(ВИДЕО) БОЈКОТИРАМ СЕ ИСПОТЕПАА НА СТРИМ НА ТЕМА ПРАВА ЗА ЛГБТ ЗАЕДНИЦА
(ВИДЕО) БОЈКОТИРАМ СЕ ИСПОТЕПАА НА СТРИМ НА ТЕМА ПРАВА ЗА ЛГБТ ЗАЕДНИЦА
(ВИДЕО) ДАРКО ПАНЧЕВ СИ ДОБИ СВОЈА ЕМИСИЈА НА ИНТЕРНЕТ
(ВИДЕО) ДАРКО ПАНЧЕВ СИ ДОБИ СВОЈА ЕМИСИЈА НА ИНТЕРНЕТ
Пандев: Срцето ми е полно, ова е мојот максимум и не можам повеќе!
Пандев: Срцето ми е полно, ова е мојот максимум и не можам повеќе!
И Македонија забрани прелети на авиони од Белорусија, изненадувачки тоа го направи и Србија
И Македонија забрани прелети на авиони од Белорусија, изненадувачки тоа го направи и Србија
ТЕУТА АРИФИ: 200 возразни лица во Тетово ќе завршат средно образование
ТЕУТА АРИФИ: 200 возразни лица во Тетово ќе завршат средно образование
(ВИДЕО) Дваесет најдобри гитаристи на сите времиња
(ВИДЕО) Дваесет најдобри гитаристи на сите времиња
(ВИДЕО) ИГОР ЏАМБАЗОВ ПРВ СТАНАР ВО РЕЗИДЕНЦИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР КОСМОС!
(ВИДЕО) ИГОР ЏАМБАЗОВ ПРВ СТАНАР ВО РЕЗИДЕНЦИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР КОСМОС!
Нови 1.500 метри водоводна мрежа во општина Ѓорче Петров!
Нови 1.500 метри водоводна мрежа во општина Ѓорче Петров!

БРАВО ЗА ПРИЛЕПЧАНИ: Новото детско игралиште со летна училница и забавно-рекреативниот парк, дел од реализираните проекти во ООУ „Рампо Левката“

Во ООУ „Рампо Левката“, наставата во услови на пандемија се одвива според протоколите и алгоритамот добиен од Министерсството за образование и наука.

Во таа насока, во училиштето поставени се патокази, огради за влез и излез, средства за дезинфекција во сите училници и на влезовите во у чилишната зграда, постојано се дезинфицираат училниците, а при влез се пристапува кон мерење на температура. Направен е скалест распоред, со цел учениците да влегуваат наизменично со временско растојание од 10 минути. Оттаму, може да се констатира дека наставата со физичко присуство за учениците од прво до трето одделение, како и наставата од далечина за учениците од четврто до деветто одделение, се одвива без никакви проблеми.

Во изминативе неколку години, во ООУ „Рампо Левката“ и во подрачното училиште во село Селце, инвестирано е во подобрување на инфраструктурните услови и во набавка на наставни помагала, во насока на подобрување на условите за изведување на наставата.

Во соработка со локалната самоуправа и МОН, заменета е старата канализациона мрежа на вториот и третиот кат во тоалетите, реновирани се спортската сала и соблекувалните во училиштето, ставени се во функција видео надзорот и уредот за следење на работното време. Генерално е оспособен подрумскиот простор, каде е заменета водоводната и канализациона мрежа и набавена е потопна пумпа за исфрлање на водите кои надоаѓаат после поројни дождови, а сервисирани се и парните котли кои се наоѓаа во лоша состојба.

„Инвестиравме во уредување на училишниот двор и целосно го сервисиравме системот за противпожарна заштита. Со средства од Општина Прилеп го реконструиравме постоечкото отворено спортско повеќенаменско игралиште, проект вреден 2.440.287 денари, а го реализиравме и проектот за детско игралиште со летна училница и забавно рекреативен парк во југоисточниот дел од дворот на училиштето, чија вредност изнесуваше 300.000 денари, средства обезбедени од МЦМС. Сакам да потенцирам дека на барање на родителите, направивме пренамена и ја оспособивме просторијата на првиот кат за дневен престој и комплетно ја уредивме со нов мебел, за што од буџетот на Општина Прилеп беа издвоени 946.980 денари“, истакна директорката на ООУ „Рампо Левката“, Менче Ациоска.

Аџиоска додава дека училиштето е подновено со 100 нови клупи, 200 столици за ученици и 30 за наставници, на вториот кат заменети се старите дрвени, со нови ПВЦ врати, направена е целосна промена на подовите во сите училници, променети се нефункционалните рефлектори во спортската сала со нови лед рефлектори. Истовремено, во повеќе наврати се инвестира во набавка на наставно-образовни помагала и опремување на кабинетите за изведување на наставата во тек со современите трендови во образовниот процес.

За тековната 2021 година, планирано е довршување на оградата околу училиштето, изградба на атлетска патека, набавка на машина за чистење, реконструкција на системот за парно греење, како и адаптирање на дополнителен влез во делот за учениците од прво одделение.

Целосно реновирани тоалети, изградено повеќенаменско спортско игралиште, комплетна промена на осветлувањето во училиштето со ЛЕД светилки, како и реновирање на системот за греење, се дел од проектите реализирани во изминатите 3 години во ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп.

Директорот на училиштето, Веле Ѓорѓиоски, нагласува дека во изминатиот период училиштето е молерисано, старите дрвени врати од училниците заменети се со ПВЦ, заменети се цевките за довод на вода во должина од 300 метри, направен е нов одвод во должина од 150 метри, а изградена е и обиколна бекатонска патека во должина од 150 и широчина од 4 метри.

„Сите овие проекти се реализирани со средства од локалната самоуправа, соработка која со несмален интензитет продолжува и во тековната 2021 година. За оваа година планирана е набавка на 29 компјутери, за кои тендерот е во завршна фаза, набавка на сите нагледни средства, поставување на реквизити за детско игралиште во училишниот двор, како и инсталирање на систем за обезбедување на техничка вода за системот ‘капка по капка’ и оградување на подрачното училиште во Радобил“, истакна директорот на ООУ „Гоце Делчев“, Веле Ѓорѓиоски.

loading...

AnimeDao animedao mobile: Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Episode 11

4Anime 4anime: The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement Episode 13