Ристевска – Јорданова: Во ЕП Македонија доби позитивна оценка за реформите, силно е инсистирањето преговорите да почнат
Ристевска – Јорданова: Во ЕП Македонија доби позитивна оценка за реформите, силно е инсистирањето преговорите да почнат
Бајден на средба со лидерите на Шведска и Финска
Бајден на средба со лидерите на Шведска и Финска
Петровска ги посети студентите на АУЕ ФОН кои се на теренска настава со армиските специјалци: практичната настава е значајна за квалитетно образование
Петровска ги посети студентите на АУЕ ФОН кои се на теренска настава со армиските специјалци: практичната настава е значајна за квалитетно образование
За Грција е историска одлуката за Шведска и Финска да аплицираат во НАТО
За Грција е историска одлуката за Шведска и Финска да аплицираат во НАТО
Фирмата НИКОБ обезбедување оваа година одбележува 25 години од своето основање - Лазаров: НИКОБ е бренд во кој луѓето веруваат, внесовме квалитет, инвестиции и иновативност
Фирмата НИКОБ обезбедување оваа година одбележува 25 години од своето основање - Лазаров: НИКОБ е бренд во кој луѓето веруваат, внесовме квалитет, инвестиции и иновативност
Финска не сака нуклеарно оружје на своја територија, вели премиерката Марин
Финска не сака нуклеарно оружје на своја територија, вели премиерката Марин
Архиепископот Стефан: Му благодариме на Бога што наидовме на братољубиво разбирање кај патријархот Порфириј
Архиепископот Стефан: Му благодариме на Бога што наидовме на братољубиво разбирање кај патријархот Порфириј
Позната листата со барања на Турција за да дозволи влез на Финска и Шведска во НАТО
Позната листата со барања на Турција за да дозволи влез на Финска и Шведска во НАТО

Ципрас: Шест авиони „рафал“ ќе летаат над С Македонија

Денес имаме земја сојузник, земја чиј воздушен простор го заштитуваат авионите „рафал“ што ги зедовме завчера. Авионите ќе летаат над Северна Македонија во рамки на договорот Грција да го надгледува воздушниот простор, истакна лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, во интервјуто за грчката телевизија „Контра“, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за Договорот од Преспа и односите со Северна Македонија, упати критики до актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис за неговата позиција пред да дојде на власт, дека се обидел да го злоупотреби чувството на просечниот грчки граѓанин и дека станува збор за обид за екстремна политичка измама.

„Мислам дека целиот грчки народ има сфатено, а во многу голема мера и луѓето кои на претходните избори гласаа за Нова демократија, дека случајот со несогласувањата, со отпорот на Нова демократија во однос на Договорот од Преспа беше обид да се злоупотреби чувството на просечниот грчки граѓанин кој, во секој случај, има загриженост и чувствителност за националните прашања и беше обид за политичка измама. Екстремна политичка измама – истакна Ципрас.

Тој додаде дека тоа што Мицотакис „зазеде неприфатлив и инструментализирачки став за едно многу критично национално прашање за да стане премиер е регистрирано во грчкото општество, во грчката историја и во свеста на граѓаните“, но и истакна дека она што сега е важно е дали земјата требаше да го склучи овој договор или не.

Потоа повторно ја спомена Турција, за која рече дека има можност да продира на Балканот.

„Да имавме и на нашата граница со Северна Македонија, една Турција каква што имаме во Либија ќе беше нешто позитивно за земјата? Или опасно и штетно? Денес имаме земја сојузник, земја чиј воздушен простор е заштитен со авионите Рафал што ги земавме завчера, шесте ‘рафали’ ќе летаат над Северна Македонија. Во рамки на нашите сојузништва, Грција е таа која го презеде надзорот на воздушниот простор на Северна Македонија, ние го потпишавме тоа – истакна лидерот на СИРИЗА во интервјуто и ги повика просечниот грчки граѓанин и сите „суперпатриоти“ што излегуваа на протестите да го земат ова предвид.

loading...
tải go88