(ВИДЕО) ИСТОРИСКА УТАКМИЦА: ЦРВЕНА ЅВЕЗДА СО НАШИОТ КИРИЛ ДОЈЧИНОВСКИ ГО ПОБЕДУВА ЛИВЕРПУЛ 3 СПРЕМА 1 НА ЕНФИЛД ПРЕД 45 000 ПУБЛИКА!
(ВИДЕО) ИСТОРИСКА УТАКМИЦА: ЦРВЕНА ЅВЕЗДА СО НАШИОТ КИРИЛ ДОЈЧИНОВСКИ ГО ПОБЕДУВА ЛИВЕРПУЛ 3 СПРЕМА 1 НА ЕНФИЛД ПРЕД 45 000 ПУБЛИКА!
(ВИДЕО) ПИКСИ: НАМЕСТО ЈАС ДА ДАДАМ ГОЛ, ПОУБАВО МИ БЕШЕ НА ДУШАТА ДА МУ НАМЕСТАМ НА ПАНЧЕВ ДА ЗАБИЕ ГОЛ, АМА ТОЈ ПА СЕКОГАШ МИ ВИКАШЕ ФАЛА ЗА АСИСТЕНЦИИТЕ
(ВИДЕО) ПИКСИ: НАМЕСТО ЈАС ДА ДАДАМ ГОЛ, ПОУБАВО МИ БЕШЕ НА ДУШАТА ДА МУ НАМЕСТАМ НА ПАНЧЕВ ДА ЗАБИЕ ГОЛ, АМА ТОЈ ПА СЕКОГАШ МИ ВИКАШЕ ФАЛА ЗА АСИСТЕНЦИИТЕ
КОМЕДИЈА ДЕЛ АРТЕ НА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА БОНЕВА И ПАТАРИНИТЕ: Удар во зајак и куче, исечени гуми, обиди да ја истуркаат од патот: 9-те сообраќајки на Бонева
КОМЕДИЈА ДЕЛ АРТЕ НА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА БОНЕВА И ПАТАРИНИТЕ: Удар во зајак и куче, исечени гуми, обиди да ја истуркаат од патот: 9-те сообраќајки на Бонева
ПАДНА ДОГОВОР: АРМИСКИТЕ И ПОЛИЦИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ЌЕ СЕ РЕНОВИРААТ СО НАЈСОВРЕМЕНА ОПРЕМА ВО ЧЕШКА
ПАДНА ДОГОВОР: АРМИСКИТЕ И ПОЛИЦИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ЌЕ СЕ РЕНОВИРААТ СО НАЈСОВРЕМЕНА ОПРЕМА ВО ЧЕШКА
ЛЕТЕЧКАТА АМЕРИКАНСКА ТВРДИНА AC-130 НАОРУЖАНА СО МИТРАЛЕЗИ РАКЕТИ И БОМБИ ДЕНЕСКА СИМУЛИРАШЕ ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА НА ВОЕНИОТ ПОЛИГОН КРИВОЛАК
ЛЕТЕЧКАТА АМЕРИКАНСКА ТВРДИНА AC-130 НАОРУЖАНА СО МИТРАЛЕЗИ РАКЕТИ И БОМБИ ДЕНЕСКА СИМУЛИРАШЕ ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА НА ВОЕНИОТ ПОЛИГОН КРИВОЛАК
БОГДАНОВИЌ ПОДЕЛИ 150 ТОПЛИ ОБРОЦИ ХРАНА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ РАМАЗАН БАЈРАМ
БОГДАНОВИЌ ПОДЕЛИ 150 ТОПЛИ ОБРОЦИ ХРАНА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ РАМАЗАН БАЈРАМ
(ВИДЕО) Одиме на Европско првенство: Промовиран спотот за македонската химна за ЕВРО 2021
(ВИДЕО) Одиме на Европско првенство: Промовиран спотот за македонската химна за ЕВРО 2021
МИЦКОВСКИ, НАРОДОТ БРУТАЛНО ЌЕ ВЕ КАЗНИ НА ИЗБОРИТЕ ЗА СИТЕ БОЈКОТИ ВО СОБРАНИЕТО СО КОИ БЕСРАМНО ГО ВЛОШУВАТЕ ЖИВОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ!!!
МИЦКОВСКИ, НАРОДОТ БРУТАЛНО ЌЕ ВЕ КАЗНИ НА ИЗБОРИТЕ ЗА СИТЕ БОЈКОТИ ВО СОБРАНИЕТО СО КОИ БЕСРАМНО ГО ВЛОШУВАТЕ ЖИВОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ!!!

Царовска: Со стипендии ќе ги поддржиме стручните профили што ги бара пазарот на труд

Профилите кои ќе се изучуваат во средното стручно образование ги прилагодуваме на потребите на реалниот сектор, со што го осовременуваме образованието, а со политиките за стипендирање на учениците од техничките струки ќе го поттикнеме изборот токму на оние кои ќе им овозможат поголема вработливост на младите. Ова го рече министерката за образование и наука Мила Царовска во Кавадарци, каде продолжија консултациите за потребата од отворање на нови профили и паралелки во средните стручни училишта низ државата, од идната учебна година. На средбата присуствуваа градоначалниците на Кавадaраци и Неготино, Митко Јанчев и Тони Делков, претставници на средните училишта, на локалните компании и на стопанските комори.

„Овие средби се организираат под мотото ‘Учи паметно, работи стручно’ и со поддршка на Швајцарската амбасада. Идејата е заеднички, преку социјален дијалог, да утврдиме кои се профилите коишто ќе се отворат за запишување на ученици во средните стручни училишта во училишната 2021/2022 година. Досега одржавме три средби, ова е четврта и тие покажаа дека компаниите имаат потреба да дискутираат и со Министерството и со општините и со средните училишта и дека со модуларното поставување на средното стручно образование може да се направат комбинации за да можат профилите да служат на повеќе компании“, изјави министерката Царовска.

Со овој начин само го спуштаме дијалогот на локално ниво, за да ги утврдиме потребите и да ги сервисираме, додаде Царовска, посочувајќи дека со воспоставување паралелки со дуално образование или одреден период од образованието да се поминува во компанија, а одреден во училиште, ќе добиеме квалификувана но и мотивирана работна сила.

„Очекувам на крајот од сите дебати, училиштата до МОН да испратат барања за отворање на профилите коишто биле утврдени на овие средби и тие да станат реалност во наредната училишна година“, изјави министерката.

Градоначалникот на Кавадарци, Јанчев рече дека очекува преку дебатите да се согледаат реалните потреби од квалификуван стручен кадар за овој регион, кој ќе кореспондира со потребите на пазарот на трудот.

„По направените анализи и по завршувањето на овие дебати ќе се добие реална слика за потребите од нови профили на кадри како и потреба да има доквалификување на постоечките во овие гранки од бизнис секторот каде што е потребно. За ова прашање голема е улогата на стопанските комори, кои всушност треба да бидат поврзување на образованието со бизнис секторот“, изјави Јанчев.

Локалната самоуправа на Неготино веќе стапила во контакт со голем дел од компаниите со цел да добие јасна визија каде треба да се движи општината во делот на образованието, рече градоначалникот Делков, укажувајќи дека ваквото предвремено увидување на потребите на бизнис секторот ќе даде плод во наредните години.

Министерство за образование и наука

loading...

KissAnime haikyuu kissanime: JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable (https://kissanimeonline.com/m/e83) Episode 39

WCOStream watch anime online: Jujutsu Kaisen (TV) (Dub) (https://wcostream.cc/m/kPLY) Episode 19