ЧЛЕНОВИТЕ НА СДСМ ЗГРОЗЕНИ ОД ЗЛОБАТА КОЈА ЈА ПОКАЖУВА БЕНИ ШАЌИРИ КОН ШИЛЕГОВ – ТОЈ ЦЕЛИ 10 ГОДИНИ ПЕЕ НА СИТЕ КАМПАЊИ НА СДСМ ЗА ШТО ИМА НАПЛАТЕНО СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ЕВРА

Членовите и симпатизерите на СДСМ се згрозени од нивото на омраза и гнев на Бени Шаќири кон Петре Шилегов.

– Овие локални се важни за СДСМ, пораз во Скопје ќе значи кревање на Груевци а Бени Шаќири плука по Петре повеќе и посилно од Данела. Злобата и личниот гнев кои ги покажува кон Петре се необјасниви. Човекот 10 години пее на митинзи на СДСМ за што има заработено повеќе стотини илјади евра и сега само затоа што не стана директор на МКЦ одеднаш се однесува како наш најголем непријател и душман – коментираат членови на СДСМ.

Апсурдот да биде поголем, Бени работи и против својата сестра Нора Шаќири која стана директор на театар Комедија, со падот на СДСМ од власт, таа ќе го изгуби тоа место и ќе биде пак невработена како што беше со години пред СДСМ да и ја даде таа функција.

– Бени заслепен со омраза и гнев ем и прави штета на својата сестра ем си прави штета на себе со тоа што плука во бунарот од каде пиел вода 10 години и тоа многу солидно во огромни суми на пари, зошто му требаше сево ова?!?! Тој беше икона на СДСМ, сега за само 1 месец непресметан гнев и ароганција си ја уништи кариерата, зарем мисли дека ќе може да живее како порано во земјава од обични тезги на кои ќе ги пее песните на екс ју рокерите?! – коментираат во СДСМ.

– Изборите ќе поминат, Бени може ќе ни откине неколку илјади гласачи, но победата на Шилегов ќе биде сигурна, потоа тој долги години ќе пробува да ја поправи оваа црна дамка и ќе бара прошка од симпатизерите на СДСМ, но никој нема да ги заборави неговите испади на тв дебатите каде Данела цело време го следеше со коментар – СЕ СОГЛАСУВАМ ПОТПОЛНО СО БЕНИ ШАЌИРИ?!?!

Дали е Бени новата Солза Грчева? Дали ќе стане нова музичка икона на ВМРО ДПМНЕ? Ако Бени се чувствува пријатно во тоа друштво, нека му е со среќа…