Во текот на денешниот ден извршив увид во целосно реновираните простории на Регионалиот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово, во чиј склоп се наоѓа и регионалната канцеларија за проектот Е112 (единствен повикувачки европски број за итни ситуации).
Притоа, се сретнав со вработените во регионалниот центар и со имплементаторите на проектот од Унгарија и заедно со нив се запознав со функционалноста и адаптациите предвидени за работа на РЦУК Тетово.