Другари Социјалдемократи како долгогодишен активист на СДСМ носител на многу партиски и понекоја Опшествена функција ќе си земам за право да упатам АПЕЛ до централното раководство нс СДСМ Претседателот Ковачевски како и до сите Општински раководства на СДСМ.
После тешкиот пораз на последните локални избори кои си го заслуживме и сами си го одработивме со нашето лошо владеење и неработење поминаа повеќе од 6 месеци, во овие шест месеци активистите успешно ги одработија внатрепартиските избори на кој избравме нов Претседател на партијата ново централно и нови Општински раководства,значи како и секогаш досега си ја извршија својата задача НО, секогаш има едно НО, дали раководството си ја врши работата и дали си ги заборави своите најверни членови и активисти?
Половина година после поразот активистите кои извисија поради лошото работење на нашите Градоначалници,Директори на јавни и државни претпријатија шефови раководители се сосема заборавени,некои одат на работа и веќе неколку години ги чекаат нивните решенија а некои уште полошо седат дома без никакви примања и чекаат партијата да им се оддолжи за нивната работа и за се што направиле за СДСМ а одговорот од централата е НЕМА СОГЛАСНОСТИ.
Другари од централата јас да ве прашам КОЈ ГИ ДАВА СОГЛАСНОСТИТЕ владата која ние ја избравме и ја поддржуваме или можеби вмро?
Претседателе Димитар Ковачевски и централно раководство немојте по трет пат да ја направиме истата грешка ДА ПРАВИМЕ ДРЖАВА А ДА СИ ЈА РАСТУРИМЕ ПАРТИЈАТА ете тоа е ПРОКЛЕТСТВОТО на СДСМ после секое владеење на вмро начекуваме разнебитена и ограбена држава ја креваме на нозе ја стабилизираме ама си ја растураме Партијата поради тоа што си ги забораваме најголемите активисти.
Владата има пари за сите, за фирми за земјоделци,лекари судии учители јавна администрација но нема СОГЛАСНОСТИ за своите активисти кои се заборавени резигнирани.Со незадоволна партиска војска нема активност нема победи и нема подем на партијата,ќе излеземе успешно од оваа криза која е најголема во последниве педесетина години но немојте да излезиме со осакатена партиска војска без која нема победа на следните избори.
Претседателе Ковачевски стегнете ја партијата обезбедете ја војската, на нашите другари функционери кои имаат лукративни цели и намери и на кои им лепи рачето заблагодаретему се, нека заигра метлата онаа што ЗАЕВ ја најавуваше неколку пати не ја употреби и таа го замети него,не правете ја неговата грешка расчистете со корупцијата прво во нашите редови и насекаде бидејќи на народот му е збоктисано од арамии и нечесни.
На крајот апел и до сите Општински раководства.
Другари избрани сте да се борите и да ги штитите активистите членовите и поддржувачите на СДСМ не чекајте милостина(СОГЛАСНОСТИ) од централата туку самите изборете се за нив,така ќе ја оправдате довербата која ви е дадена.
Звонко Јовановски