Членовите на Извршниот Одбор на Партијата за Движење на Турците – ТХП, Џабир Доко и Елвин Хасан остварија низа средби во Анкара.
Делегацијата го посети градоначалникот на градот Анкара, Мансур Јаваш, а исто така во Големото народно Собрание на Република Турција имаа средби со повеќе пратеници од Републиканската народна партија.
На средбите се разговараше за политичките и општествените случувања во нашата земја, а воедно беа разменети идеи за реализација на активности кои се значајни за турската заедница и граѓаните на Република Северна Македонија.