Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија

БУГАРСКИОТ ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ ПРЕД 30 ГОДИНИ: НЕ САМО ШТО ПРВИ ЈА ПРИЗНАВМЕ МАКЕДОНИЈА ТУКУ ГИ УБЕДИВМЕ ТУРЦИЈА И РУСИЈА ДА ГО СТОРАТ ИСТОТО ВЕДНАШ ПОСЛЕ НАС!

Бугарскиот политичар и дипломат Стефан Тафров во интервју за бугарската редакција на ДВ, говори за околностите пред 30 години кога Бугарија ја призна Република Македонија

ДВ: Господине Тафров, со оглед на последните настани: Дали е можно 2022 година да биде годината во која Бугарија ќе ѝ даде зелено светло на Северна Македонија за почеток на преговорите за пристапување кон ЕУ?

Стефан Тафров: Можно е, ако секоја земја го изоди својот дел од патот. Бугарија се изјасни под кои услови ќе го стори тоа, а очекуваме решенија од Северна Македонија. Ова е во интерес на двете земји, на Европската унија и тоа би ги попречило плановите за силите кои не се членки на ЕУ да ја забават интеграцијата на Западен Балкан.

Ќе Ве вратам назад 30 години, кога Бугарија беше првата држава која ја призна Република Македонија. Во тоа време бевте заменик-министер за надворешни работи. Како дојде до одлуката од 15 јануари 1992 година?

На средба во Лисабон, земјите членки на ЕУ одлучуваа за признавање на некои од четирите поранешни југословенски републики кои прогласија независност – Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија. Бугарија не можеше да ја остави Македонија сама во оваа ситуација, бидејќи на Германија и на Австрија им требаше рано признавање на Словенија и на Хрватска поради историските врски, додека за Македонија не се зборуваше ништо.

Таму сè уште имаше воено присуство на поранешната југословенска армија под контрола на режимот на Милошевиќ. Во Грција имаше силно незадоволство поради името, а Атина стави вето на признавањето на Македонија од страна на европската заедница. Бугарија како важен регионален фактор мораше да заземе став и да ѝ помогне на Македонија. На оваа тема имавме разговори со премиерот Филип Димитров и со претседателот Жељу Желев. Имаше едно крило во владејачкиот СДС (Сојуз на демократските сили) кое му се спротивставуваше на премиерот Димитров. Дел од него беше и тогашниот министер за надворешни работи Стојан Ганев. Но, во моментот на признавањето на Македонија, Стојан Ганев не беше во земјата, јас ја вршев должноста на министер за надворешни работи.

Немаше ли тогаш повици да му се постават одредени услови на Скопје, за Софија да ја признае независноста на Република Македонија?

Имаше една заедничка грижа за судбината на Македонија. Видовме дека режимот на Милошевиќ е многу агресивен, не знаевме дали тој нема да сака да предизвика крвопролевање. Бевме загрижени поради дипломатската изолација на Македонија од страна на Грција. Сржта на нашето однесување, вклучително и на премиерот и на претседателот, беше сфаќањето дека независна Македонија е многу подобар резултат за Бугарија и за регионот, кој ќе ги реши долгогодишните конфликти на Балканот. Ја видовме и јасната желба на македонските граѓани да изградат своја независна држава. Моравме да го почитуваме тоа, како што ги почитувавме желбите на Словенците, Хрватите и на Босанците.

Имавме чувство дека на тој начин Бугарите ќе испратат порака за пријателство до Македонците, оти се грижиме за нив и дека не сме рамнодушни кон нивната судбина. И дека на овој начин ќе ги разурнеме долгогодишните пропагандни клишеа кои создаваа непријателство кон Бугарија и за време на кралска Југославија и за време на Титова Југославија. Започнуваше нова ера во која Бугарија требаше да влезе со имиџ на земја која размислува за иднината, а не за минатото. Бугарско-грчките односи беа важен фактор, но на крајот донесовме сопствена одлука без да ја земеме предвид грчката позиција. И добро направивме, затоа што нашата одлука ја разбраа и другите членки на ЕУ и САД.

Одлучувачко беше мислењето на комисијата „Бадинтер“ – арбитражната комисија на Европската заедница, која требаше да даде свое мислење за тоа која од четирите поранешни југословенски републики треба да биде признаена. На чело на комисијата беше претседателот на францускиот Уставен суд и поранешен министер за правда Роберт Бадинтер, светла фигура, кој во историјата ќе остане запомнет по укинувањето на смртната казна во Франција. Оваа комисија даде мислење дека треба да се признаат Словенија и Македонија, а не Хрватска, како што се очекуваше. Кога преку мои канали дознав за ова, пред официјално да биде објавена одлуката, и ја соопштив оваа вест во Владата, многу министри станаа и почнаа да се прегрнуваат. Самиот Бадинтер имаше врски со Бугарија и ја советуваше земјата за нашиот нов устав. Тој добро го познаваше претседателот Желев и мене како негов советник. И за време на овие разговори ја споменував и Македонија.

