ЦЕНТАР ЌЕ ИЗДАВА И ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ НАДВОР ОД ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
ЦЕНТАР ЌЕ ИЗДАВА И ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ НАДВОР ОД ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Креираме нови и добро платени работни места, две нови инвестиции во Битола до крајот на годината
Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Креираме нови и добро платени работни места, две нови инвестиции во Битола до крајот на годината
Вучиќ на 28 и 29 јули на Економски форум во Скопје
Вучиќ на 28 и 29 јули на Економски форум во Скопје
СКОПЈЕ ДОБИВА ЛЕГАЛНИ ЅИДОВИ ЗА СЛОБОДНО КОРИСТЕЊЕ НА УЛИЧНИТЕ УМЕТНИЦИ
СКОПЈЕ ДОБИВА ЛЕГАЛНИ ЅИДОВИ ЗА СЛОБОДНО КОРИСТЕЊЕ НА УЛИЧНИТЕ УМЕТНИЦИ
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на стартот на реконструкцијата на патот преку националниот парк „Галичица“: После 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на стартот на реконструкцијата на патот преку националниот парк „Галичица“: После 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид
СПАСОВСКИ: Кога ја презедовме власта одлучивме храбро да ги решавме проблемите, наместо да владееме популистички
СПАСОВСКИ: Кога ја презедовме власта одлучивме храбро да ги решавме проблемите, наместо да владееме популистички
БРАВО - Од понеделник започнува закажување вакцинација во домашни услови
БРАВО - Од понеделник започнува закажување вакцинација во домашни услови
ТРАГЕДИЈА ВО ХРВАТСКА: Десетмина загинати и 45 повредени во несреќата на косовскиот автобус кај Славонски Брод
ТРАГЕДИЈА ВО ХРВАТСКА: Десетмина загинати и 45 повредени во несреќата на косовскиот автобус кај Славонски Брод

ЧАДИКОВСКИ: Денес слободата на говорот за разлика од пред 5 или 6 години е многу поголема, и затоа не треба да се експериментира со враќање на владините пари за кампањи во медиумите

Не треба да се експериментира со враќање на владините пари за кампањи во медиумите, вели претседателот на ЗНМ.

Битка против видлива или суптилна цензура, битка против притисоци и зависност од политички или бизнис центри на моќ, против лажни вести, против закани и притисоци, против непожелни и неодговорени прашања. Сите овие прашања се поврзани со новинарската професија која во календарот има свој ден: Трети мај, светски ден на слободата на медиумите. Утврден е со одлука на Генералното собрание на ОН во 1993 година, за да ги потсети владите на државите дека се должни да го почитуваат и поддржуваат правото на слобода на изразување загарантирано со членот 19 од Универзалната декларација за човекови права.

Патот до медиумската слобода не е лесен. Зависи од истрајноста, професионалноста и етиката на новинарите, но и од начинот на кој општеството и политичките елити го разбираат третманот на теми од јавен интерес и слободата на изразување. Во какви услови и со какви оценки македонските медиуми ќе го одбележат овој ден? Одговор побараме од претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) Младен Чадиковски. Тој лоцира три причини кои во моментов влијаат врз слободата на изразувањето на новинарите.

„Првата е немањето правда за новинарите. Неказнивоста на насилниците и натаму е голема, а воедно годинава имавме и неколку отфрлени тужби за насилствата против новинарите случени на 27-ми април 2017 година, што е скандалозно само по себе. Говори за негрижата на државата за носителите на оваа професија, на која се гледа само како на нужно зло. Се надеваме дека годинава конечно ќе бидат донесени измените на Кривичниот законик, со кој напад врз новинар ќе се смета за напад врз службено лице, на што инсистиравме и одржавме неколку состаноци со Министерството за правда”, вели Чадиковски.

Според најавите од Министерството за правда, тоа наскоро би требало да стане реалност. Оттаму тврдат дека измените на Кривичниот законик се направени и испратени во Владата. По завршувањето на периодот за забелешки ќе бидат изгласани од Владата и се очекува во втората половина на мај треба да се најдат пред пратениците за гласање.

