѓаните и стопанството може да пристапат до огромен број на просторни податоци
Вицепремиерот Битиќи и директорот Тунџев го промовираа новиот Национален Геопортал – Со само еден клик граѓаните и стопанството може да пристапат до огромен број на просторни податоци
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој
Почитувани, ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје од вторник, 27.07.2021 година, ќе започне со исплата на пензиите за месец јули
Почитувани, ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје од вторник, 27.07.2021 година, ќе започне со исплата на пензиите за месец јули
(ВИДЕО) СКОПЈЕ ЈА ДОБИ И ВТОРАТА ТАРТАН ПАТЕКА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК
(ВИДЕО) СКОПЈЕ ЈА ДОБИ И ВТОРАТА ТАРТАН ПАТЕКА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

БРАВО ЗА ЦЕЛИОТ ТИМ НА ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ НО И ЗА ВЛАДАТА: Скопјани во јануари дишеле најмалку загаден воздух во последните 7 години

Проблемот со загадувањето на воздухот во земјава е долготраен, а Скопје како главен град неколкупати се наоѓаше на листата топ 10 најзагадени градови во светот. Иако со години и здруженијата и надлежните институции бараат решение за надминување, како и лоцирање на коренот на овој феномен, сепак низ годините се соочуваме со бројни денови во кои се чувствува загаденоста во воздухот.

Кои се главните индикатори кои влијаат врз аерозагадувањето побаравме податоци од Министерството за животна средина и просторно планирање. Според нив, нееколошките начини на затоплување на административните згради и на домаќинствата, транспортот и индустријата се меѓу главните фактори кои влијаат врз загадувањето на амбиенталниот воздух.

Сепак, според податоците кои ги добивме од Град Скопје, главниот град е со најчист воздух во јануари во последните седум години. Според скопските мерни станици, во јануари годинава максималната среднодневна вредност на ПМ10 честичките била 162, за разлика од 2015 година, од кога има релевантни податоци за квалитетот на воздухот, односно кога била 560.

– Податоците од државните мерни станици во Скопје за изминатиот месец покажуваат дека скопјани дишеле најмалку загаден воздух во споредба со истиот месец во последните седум години – посочуваат од Град Скопје, додавајќи дека анализата на концентрациите на ПМ10 честички во Скопје во јануари (од 2015 до 2021) покажува на охрабрувачки трендови по сите статистички показатели.

Бројот на денови на надминување на среднодневната концентрација над граничната вредност (50mg/m3) и среднодневната максимална и минимална концентрација на ПМ10, како што велат, се во пад. Во сите државни мерни станици во Центар, Гази Баба, Ректорат, Ново Лисиче и Карпош, посочуваат од Градот, се бележат најдобрите бројки за првиот месец од последните неколку години.

– На пример, ако во Центар во јануари 2016 година имало 26 денови со среднодневни концентрации над горната вредност, во 2021 имало 13 такви денови. Најзагадениот ден (со максимална среднодневна концентрација на ПМ10 честочки) во Центар во јануари 2017 имал 482.40 PM10 честици на метар кубен, а во јануари 2021 три и пол пати помалку, односно – 141.30, наведуваат од Градот.

За Градот секоја следна година е со помала вредност, односно, според нив се работи за тренд, а не за инцидент.

– Доколку направиме корелација помеѓу бројките на загадувањето и тие на метеоролошките прилики, средната брзина на ветерот била константна сите години, а иако постојат разлики во средната температура и количеството на врнежи, истите не можат да се посочат како директо заслужни за падот на загадувањето – велат од Градот.

И податоците од Гази Баба, Карпош и Лисиче, како што посочуваат од Градот, укажуваат на најмал број денови со среднодневни концентрации над горната вредност, на најниска минимална среднодневна концентрација и на најниска максимална среднодневна концентрација во последните седум години.

– На пример, највисоката максимална среднодневна концентрација (назагадениот ден во јануари) во последните седум години во Гази Баба била во 2015 со 622.70 mg/m3 ПМ10 честички, а во 2021 нивниот број бил 143.90, или четири ипол пати помалку. Највисоката максимална среднодневна концентрација во последните седум години во Карпош била во 2017 со 525.30 mg/m3 ПМ10 честички, а во 2021 – 144.80 mg/m3 ПМ10. Највисоката максимална среднодневна концентрација во последните седум години во Лисиче била во 2015 – 644.00 mg/m3 ПМ10, а во 2021 – 219,70 mg/m3 ПМ10 – наведуваат оттаму.

Падот на загадувањето, според Град Скопје, е видлив не само за месец јануари, туку и на годишно ниво, со, како што велат, постојано намалување на вредностите на ПМ10 честички.

