Познатата текстилна конфекција „Вабо“ од Штип од 1 јануари ќе мине во раце на работниците во чие име ќе раководат Тања Николова, дипломиран технолог со долгогодишен работен стаж во компанијата и Дарко Роглев, референт по извоз.
Мојата одлука ја кажав на вчерашниот состанок со работниците на кој воедно ги претставив Николова и Роглев. Фабриката ја дадов на користење на работниците, вклучувајќи ја и целата опрема за што во првата година ќе бидат ослободени од плаќање на надоместок, а од втората година ќе плаќаат минимална кирија за 1.250 метри квадратни производствен простор под услов конфекцијата да работи со добивка, во што не се сомневам, вели Ване Богдов, кој пред 25 години ја започна успешната приказна во животот и во развојот на конфекцијата „Вабо“, за истокпрес.мк
Се што ќе спечалат работниците ќе биде во нивна корист и за нивно добро, вели Богдов кој објасни и за причините поради кои се одлучи на ваков, за македонски услови, изненадувачки потег.
Во ова сум цели 32 години и почувствував дека во мене го снемува мотивот за работа. Моите две деца не сакаат да се занимаваат со конфекциско производство, воден од примарната цел за нашите 130 работници да можат да работат и да остваруваат пристојна плата, се одлучив на ваков чекор. Убеден сум дека работниците и новите раководители, во новонастанатиот амбиен ќе внесат нова енергија и за првите три до шест месеци (март-јуни 2022 година) ќе го зголемат производството за најмалку пет проценти што, секако, ќе се одрази и на нивните плати, појаснува Богдов.
Богдов, сепак, не ја отстапува сопственоста врз фабриката на работниците, туку ја предава на користење, а во наредниот период ќе остане да помага во изнаоѓање на пазари за пласман на производите преку неговите деловни партнери од Западна Европа
„Им ветив дека со врските што ги имам со деловниот свет во Западна Европа, без никаков надомест за себе, ќе обезбедувам работа на еден подолг временски рок. Тоа е гарант дека редовно ќе земаат плата, зашто работа има за многу години, вели Ване Богдов.
Но ова е сепак многу чуден потег, менаџирањето на голема компанија со многу вработени е многу тешко, не е тоа ич наивна и лесна работа. Затоа овие работници да имале знаење нерви и капитал и знаење ќе биле газди а не текстилни работници, Ова наликува на она САМОУПРАВУВАЊЕ во време на комунизмот и во раните 90-ти а се знае како тоа ќе заврши со стечај и со сите работници на улица.
Секоја фирма си бара газда и менаџер кој ќе ја носи одговорноста и сите одлуки и ќе стави ред ќе одреди висина на плати ќе најде извоз ќе најде материјали и услови за работа ќе се грижи за дисциплината за продуктивноста ќе инвестира во нова опрема, со оваа одлука оваа фирма е осудена на смрт прашање не е дали ќе умре туку кога ќе умре. Тоа е за жал правилото на пазарниот систем односно капитализмот, сите други системи на водење бизнис пропаднале преку билдање долгови, високи цени на продуктите и сервисите лош пласман и на крај банкрот и стечај, така пропаднаа СССР и СФР Југославија и затоа трпат за леб во Куба и Северна Кореја, комунизмот е само добра замисла на хартија но тоа е утопија во реалноста тоа не проаѓа затоа што само капитализмот дава резултати се друго е само утопија затоа што само капитализмот е реален и го посматра човештвото со реални очи и не фантазира а во реалниот свет има мрзливи и некадарни и неспособни работници кои вреди да ги имаш во фирмата и треба да им дадеш отказ а тоа е незамисливо во комунистичката утопија каде сите луѓе се вредни и добродушни што не е точно.