МОЌНО ВИДЕО КОЕ ЈА НАЕЖУВА КОЖАТА - Визија. Решителност. Победа. 30 години СДСМ со граѓаните!
МОЌНО ВИДЕО КОЕ ЈА НАЕЖУВА КОЖАТА - Визија. Решителност. Победа. 30 години СДСМ со граѓаните!
ТЕМЕЛКОВСКИ: Согласно нашата политика за подеднакво инвестирање во секоја Месна заедница започнавме со рехабилитација на коловозите во 11 октомври, поточно улица Лазар Димитров
ТЕМЕЛКОВСКИ: Согласно нашата политика за подеднакво инвестирање во секоја Месна заедница започнавме со рехабилитација на коловозите во 11 октомври, поточно улица Лазар Димитров
Демократски сојуз: Постепена дигитализација на образовниот процес
Демократски сојуз: Постепена дигитализација на образовниот процес
(ВИДЕО) Заев за 30 години СДСМ: Минатото и сегашноста се нашата сила за одлучни чекори кон иднината, СДСМ е верна и посветена на граѓаните и на државата
(ВИДЕО) Заев за 30 години СДСМ: Минатото и сегашноста се нашата сила за одлучни чекори кон иднината, СДСМ е верна и посветена на граѓаните и на државата
ИКОНАТА НА СДСМ ОДИ ВО ПОЛИТИЧКА ПЕНЗИЈА ПО 30 ГОДИНИ ТЕШКА БЕЗМИЛОСНА БИТКА СО ВМРОНИТЕ - ШЕЌЕРИНСКА: ВРЕМЕ Е ЗА НОВИ КАДРИ, ПОДОБРИ ОД МЕНЕ!
ИКОНАТА НА СДСМ ОДИ ВО ПОЛИТИЧКА ПЕНЗИЈА ПО 30 ГОДИНИ ТЕШКА БЕЗМИЛОСНА БИТКА СО ВМРОНИТЕ - ШЕЌЕРИНСКА: ВРЕМЕ Е ЗА НОВИ КАДРИ, ПОДОБРИ ОД МЕНЕ!
Новинарот Гајдов осуден за клевета против професор Фрчковски
Новинарот Гајдов осуден за клевета против професор Фрчковски
ЧОВЕКОВ САМ СЕ ЗАКОПА - ДРАГИ РАШКОВСКИ ОДИ ВО ПРИТВОР, НАСОЧУВАЛ ДРУГ ОСОМНИЧЕН ДА ЗБОРУВА СТРУЧНО ЗА ДА НЕ ГО РАЗБЕРАТ ОБВИНИТЕЛИТЕ ОТИ БИЛЕ ГЛУПИ
ЧОВЕКОВ САМ СЕ ЗАКОПА - ДРАГИ РАШКОВСКИ ОДИ ВО ПРИТВОР, НАСОЧУВАЛ ДРУГ ОСОМНИЧЕН ДА ЗБОРУВА СТРУЧНО ЗА ДА НЕ ГО РАЗБЕРАТ ОБВИНИТЕЛИТЕ ОТИ БИЛЕ ГЛУПИ
БРАВО - ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Аквадуктот во Скопје доби највисок степен на заштита на културно наследство
БРАВО - ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Аквадуктот во Скопје доби највисок степен на заштита на културно наследство

Бучковски: Во историските комисии да се вклучат и Германци

Специјалниот пратеник Владо Бучковски пред средбите со бугарскиот државен врв денеска и утре даде интервју за бугарскиот 24 Часа во кое поранешниот премиер предлага во историските билатерални комисии со своја работа да се вклучат и германски експерти. Во прилог целосното интервју за денешното издание.

– Проф. Бучковски, што доведе до тензија меѓу Софија и Скопје? Кои се главните разлики меѓу двете земји, што доведе до вето од Бугарија на преговорите за пристапување во ЕУ на Република Северна Македонија?

– Несогласувањата се однесуваат на заедничката историја … Проблем е изгубената доверба …

– Како мислите дека вашето назначување како специјален претставник ќе влијае на билатералните односи? Која е вашата мисија кога ќе дојдете во Софија?

– Очекувам дека моето назначување за специјален претставник ќе биде чекор напред за враќање на изгубената доверба. Ценам дека Бугарија изразува голема почит кон овој мој пост, како што може да се види од моите состаноци на највисоко ниво на 9 и 10 декември во Софија.

– Кои се алатките за акција на обете страни за излез од ќорсокакот?

– Ние бараме заеднички алатки за спроведување на Договорот за пријателство и соработка од 2017 година. Постојат повеќе предлози од наша страна – директориум (мапа на патот), акциони планови во различни области …

– Како течат преговорите во заедничката историска комисија, чиј последен состанок беше во четврток и петок минатата недела? Зошто повторно немаше напредок?

– Работата на заедничката комисија е тешка, таа не е само историска, туку и едукативна. Потребна ни е нова енергија во оваа заедничка интердисциплинарна комисија. Јас лично сум за учеството на германски експерти за да се обезбеди поддршка! Тие имаат најголемо искуство во такви ситуации (германско-француски, германско-полски …).

– Македонските корисници на социјалните мрежи отворено создадоа антибугарски групи. Какви се расположенијата меѓу граѓаните на Северна Македонија кон Бугарите, ако ги земеме настрана политичките и историските разлики?

– Имаме сериозен проблем. Потребна ни е нова стратегија за да ја увериме и јавноста кај нас и кај вас. Ни треба малку повеќе трпеливост!

– Дали сте запознаен со предлогот за излез од кризата на поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев и дали е можно тоа според вас?

– Да, запознаен сум со предлогот на поранешниот претседател Плевнелиев, кого многу го ценам. Ќе го видам лично за да разговарам за неговите идеи.

– Која е причината што од крајот на вашиот мандат како премиер во 2006 година односите меѓу двете земји да не се подобрат многу?

– Со Саксобурготски-Гота (Симеон Саксобурготски-Гота, премиер на Бугарија во периодот 2001-2005 година) и Станишев (Сергеј Станишев, премиер на Бугарија во периодот 2005-2009 година) ги поставивме темелите на искрено пријателство и соработка од 2004 до 2006 година. За жал, изгубивме 11 години за време на владеењето на Груевски.

– Опозициските протести во Скопје бараат оставка од премиерот Зоран Заев, а неодамна и од вас. Дали акциите на македонската опозиција наоѓаат поддршка меѓу граѓаните?

– ВМРО-ДПМНЕ не обвинува за тајни преговори и предавство на земјата, но поголемо дел од нашите граѓани знаат дека ова ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот водач Кристијан Мицкоски шират лажни вести, затоа протестите им се слабо посетени.

– Како се чувствувате – македонски, бугарски или југословенски?

– Се чувствувам како Македонец што зборува македонски … Јас одговарам на вашите прашања на мојот мајчин јазик – македонски. Почитување на нашето право на самоопределување, почитување на нашиот идентитет е нашата црвена линија.

loading...

AnimeTV free anime tv shows: Fire Force Season 2 Episode 24

KissAnime kissanime monster: Watch My Hero Academia 3 (Dub) Episode 9 (https://kissanimeonline.com/m/yZJ6/ep-9)