“СИТЕ ЗАЕДНО, ЗА БЕЗГРИЖНИ БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ”
Општина Штип, во соработка со општествено одговорни компании од нашиот град, во текот на денешниот ден го реализира проектот “Сите заедно, за безгрижни Божиќни празници”. На 200 семејства во социјален ризик, во соработка со Урбаните заедници, како и со помош на советници од Совет на Општина Штип, поделивме бадникова вечера, која беше обезбедена од бизнис секторот.
Голема благодарност за компаниите:
Јофа текс, ЕАМ, Балекс, Вами, Бау инженеринг, Аџико, Премиум 2008, Коле транс, Грдовјанка, Албатрос, Алмонт, Тас-комерц, Црво експрес, Ивал трејд, Ларс, Атриум, Дрводекор, Андреј компани, Ваго петрол, КИТ-ГО, Зендолино комерц, Нестор-Нецко и Изгрев, кои несебично го помогнаа проектот и сите заедно се задолживме ова да стане традиција на нашиот град!