Зошто Хрватска – не, а Словенија и Македонија – да?

Во случајот со Хрватска, проблем беше судбината на големото српско малцинство, а во Македонија немаше таков проблем. Нема да го заборавам моментот кога ја слушнав веста на телефон и ми стана јасно дека немаме причина да не ја признаеме Македонија. Ни беше отворен патот да го постигнеме она што толку силно го посакувавме. Оваа владина одлука беше многу популарна. По децении вештачко отуѓување, мнозинството Бугари сакаа да им порачаат на Македонците: Ние не сме ви непријатели!

Дали навистина претседателот Желев имаше клучна улога и во последователното признавање на Македонија од страна на Турција и на Русија?

Признавањето на нови држави е привилегија на владата и историската заслуга му се падна на Филип Димитров. Владата го овласти премиерот да ја донесе оваа одлука кога ќе му одговара, а тој ја донесе истиот ден, вечерта на 15 јануари 1992 година. Потоа отиде во Народното собрание и соопшти дека Бугарија ги признава сите четири поранешни југословенски републики, со што презема историска одговорност. Тој беше поддржан и од претседателот Желев.

Што се однесува до Турција, ова беше договор кој беше однапред постигнат. За Бугарија беше важно да не остане сама во ова признавање. Со турската страна тоа беше договорено во моите разговори со тогашниот турски амбасадор во Софија, кој дојде во министерството и побара Бугарија да ја признае Босна и Херцеговина, против што во принцип немавме забелешки. Но, побаравме од Турција да ја признае и Македонија. И тие немаа забелешки. Но, мораа да почекаат бидејќи тогашниот премиер Сулејман Демирел беше во посета на Белград и не сакаа да го направат тоа без него. Но, Турција ја следеше Бугарија и не останавме сами на Балканот.

Кога станува збор за Русија, тоа се должи на личната одлука на претседателот Борис Елцин, кој му беше благодарен на претседателот Желев, кој беше првиот шеф на држава, кој, за време на обидот за државен удар во Русија (август 1991 година), му се јави и му ја изрази својата поддршка. Елцин не го заборави тоа и одговори на барањето на претседателот Желев наспроти мислењето на тогашниот руски министер за надворешни работи. Од авионот, полетувајќи од Софија, тој потпиша указ за признавање на Македонија како независна држава. Тоа целосно се должи на претседателот Желев.

Бугарските и македонските елити се приврзани кон стари непријателски ставови, кои го попречуваат зближувањето, вели дипломатот и политичар Стефан Тафров.
Бугарските и македонските елити се приврзани кон стари непријателски ставови, кои го попречуваат зближувањето, вели дипломатот и политичар Стефан Тафров

И покрај овие дипломатски гестови, и покрај Декларацијата за добрососедство од 1999 година и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, двете земји никогаш не успеаја да ги решат несогласувањата и споровите меѓу нив. Каде мислите дека е најголемата грешка на бугарската, а каде на македонската политика?

Од македонска страна сѐ уште постои став дека Бугарија е закана за идентитетот. Има некои неосновани обвинувања дека не дозволуваме граѓаните на Северна Македонија да се определат како Македонци, а нивниот јазик како македонски. Понекогаш тие ги пренагласуваат овие стравови и ја минимизираат добрата волја во Бугарија, која со години постојано помага за зајакнување на македонската државност. На почетокот на 1990-тите, Македонија беше во опасност да биде отсечена од светот бидејќи имаше војна на север, а Грција го затвори Солунското пристаниште на југ. Тогаш Бугарија го отвори пристаништето Бургас за Македонија и во првите години од постоењето на државата, благодарение на Бугарија, Македонија имаше пристап до надворешниот свет. Потоа, за време на косовската криза и владите на Иван Костов во Бугарија и на Љубчо Георгиевски во Македонија, земјите се зближија затоа што Бугарија даде многу сериозна поддршка.

Имаше такви гестови, но Бугарија не направи ништо за изградба на инфраструктурата, економското и човечкото зближување. Сега ги бере горчливите плодови од овие грешки.

На човечко ниво, односите се, се разбира, добри. Секој Бугарин кој отишол во Северна Македонија и секој Македонец кој дошол во Бугарија знае дека ќе биде добро примен. Но, елитите често се врзуваат за старите ставови на непријателство кои не дозволуваат односите меѓу двете независни држави да се движат во насока на зближување, како што е редно за две толку блиски земји.

Стефан Тафров е бугарски политичар и дипломат. Тој е поранешен амбасадор на Бугарија во Обединетите нации, Германија и во Франција. Беше и заменик-министер за надворешни работи и советник за надворешна политика на поранешниот бугарски претседател Жељу Желев.

loading...

https://go88.gg/

sunwin mới nhất cách soi cầu tài xỉu sunwin Tải Sunwin APK IOS 2022 mới nhất | Đánh giá cổng game SUNVN