ЗЛАТКО МАРИН: Се радувам што населбата Лисиче, конечно, по 60 години ќе добие сосема нова и современа училишна зграда
ЗЛАТКО МАРИН: Се радувам што населбата Лисиче, конечно, по 60 години ќе добие сосема нова и современа училишна зграда
СУДОТ МУ ЗАПЛЕНИ МИЛИОНИ ЕВРА НА ГРУЈО - Да му се конфискуваат плацевите на Водно, два стана, градежно земјиште во Центар и две градежни парцели во Крушево, бара обвинителството
СУДОТ МУ ЗАПЛЕНИ МИЛИОНИ ЕВРА НА ГРУЈО - Да му се конфискуваат плацевите на Водно, два стана, градежно земјиште во Центар и две градежни парцели во Крушево, бара обвинителството
(ВИДЕО) КРАЛОТ НА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ, МОМИРОВСКИ ОД АЛФА МУ ИЗМИСЛИ СКАНДАЛ НА МАРИЧИЌ ВО ТУРЦИЈА, ОД ПРАВДА ДЕМАНТИРААТ - ЧИСТА БЕСРАМНА ЛАГА!
(ВИДЕО) КРАЛОТ НА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ, МОМИРОВСКИ ОД АЛФА МУ ИЗМИСЛИ СКАНДАЛ НА МАРИЧИЌ ВО ТУРЦИЈА, ОД ПРАВДА ДЕМАНТИРААТ - ЧИСТА БЕСРАМНА ЛАГА!
МАФИЈАТА ПРЕД КОЛАПС: Обвинителството поднесе обвинение за „Плацовите на Водно“, бара и нов притвор за Камчев
МАФИЈАТА ПРЕД КОЛАПС: Обвинителството поднесе обвинение за „Плацовите на Водно“, бара и нов притвор за Камчев
Од 69-тата седница на Владата: Се формира комитет за продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција
Од 69-тата седница на Владата: Се формира комитет за продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција
ФИЛИПЧЕ НА ДЕНОТ НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ: ДОСЕГА ТРИ ПАТИ ГИ ЗГОЛЕМИВМЕ ПЛАТИТЕ НА МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР!
ФИЛИПЧЕ НА ДЕНОТ НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ: ДОСЕГА ТРИ ПАТИ ГИ ЗГОЛЕМИВМЕ ПЛАТИТЕ НА МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР!
БЕКТЕШИ: СИТЕ ФИРМИ КОИ ЌЕ ГО ЗГОЛЕМАТ БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ ОВАА ГОДИНА МАКАР ЗА 1 ВРАБОТЕН НЕМА ДА ИМААТ ОБВРСКА ДА ГИ ВРАЌААТ ПАРИТЕ КОИ ИМ ГИ ДАВАМЕ КАКО СУБВЕНЦИЈА!
БЕКТЕШИ: СИТЕ ФИРМИ КОИ ЌЕ ГО ЗГОЛЕМАТ БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ ОВАА ГОДИНА МАКАР ЗА 1 ВРАБОТЕН НЕМА ДА ИМААТ ОБВРСКА ДА ГИ ВРАЌААТ ПАРИТЕ КОИ ИМ ГИ ДАВАМЕ КАКО СУБВЕНЦИЈА!
ВЛАДА: НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ЌЕ СЕ ЛЕГАЛИЗИРААТ ДИВОГРАДБИ ВО НАЦИОНАЛНИ ПАРКОВИ И ЗАШТИТЕНИ ПОДРАЧЈА
ВЛАДА: НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ЌЕ СЕ ЛЕГАЛИЗИРААТ ДИВОГРАДБИ ВО НАЦИОНАЛНИ ПАРКОВИ И ЗАШТИТЕНИ ПОДРАЧЈА

БУГАРСКИОТ НОВИНАР КОРИТАРОВ ГИ СТОПИ СРЦАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ: СЕКОЈ НАРОД КОЈ СОЗДАЛ ТАКВА ПОЕЗИЈА СО ПЕСНИ ОД КОИ СЕ ЕЖИШ КАКО ПЕСНИТЕ НА КОЧО РАЦИН, АНТЕ ПОПОВСКИ, БЛАЖЕ КОНЕСКИ, РАДОВАН ПАВЛОВСКИ ЗАСЛУЖУВА ДА ПОСТОИ И ДА БИДЕ ПРИЗНАЕН ОД ЦЕЛ СВЕТ!

– Народ кој создал таква спректакуларна поезија како песните на Рацин, Анте Поповски, Конески, Павловски, песни од кои просто се ежиш кога ги читаш, таков народ заслужува да постои и заслужува да биде признаен од целиот свет!

Новинарот од Бугарија, Ѓорѓи Коритаров со спектакуларен настап на Тв Алфа ги наежи сите Македонци. Браво голем човеку!

Везилка – Блаже Конески

Везилке, кажи како да се роди
проста и строга македонска песна
од ова срце што со себе води
разговор ноќен во тревога бесна?

– Два конца парај од срцето, драги,
едниот црн е, а другиот црвен,
едниот буди морничави таги,
другиот копнеж и светол и стрвен.

Па со нив вези еднолична низа,
песна од копнеж и песна од мака,
ко јас што везам на ленена риза
ракав за бела невестинска рака.

Судбинско нешто се плело за века
од двете нишки, два созвучни збора,
едната буди темница што штрека,
другата буди вкрвавена зора.
2.

Везилке, крени наведена лика,
погледај небо во претпладне златно:
се шари таму и чудесна блика
твојата везба на синото платно.

За тебе нема ни вечерен запад,
ти – морно око на трепетна срна.
Две бои таму ти горат и капат,
две шарки твои – црвена и црна.

Зар не се плашиш од јаркоста нивна,
и најмил спомен дека ќе ти згасат?
Зошто се губиш, ти строга, ти дивна,
дните ти минат, прокоби се гласат.

– И најмил спомен што в душа ми блеска
се гаси од нив ко цвеќе без боја.
Но ти што ловиш звук на чудна песна,
ти си ја кажа судбината своја.

Македонија – Анте Поповски

Еве ја таа проста земја
од дволичен камен
и сонце
Децата уште незаодени каде откопуваат
лобањи по градините
Еве ја таа проста земја
од пајажина
и од води
Мудро слободата кај што ги запишува
селските имиња
Место икони по црквите
И каде летото како судбина
Трае до последниот востанат
Еве ја таа проста земја
од заморено дишење
и од молк
Низ која времето одминува
и пак се враќа
Со неа да го сподели лажното траење.
О, еве ја таа проста земја
од грч
и од чекање
Што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски
А никој не ја знае.

Кочо Рацин – ДЕНОВИ

Како на вратот гердани
ниски камења студени
така на плешки денови
легнале та натежнале

Денови ли се – денови
аргатски маки големи!

Стани си утре порано
дојди си вечер подоцна,
наутро радост понеси
навечер тага донеси –

ај, пусти да е, пуст да би
останал живот кучешки!

Роди се човек – роб биди
роди се човек – скот умри,
скотски цел живот работи
за други туѓи имоти.

За туѓи бели дворови
копај си црни гробови!

За себе само ргај си
за себе маки тргај си –
нижи си гердан денови
нижи си алки ковани,

нижи си синџир железен
околу вратот навезен!

loading...

KissAnime kissanime tower of god: Watch Attack on Titan Episode 11 (https://kissanimeonline.com/m/GM/ep-11)

AniWatch anime: Watch The Promised Neverland Episode 8