– Главниот град се поретко може да се најде на неофицијалните топ-листи на приватни мерни станици на најзагадени градови во светот, како што беше случај порано. Ниту пак, оваа сезона беа воведувани вонредни мерки. Во овие денови (три во 2017 и 2018 а еден во 2020 година) одредени категории на граѓани беа ослободувани од работа, се воведуваше бесплатен превоз, се зголемуваше цената на паркингот, со цел намалување на штетите гасови и последиците од нив. И официјалните статистички податоци на Министерството за животна средина и просторно планирање потврдуваат загадувањето во Скопје постепено се намалува, а дека впечатокот на граѓаните се исправува – сметаат од Градот.

На што се должи ова, и дали воопшто се работи за тренд или намалувањето на загадувањето на воздухот е резултат на пандемијава со ковид-19, побаравме одговори од МЖСПП.

Оттаму велат дека се работи за континуирано преземање мерки во последните две години преку кои се делувало на изворите на загадување.

– Се изврши замена на нееколошки системи на затоплување во некои административни и здравствени објекти како што е Поликлиниката во Чаир, се доделија субвенции за замена на затоплувањето со стари печки во домаќинствата со инвертор клими (за пет илјади домаќинства во Скопје), се доделија субвенции за дел од училиштата и градинките во кои се заменија системи на затоплување со еколошки, се подобри изолацијата за да не се губи топлината, а се доделија и субвенции за фотоволтаични панели – посочија за МИА од МЖСПП.

Но, исто така, додаваат, мора да се спомене дека изминативе неколку месеци има голем напредок во инспекторирањето, бидејќи, како што посочуваат, со отварање на можност јавноста директно да пријавува појава на загадување до Државниот инспекторат за животна средина и со организирање на комбинирани инспекциски служби се направиле голем број на контроли врз детектираните извори на загадување. Според нив, факт е и дека дополнително во текот на оваа сезона имавме и поповолни временски услови.

– Владата и оваа година усвои Програма за намалување на аерозагадувањето, а и самите министерства во своите програми имаат активности со кои делуваат на намалување на аерозагадувањето. На пример Министерство за економија распиша Програма за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2021 година и Програма за субвенционирање на дел од трошоците за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата – посочуваат од Министерството.

МЖСПП во рамки на своите ингеренции, како што велат, работи на измени во законската регулатива.

– За справување со проблемите со загадувањето на воздухот МЖСПП изготви и предложи измени на Законот за квалитет на амбиентниот воздух со кои се утврдија критериуми и донесување на Листа на општини кои ќе мораат да изготват Планови за чист воздух за своите граѓани. Дополнително, согласно ЕУ законодавството, се пропиша обврска за донесување на Краткорочни акциски планови во периодите кога имаме високи концентрации на загадување во одредени општини, кои ќе мора да бидат одобрени од Министерството за животна средина и просторно планирање и да содржат конкретни задолжителни мерки кои се однесуваат на транспортот, индустријата, ранливите групи, работното време и така натаму – велат од МЖСПП.

Според нив, она што е новина и воедно што отвора можности за надминување на административните закочувања на реализацијата на итните мерки е можноста доколку општините не ги спроведат овие мерки, Владата да може да предвиди стапување на сила на вакви рестрикции не само како препораки, туку како наредби.

– Предлогот за измени на Законот на амбиентален воздух е влезен во собраниска процедура. Со усвојување на предлог измените во законите во областа животна средина (кои исто така се во собраниска процедура) се очекува и зголемување на казните за сторителите на прекршоци во животната средина до 20 пати со што се очекува одвраќачки ефект на сторителите на еколошки прекршоци, посочуваат од Министерството.

Во однос на преземените активности од страна на МЖСПП, новитет е што од 2 февруари на нивно барање, Министерството за економија, согласно Законот за општа безбедност на производите, ги вклучија во Листата на стандарди со чија употреба се смета дека производот е безбеден, стандардите за цврсти биогорива. Со објавување на дополнетата листа на стандарди во Службен весник – додаваат од МЖСПП, овие стандарди стануваат задолжителни и за производителите и за трговците.

– На тој начин се воведува регулирање на квалитот на цврстите горива што се користат во државата, со што ќе се влијае на подобрување на квалитетот на воздухот, на животната средина и на здравјето на луѓето – нагласија за МИА од Министерството.

Посочуваат дека интензивно работеле на доопремување и замена на резервни делови на Државниот мониторинг систем за квалитет на амбентниот воздух, а набавена е една сосема нова мониторинг станица во Гевгелија и комплетно заменета моноторинг станицата во Битола.

– Во моментот, МЖСПП работи на изработка на листа на административни објекти во сите општини во државата и приоритизација на објекти за кои е потребната замена на нееколошките системи за греење. Во план е подготовка на планови за намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух со Акциски план за општините: Кавадраци, Гостивар, Кичево и Кочани, како и подготовка на катастри на загадувачи на воздух во општините Кичево, Кочани, Струга, Битола, Прилеп и Гевгелија. Во првата половина на 2021 се очекува набавка две нови мониторинг станици и резевни делови за мониторинг системот – информираат од Министерството.

