Не додржаа копитата да ни ја расипат заедничката прослава. Излегоа на плоштад и рикаа: „кој не скока тој е шиптар“, „мртов шиптар-добар шиптар“ и други гнасотии, што немаат врска ниту со спортот, ниту со тимот што и ја донесе оваа победа на земјата. Меѓу нив, се препознаваат активисти и поддржувачи на една фашистичка партија.
За среќа, порано беа стотици, сега се само неколку десетици идиоти. Да бевме држава како што треба, после вакви повици, полицијата веднаш ќе ги собираше по марици.
Очигледно, имаме уште работа додека не станеме нормална држава!