(ВИДЕО) МАКЕДОНЦИТЕ ВО ХАЛКИДИКИ ЗАЧУДЕНИ КОЛКУ СЕ ЗАЕВИ СКРОМНИ: ЛЕТУВААТ ЗАЕДНО СО ОБИЧНИОТ НАРОДОТ НА ЕФТИНА ПЛАЖА ВО ПЕФКОХОРИ НА ПРВИОТ КРАК, НЕ СЕ НА ЕГЗОТИЧНИ ДЕСТИНАЦИИ КАКО МИКОНОС, МАЛДИВИ, ЕГИПЕТ, КУБА, СЕЈШЕЛИ

БРАВО - НОВИ ГРАДИНКИ ВО КИСЕЛА ВОДА: УСЈЕ ЗА ПРВПАТ ДОБИВА ГРАДИНКА, НАСКОРО ГРАДИНКА И ВО РАСАДНИК
БРАВО - НОВИ ГРАДИНКИ ВО КИСЕЛА ВОДА: УСЈЕ ЗА ПРВПАТ ДОБИВА ГРАДИНКА, НАСКОРО ГРАДИНКА И ВО РАСАДНИК
БОМБА НА ОСМАНИ: Нема потреба да се гласа во собрание за францускиот предлог, тој е во рамки на декларацијата усвоена лани, се нудам да одам во ВМРО ДПМНЕ да им го објаснам предлогот
БОМБА НА ОСМАНИ: Нема потреба да се гласа во собрание за францускиот предлог, тој е во рамки на декларацијата усвоена лани, се нудам да одам во ВМРО ДПМНЕ да им го објаснам предлогот
ОСМАНИ: СПОРЕД ПРОТОКОЛОТ КОЈ ЌЕ ГО ОБЈАВИМЕ УТРЕ СЕ ПРЕДВИДУВА ОТВОРАЊЕ НА АРХИВИТЕ ВО ДВЕТЕ ЗЕМЈИ И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ ОД КОМУНИЗМОТ
ОСМАНИ: СПОРЕД ПРОТОКОЛОТ КОЈ ЌЕ ГО ОБЈАВИМЕ УТРЕ СЕ ПРЕДВИДУВА ОТВОРАЊЕ НА АРХИВИТЕ ВО ДВЕТЕ ЗЕМЈИ И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ ОД КОМУНИЗМОТ
ОСМАНИ: ГОВОРОТ НА ОМРАЗА КОН БУГАРИЈА НЕМА ДА СЕ ТАРГЕТИРА СО ЦЕНЗУРА ТУКУ СО АПЕЛИ И СООПШТЕНИЈА
ОСМАНИ: ГОВОРОТ НА ОМРАЗА КОН БУГАРИЈА НЕМА ДА СЕ ТАРГЕТИРА СО ЦЕНЗУРА ТУКУ СО АПЕЛИ И СООПШТЕНИЈА
ЌЕ ПАЃААТ РУСКИ АВИОНИ И ХЕЛИКОПТЕРИ ВО УКРАИНА: АМЕРИКА ПРАЌА ВО УКРАИНА НАЈСОВРЕМЕНИ СИСТЕМИ ЗА АНТИ ВОЗДУШНА ОДБРАНА ВРЕДНА 800 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
ЌЕ ПАЃААТ РУСКИ АВИОНИ И ХЕЛИКОПТЕРИ ВО УКРАИНА: АМЕРИКА ПРАЌА ВО УКРАИНА НАЈСОВРЕМЕНИ СИСТЕМИ ЗА АНТИ ВОЗДУШНА ОДБРАНА ВРЕДНА 800 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА РУСИТЕ: СО РАКЕТИ УБИЕНИ 30 ЖИТЕЛИ НА ОДЕСА
НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА РУСИТЕ: СО РАКЕТИ УБИЕНИ 30 ЖИТЕЛИ НА ОДЕСА
ОСМАНИ: Се разбира дека секое решение, предлог, којшто треба да задоволи две страни е компромисен и дека не е идеален само за едната страна, било кој предлог ќе треба да ги остави двете страни подеднакво задоволни или незадоволни

Цементарница УСЈЕ донираше амбулантно возило за детската болница „Козле“

Скопје, 14.04.2022 – Следејќи ја својата долгорочна стратегија за одржлив развој и општествено одговорно делување, Цементарница УСЈЕ реализираше нова донација во здравството. Овојпат, за потребите на јавната здравствена установа – Институт за белодробни заболувања кај децата – КОЗЛЕ во Скопје, УСЈЕ донираше амбулантно возило.

„Сѐ уште актуелната пандемија дополнително ја истакна важноста на здравствениот сектор и на неговата подготвеност на граѓаните да им понуди навремена и квалитетна здравствена услуга и заштита. Ние во УСЈЕ сметаме дека одговорноста за развојот на целото општество, а во тие рамки и на здравствениот систем, не е само кај државата, туку дека придонес може да даде секој во рамки на своите можности. Тргнувајќи од ова, ние со задоволство помагаме онаму каде што е најпотребно, а меѓу тие области секако е и здравството. Веруваме дека со оваа најнова донација ќе помогнеме најмладите пациенти да добијат навремена здравствена услуга во оваа многу значајна болница во нашиот здравствен систем“, истакна Гоце Цветковски, технички директор на Цементарница УСЈЕ.
Ова не е прва донација на УСЈЕ за болницата КОЗЛЕ. Претходно, со средства од вработените и компанијата, беше набавен и апарат за спирометрија, кој од страна на болницата беше посочен како приоритетен за ефикасноста на одделот за рана дијагностика на репираторните заболувања кај децата.

„Од името на нашите пациенти и целокупниот персонал на болницата сакам да упатам голема благодарност до Цементарница УСЈЕ за нивната континуирана грижа и поддршка. Најновата донација не е прва, а уверен сум дека нема да биде ниту последна која УЈСЕ ја обезбедува за нашата болница. Оваа компанија уште еднаш покажа дека има вистински сенс за потребите на здравството и се издвојува како пример и за останатите чинители во општеството за тоа како треба да се размислува и делува за доброто на целата заедница“, изјави д-р Бесник Зеќири, медицински директор на Инститот за белодробни заболувања кај децата – КОЗЛЕ.

Најновата донација на УСЈЕ за болницата КОЗЛЕ е само сегмент од вкупната, континуирана поддршка што ја обезбедува компанијата за натамошно унапредување на условите во системот на јавно здравство во земјата, како и за подигнување на квалитетот на здравстени услуги за пациентите. Па така, во екот на здравствената криза предизвикана од Ковид-19, УСЈЕ донираше медицинска опрема и апарати во повеќе јавни здравствени установи во земјава, во вредност од над 100.000 евра.

loading...

go88 cổng game quốc tế

sunwin bị bắt