Град Скопје деновиве интензивно работи на чистење и уредување на двете страни на кејот на реката Вардар, со цел овој дел од градот да добие еден нов лик. Со градежна механизација и екипи од сите јавни претпријатија покрај кејот се чисти и коритото на Вардар на потегот од мостот кај луна паркот до зградата на Македонската телевизија. Најпрво се работи на левата страна на реката, а потоа механизација и екипите ќе се префрлат и од десната која е многу повеќе користена од граѓаните.
Се чисти каменот и коритото на реката, пешачката патека на кејот, се корнат гранки, треви и грмушки со кои е обраснат овој дел од градот, се кастрат дрвјата, се уредува зеленилото и се чисти ѓубрето.
Откако ќе заврши уредување на кејот во централното градско подрачје ќе се продолжи кон населбите Влае и Ново Лисиче.
