Кацарска на онлајн состанок на Конференцијата на европски уставни судови
Кацарска на онлајн состанок на Конференцијата на европски уставни судови
(ВИДЕО) ТРАЈКО СЛАВЕВСКИ: ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ТРЕБА ДА ГО ПРОМЕНИ ОДНОСОТ КОН ЈАВНОСТА
(ВИДЕО) ТРАЈКО СЛАВЕВСКИ: ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ТРЕБА ДА ГО ПРОМЕНИ ОДНОСОТ КОН ЈАВНОСТА
Средба Ковачевски со амбасадорката на Црна Гора, Петровиќ: Регионот ги унапредува односите и е од геополитичко значење за ЕУ, којашто е на потег
Средба Ковачевски со амбасадорката на Црна Гора, Петровиќ: Регионот ги унапредува односите и е од геополитичко значење за ЕУ, којашто е на потег
Средба на претседателот Пендаровски со црногорскиот премиер Абазовиќ
Средба на претседателот Пендаровски со црногорскиот премиер Абазовиќ
(ВИДЕО) ЕУФОРИЈА ВО КАВАДАРЦИ: ФК ТИКВЕШ ВЛЕГУВА ВО ПРВАТА ЛИГА
(ВИДЕО) ЕУФОРИЈА ВО КАВАДАРЦИ: ФК ТИКВЕШ ВЛЕГУВА ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсовска – Алтај: Потпишан значаен договор за соработка меѓу Скопје и турскиот град Конја
Арсовска – Алтај: Потпишан значаен договор за соработка меѓу Скопје и турскиот град Конја
Средба во Давос на претседателот Стево Пендаровски со нобеловецот по економија Џозеф Штиглиц
Средба во Давос на претседателот Стево Пендаровски со нобеловецот по економија Џозеф Штиглиц
(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски на панел сесијата „Одржувањето на безбедноста во Европа“ на Светскиот економски форум во Давос
(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски на панел сесијата „Одржувањето на безбедноста во Европа“ на Светскиот економски форум во Давос

Царовска го посети Фармацевтскиот факултет при УКИМ каде МОН инвестира 20 милиони денари за развој на научните лаборатории

Фармацевтскиот факултет при УКИМ е една од високообразовните установи на кои преку повик на МОН им се одобрени средства за унапредување на условите за работа во лабораториите и за обезбедување на повеќе можности за научните и истражувачките работници. Речиси 20 милиони денари факултетот ќе искористи за набавка на нова опрема и за воведување на неколку нови методи во работењето на 5 лаборатории односно центриза анализа во негов состав.

За ова денес информираше министерката за образование и наука Мила Царовска откако го посети факултетот и одржа состанок со раководството на кој се разговарашедетално за начинот на кој ќе биде искористена финансиската поддршка која етапно ќе се исплатува во следните две години.

„Од разговорите со раководството на факултетот, средствата им се од особена важност бидејќи со години од државата не добивале никаков буџет за оваа намена, а сега ќе имаат можност да ги опремат лабораториите, да ги зајакнат услугите во делот на контролата и утврдување на фалсификувани лекови, ќе ја унапредат постапката за анализа на природни производи и така натаму. Драго ми е што излегуваме во пресрет и најавувам дека оваа поддршка уште повеќе ќе се интензивира во следниот период“, рече Царовска.

Министерката истакна дека намерата на МОН и на Владата е да се вложува во апликативна наука од која корист има целото општество.

„Наша интенција е континуирано зголемување на буџетот за наука. Ако пред 3 години имавме буџет од 250 милиони денари, оваа година имаме речиси двојно повеќе и тие не стојат неискористени. Се распределуваат и вложуваат. Само во текот на минатиот месец преку повикот кој го споменав, за доделување на средства за јакнење на лабораториските ресурси, ќе распределиме 224 милиони денари за 44 проекти, додека со друг повик за поддршка на реализација на научно – истражувачки проекти од страна на јавните научни институти, ќе се искористат 19 милиони денари“, потенцираше Царовска.

Но, она што е особено важно, како што рече, е што освен директно во услови за работа и во финансирање на научни проекти, МОН и Владата делуваат и од друг аспект – обезбедување на млад кадар кој ќе се занимава со наука во иднина.

„Во таа насока, за прв пат оваа година воведовме и стипендии за трет циклус на студии за одредени дефицитарни струки. Доделуваме 15 стипендии од по 18.000 денари за 12 месеци во годината, а ги вративме по цела една деценија и стипендиите за постдипломски студии во државата и доделуваме 50 стипендии од по 9.000 денари за 9 месеци во годината, за области каде постои дефицит на кадар“, рече министерката, додавајќи дека државата нема друга опција, освен да вложува во знаењето на граѓаните, во иновации, во научни проекти и само така да станеме конкурентна земја во меѓународни размери.

loading...

https://aniwatch1.com/. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

AniWatch Attack on Titan Season 3 (Dub)

ani watch How a Realist Hero Rebuilt the Kingdom

Demon Slayer: Entertainment District Arc

That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) Episode 18

dubbed anime Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!!