По подолго време е реновирана фонтаната во паркот Шопен во Кисела Вода и изгледа прекрасно. Браво за градоначалникот Орце Ѓеорѓиевски.
Од другите активности еве што се работело во општината:
🏞️ Кисела Вода – општина со чисти улици и средени паркови, чиста и зелена општина како што впрочем заслужуваат нашите сограѓани. 🌳
🍃 Денес низ сите месни и урбани заедници се косат нараснатите тревни површини.
👷♂️Се работи со засилено темпо со цел убавото време кое претстои, граѓаните да можат да го искористат во парковите и на другите локации предвидени за одмор и рекреација.
♻️ Пред само две седмици заврши и големата акција која се спроведуваше со Град Скопје, преку која јавните препријатија темелно ги чистеа поголемите улици кои се во нивна надлежност, а редовното расчистување на локалните улици и мини депониите од страна на општина Кисела Вода непрекинато тече.
☝️ Акцијата за косење на тревните површини и уредување на парковското зеленило продолжува и во наредниот период.
Подобрената услуга од комуналните служби ќе резултира со чисти улици и средени паркови, со чиста и зелена Кисела Вода, како што доликува на една модерна општина. ✅