На денешен ден на 15 мај 2017 година , Канал 5 започна со емитувањето на најгледаната и највлијателна политичка ТВ емисија „Само Вистина“
На денешен ден на 15 мај 2017 година , Канал 5 започна со емитувањето на најгледаната и највлијателна политичка ТВ емисија „Само Вистина“
ВО ЃОРЧЕ СЕ РАБОТИ ТУРБО: НОВ КРУЖЕН ТЕК ВО ВОЛКОВО, НОВИ УЛИЦИ ВО ДЕКСИОН И ДАМЕ ГРУЕВ, СЕ ЧИСТАТ КАНАЛИ...
ВО ЃОРЧЕ СЕ РАБОТИ ТУРБО: НОВ КРУЖЕН ТЕК ВО ВОЛКОВО, НОВИ УЛИЦИ ВО ДЕКСИОН И ДАМЕ ГРУЕВ, СЕ ЧИСТАТ КАНАЛИ...
ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО ВО НАЈДОБРИОТ ЛЕТЕН ДЕТСКИ КАМП ОДИМЕ НА МОРЕ – ОДИМЕ НА КОУЗОН КАМП И ВО 2021
ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО ВО НАЈДОБРИОТ ЛЕТЕН ДЕТСКИ КАМП ОДИМЕ НА МОРЕ – ОДИМЕ НА КОУЗОН КАМП И ВО 2021
ФОТО НА ДЕНОТ - СДСМ НИКОГАШ НЕ БИЛ ВОЛКУ МОЌЕН: ВЛАСТА ОД ЛОКАЛНО ПА ДО ЦЕНТРАЛНО НИВО ВО ЕДНА ФОТКА
ФОТО НА ДЕНОТ - СДСМ НИКОГАШ НЕ БИЛ ВОЛКУ МОЌЕН: ВЛАСТА ОД ЛОКАЛНО ПА ДО ЦЕНТРАЛНО НИВО ВО ЕДНА ФОТКА
ШУЌУР, КОНЕЧНО И ХИСТЕРИЧНИОТ САШО ТАСЕВСКИ ДА КАЖЕ НЕШТО ПАМЕТНО: ИЗРАЕЛ Е КРИВ, ГИ ДРЖАТ ПАЛЕСТИНЦИТЕ КАКО ГУЛАБИ ЗА ОТСТРЕЛ!
ШУЌУР, КОНЕЧНО И ХИСТЕРИЧНИОТ САШО ТАСЕВСКИ ДА КАЖЕ НЕШТО ПАМЕТНО: ИЗРАЕЛ Е КРИВ, ГИ ДРЖАТ ПАЛЕСТИНЦИТЕ КАКО ГУЛАБИ ЗА ОТСТРЕЛ!
ЕВЕ ЗОШТО ПЛАЧАТ ПО ТИТОВО ВРЕМЕ, ОСВЕН ШТО ТОГАШ БИЛЕ МЛАДИ СЕКАКО: Кога работникот беше господин...
ЕВЕ ЗОШТО ПЛАЧАТ ПО ТИТОВО ВРЕМЕ, ОСВЕН ШТО ТОГАШ БИЛЕ МЛАДИ СЕКАКО: Кога работникот беше господин...
(ВИДЕО) ДВЕ БАБИ ВМРОВКИ ОД ВЕЛЕС ИМ ГО ЗЕМАА ЛЕБОТ НА ФЧЕРАШНИ И ЗЕВЗЕКМАНИЈА: ДЕЦАТА НЕ СМЕАТ ДА УЧАТ ЗА КОМПЈУТЕРИ, ТОА Е ГОЛЕМО ЗЛО!
(ВИДЕО) ДВЕ БАБИ ВМРОВКИ ОД ВЕЛЕС ИМ ГО ЗЕМАА ЛЕБОТ НА ФЧЕРАШНИ И ЗЕВЗЕКМАНИЈА: ДЕЦАТА НЕ СМЕАТ ДА УЧАТ ЗА КОМПЈУТЕРИ, ТОА Е ГОЛЕМО ЗЛО!
(ВИДЕО) ТРАЈАНОВ: Не сум против легализацијата на градбите на сиромашните, се плашам дека законот ќе го искористат богаташи и криминалци
(ВИДЕО) ТРАЈАНОВ: Не сум против легализацијата на градбите на сиромашните, се плашам дека законот ќе го искористат богаташи и криминалци

ЦРН ДЕН ЗА ПАПАТА, ОВОЈ ДЕН СИТЕ ЌЕ ГО ПАМЕТАТ – ЦРВЕНКОВСКИ НЕСЛАВНО ЈА ЗАВРШУВА СВОЈАТА ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА: ВО ИСТ ДЕН СО ХОРХЕ ФИКУС БЕЗМАЛКУ НА ИСТА ЛИНИЈА ЗАПУКА ПО ЛИДЕРОТ НА СДСМ ЗОРАН ЗАЕВ ВО ОБИД ДА НАПРАВИ ПРЕВРАТ НА БИХАЧКА!