Неделава што измина, Државниот завод за ревизија објави извештај за квалитетот на воздухот кој укажува дека со преземените активности во последните три години иако претставуваат позитивен чекор, не се постигнати посакуваните ефекти во намалување на загадувањето на воздухот.

– Проблемот со загадувањето на воздухот во земјава бара системски интегриран пристап од сите засегнати страни (институциите на централно/локално ниво, приватниот сектор и граѓаните) на подолг рок. Надзорот и контролата се на ниско ниво, а се уште многу мал дел од буџетските средства на централно и локално ниво се издвојуваат за реализирање на мерките содржани во планските документи, поради што тие во најголем дел остануваат не спроведени – се наведува во конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на успешност на тема „Квалитет на воздухот – кооперативна ревизија“.

ДЗР изврши ревизија на спроведувањето на дадените препораки содржани во Конечниот ревизорски извештај за извршена ревизија на успешност од 2017 година на тема „Квалитетот на воздухот“ со цел да се оцени степенот на имплементација на препораките и соодветноста на преземените мерки.

– Со ревизијата утврдуваме дека од десет препораки дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор, една препорака е спроведена, три препораки се во тек на спроведување, четири препораки се делумно спроведени и две препораки не се спроведени. Со новата поставеност на Интерсекторската група за квалитет на воздухот е подобрена институционалната соработка, управувањето и координирањето на централно и локално ниво, а со укинување на Комитетот за јавно здравје е избегнато преклопувањето на надлежностите на двете тела кои во претходниот период на ревизија имаа слични надлежности – се наведува во Извештајот на ДЗР.

Посочуваат дека институциите кои се главни носители за креирање и спроведување на политиките за подобрување на квалитетот на воздухот на централно и локално ниво и понатаму се соочуваат со недостиг на соодветен, постојан и стручен кадар.

Средствата кои се издвојуваат за финансирање на мерките во планските документи на централно и локално ниво не се доволни за намалување на загадувачките супстанци. Според податоците од ДЗС, учеството на инвестициите и трошоците за заштита на воздухот во БДП во извештајниот период 2017-2019 година е намалено во однос на претходните години и изнесува 0,03 отсто, а во вкупните инвестиции и трошоци за животната средина учествуваат со два отсто за 2017 и 2018 година, односно 2,6 отсто за 2019 година. Ова е причина, што и понатаму просечните годишни концентрации на РМ 10, во голема мера ги надминуваат утврдените гранични вредности во сите мерни станици, освен станицата во Лазарополе.

– Иако е констатиран одреден напредок во однос на изработката на планските документи на локално ниво (покрај плановите за агломерација Скопски регион и општините Битола и Тетово, донесени се планови и за општините Струмица, Велес и Кичево), и понатаму најголем број на општини каде нивоата на загадувачки супстанции ги надминуваат граничните вредности немаат изготвено планови за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух. Поради недоволниот административен капацитет на надлежните институции, мониторингот над имплементацијата на мерките во планските документи се врши нередовно и нецелосно, односно ад хок и по барања од засегнатите страни (ЕУ, медиуми и граѓанскиот сектор). И понатаму, не е обезбедена целосност на податоците за Катастарот на загадувачи од причина што повеќе од 50 отсто од операторите кои поседуваат А и Б интегрирани еколошки дозволи немаат доставено податоци – се наведува во Извештајот.

За надминување на утврдените состојби, од страна на ревизијата дадени се насоки за понатамошно постапување на Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина и ЕЛС за: зајакнување на административниот капацитет, донесување на предложените законски решенија за квалитетот на амбиентниот воздух и инспекцискиот надзор во животната средина, воспоставување на сеопфатен Национален информативен систем за животна средина и целосна база на податоци за Катастарот за животна средина, систем за подготовка и следење на планските документи и обезбедување на потребните финансиски средства за нивна реализација.

Оваа година, пак, според Здружението Еко-Свест, аерозагадувањето повторно покажува критични бројки, особено во главниот град.

– Потребно е ние граѓаните да се бориме аргументирано со цел институциите да заземат поголем интерес во решавање на овој голем проблем. Тоа значи дека од институциите се бара стратегија за праведна енергетска транзиција, зелени алтернативи за транспорт, како и праведни законски регулативи за ефикасно загревање на домаќинствата – истакнуваат од Еко-Свест.

Што возиме, на какво гориво се возиме, каков превоз користиме, на што се грееме, што правиме со штетниот отпад, дали користиме обновливи извори на енергија, каква индустрија не опкружува, дали учествуваме во носење на одлуки важни за заедницата во која живееме, се главните прашања кои Еко-свест порачува да си ги постават граѓаните, но и надлежните институции за намалување на загаденоста на воздухот.

loading...

AnimeHeaven dragon ball z anime heaven: Log Horizon: Destruction of the Round Table Episode 12

GoGoAnime gogoanime tower of god: JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable (Dub) Episode 39