Пред просторијата во која е српскиот ас има двајца полицајци.
Ѓоковиќ пристигнал во Мелбурн околу 30 минути пред полноќ (временска разлика 10 часа) за да учествува на претстојниот Австралија опен, кој започнува на 17 јануари. Српскиот ас добил медицинско ослободување од стручен медицински тим, но локалните власти одбиле да му издадат виза.
Царината наводно нашла проблем во визната документација, а по барање државата Викторија да го одобри неговото барање, тие го одбиле, па Новак неколку часа поминал на испрашување, а на крајот во притвор.
Како што пренесуваат австралиските медиуми, со Новак се разговарало до 1:15 часот по полноќ по локално време, а потоа најдобриот тенисер на светот бил ставен во притвор, каде што го обезбедуваат двајца полицајци.
Постојат две сценарија со кои би завршила оваа драма. Едното е властите да одобрат влез на Новак во земјата и со тоа да учествува на турнирот, а другото да го депортираат, односно да го вратат со авион.
Одлуката е во рацете на министерот за имиграција Алекс Хок.
Повеќе од очигледно е дека Новак е многу тврдоглав и не ги слуша советите на своите тренери, агенти, адвокати, менаџери итн итн…Кога би ги слушал одма би се вакцинирал, ова е ужасен ПР за светскиот тенисер број еден, сега сите спонзори ќе го напуштат, ниој нема да сака да се поврзува со еден анти ваксер. Значи Новак ај што е себичен и не се грижи за народот и пандемијата, во моментов директно работи протов себе само поради балкански инает и простоќа.