Фонд за слободни медиуми
Покрај закани, насилства и напади врз новинарите, она што ја еродира независноста и слободата на новинарите најчесто е поврзано со финансирањето на медиумите, или како што вели Чадиковски, проблематичниот медиумски пазар.

„Пазарот е мал, недоволно атрактивен и не остава простор за развој на независно новинарство, туку за новинарство кое зависи од политички или бизнис центри на моќ. Оттаму се јавува и тенденција за зголемување на јавните пари во медиумите, што најчесто е поттикнато и од дел од самите медиуми. Но, слободата на медиумите и јавните пари во нив, не одат рака под рака, за тоа најдобро говори сега веќе далечната 2009 година, кога почна драматичниот пад во медиумските слободи. Тоа се случи откако државата истури пари за кампањи во медиумите и ја купи наклонетоста на газдите и дел од уредниците. Не би сакале ова да ни се повтори сега преку некој сличен модел“, дециден е Чадиковски.
Според негова оценка денес слободата на говорот за разлика од пред 5 или 6 години е многу поголема, и затоа не треба да се експериментира со враќање на владините пари за кампањи во медиумите.
„Инсистираме на создавање на Фонд за слободни медиуми, преку кој ќе се поддржуваат проекти од јавен интерес, за новинарски продукти, преку кој ќе се овозможи финансирање проекти за истражувачко, аналитичко новинарство, за документарна, образовна, едукативна содржина. Вака, најпрактично би се помогнало новинарството, а ќе се влијае и на подобрување на примањата на новинарите и медиумските работници. Новинарството сѐ уште не може да се опорави од таа дисторзија на пазарот пред десетина години. Не треба да се носат решенија што ќе резултираат со траен клиентелистички однос на државата и медиумските газди, и затоа нудиме модел кој нема да ја загрози слободата, напротив, ќе донесе креатива и истражувачки стории“, вели претседателот на ЗНМ.

Како трета причина што влијае на состојбите го посочува фактот што во Собранието од минатиот состав, долго време опозицијата го блокирала изборот на советите на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и МРТВ.

„Се надеваме дека сега лекцијата е сфатена и дека преку двотретински модел ќе се изберат професионалци за овие тела. Преку јавниот сервис може да се изврши сериозен притисок за зголемување на стандардите во професијата, од секој аспект, за да се наметне како информативен лидер на пазарот кој би го следеле и останатите приватни медиуми“, смета Чадиковски.
Според најновиот извештај на „Репортери без граници“, објавен минатиот месец, Северна Македонија во 2020 година од 92. се искачи на 90. место во глобалниот индекс. Во споредба со земјите од соседството, полошо е пласирана од Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, а подобро од Србија, Црна Гора и Бугарија. Но, иако земјата бележи благ напредок, таа се соочува со критики за заканите и нападите кон новинарите и медиумите.

Борел: Слободата на медиумите е сè уште под закана
По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, вчера се огласи високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. Тој потенцира дека слободата на медиумите е камен-темелник на демократското општество, кое може да напредува само доколку граѓаните имаат пристап до сигурни информации, а слободата на медиумите значи безбедност за сите.

„Во време кога независното и слободно известување за медиумите е поважно од кога било, слободата на медиумите е сè уште под закана. Новинарите продолжуваат да имаат тешки работни услови со зголемен финансиски и политички притисок, надзор, арбитрарни затворски казни или се изложени на насилство заради вршење на својата работа”, се вели во изјавата на Борел објавена од Европската служба за надворешно дејствување (ЕЕАС).

Повеќе: Европа и борбата за слобода на медиумите
Во неа се посочени податоците од УНЕСКО, според кои, од 2020 година се убиени 76 новинари, додека многу се апсени, малтретирани или биле под закани.
„Посебно е загрижувачко насилството на родова основа насочено кон новинарките“, посочува Борел.
Тој потенцира дека слободата на информирање и слободата на говорот мора да бидат промовирани и заштитени насекаде.
„ЕУ ќе продолжи да се спротивставува на какви било ограничувања на слободата на изразување и цензура“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

извор: Дв

loading...

AnimeTV japanese anime tv shows: Watch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub) Episode 3

ANIMEFLIX death note animeflix: Death Note (Dub) Episode 37