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

———————————————————————————————————————————————————

Судбината си поигра со папата, на ист ден, тој со безмалку исто писмо како фикусот бедата најголемиот срам во историјата на македонската политика, Хорхе удри по лидерот на СДСМ, Зоран Заев со цел да ја спречи земјата да тргне кон ЕУ!

Значи оваа реченица е толку жестока што ќе мора да ја повториме за да не ви се причини дека сте се мрднале од умот. Значи вака: ГОЛЕМИОТ ПАПАТ, ГОЛЕМИОТ ДРЖАВНИК, БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ, ВО ИСТ ДЕН СО ХОРХЕ ФИКУСОТ БЕЗМАЛИ СО ДВЕ ИСТИ ПИСМА ЗАПУКАА ПО ЛИДЕРОТ НА СДСМ И ПРЕМИЕР, ЗОРАН ЗАЕВ СО ЦЕЛ ЗЕМЈАТА ДА СЕ СПРЕЧИ ДА ТРГНЕ ВО НАСОКА НА ВЛЕЗ ВО ЕУ!!!

Кој само можеше ова да го замисли. Еве што пишува Бране:

Почитувани сопартијци,

Во изминативе 7 години се решив да не бидам на било каков начин присутен во политичката јавност во Македонија. За таквото однесување имав повеќе причини, а во оваа прилика ќе ги споменам двете најголеми. Додека СДСМ беше во опозиција и водеше тешка битка со режимот, не сакав на било кој начин да давам дополнителен повод за напади кон раководството на СДСМ, дека се мои марионети или дека спроведуваат политики под мое влијание. Сакав партијата да биде ослободена од било какво бреме од претходните владеења на СДСМ со државата.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

—————————————————————————————————————————————————

Во периодот после формирањето на Владата на чело со СДСМ, не излегов во јавност за да не се доведам во ситуација да се конфронтирам или јавно да критикувам некои политики и постапки на
мојата партија. А такви ситуации имаше во повеќе наврати.
Таквиот мој став ќе продолжеше и во иднина ако не се случеше скандалозното интервју на Премиерот и Претседател на нашата партија Зоран Заев. Ставовите и тезите искажани во тоа интервју
предизвикаа и ќе предизвикуваат тешки и долгорочни последици замакедонскиот народ и македонската држава.

Направена е огромна и непоправлива штета. Она што може и мора да се направи е да се стави јасно на знаење дека ставовите на Заев не се ниту ставови на целата Влада, ниту на целиот државен врв.

Се обраќам до вас, почитувани сопартијци, за да ви укажам на посебната одговорност што ја има нашата партија. Зоран Заев е претседател на СДСМ и наша е задачата да ја намалиме штетата колку што е можно повеќе. Ако нема никаква реакција, ставовите на Заев ќе станат ставови застапувани од целиот СДСМ, а бидете убедени тоа ќе има катастрофални последици по партијата и што е уште полошо по државата.

* реклами —————————————————————————————————————————————–

—————————————————————————————————————————————————

Реакциите на пооделни видни членови во медиумите и на социјалните мрежи се добредојдени, но не и доволни.

Затоа, почитувани мои сопартијци, повикувам под итно да се свика Централниот одбор на партијата и на таа седница да се донесе заклучок дека искажаните ставови на Заев не се ставови ниту на ЦО ниту на СДСМ во целина. Да се реафирмираат уште еднаш ставовите на СДСМ за македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската историја, карактерот на антифашистичката борба и АСНОМ.

Почитувањето и спроведувањето на таквите заклучоци да биде задолжително и без релативизрање за секој член на раководството на партијата и секој државен функционер предложен од СДСМ.

Почитувани сопартијци,

До одржувањето на таква седница на ЦО, јас, Бранко Црвенковски, основач и долгогодишен претседател на СДСМ, го замрзнувам моето членство во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Со другарски поздрав,

Бранко Црвенковски

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

—————————————————————————————————————————————————–

А и писмото на Хорхе е безмалку идентично, како да го пишувале на исто биро во исто време заедно, здружено, со заеднички сили:

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов реагира на вчерашното интервју на Заев за БГНЕС. Тој потенцира дека цената на ваквото решавање на македонското прашање е правно и историско поништување на македонскиот народ, бидејќи, како што вели, без македонски народ, без македонски идентитет и без македонски јазик, нема ниту македонско прашање.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

———————————————————————————————————————————————————

Во продолжение целосното обраќање на Иванов:

Почитувани Македонци,

Како претседател на Република Македонија во двата мандата во многу мои обраќања кон македонската јавност јасно и директно кажав а сега повторувам: „Кога сте подготвени едно прашање да го решите по секоја цена, тогаш цената е највисока. Цената на ваквото решавање на македонското прашање е правно и историско поништување на Македонскиот народ, бидејќи без македонски народ, македонски идентитет и македонски јазик, нема ниту македонско прашање. Со други зборови, прашањето за идентитетот ќе се реши со негово поништување. Со тоа, Република Македонија и македонскиот народ се втурнати во правна, политичка, историска бездна. Пандорината кутија е отворена. Сега, речиси секој си зема за право да го негира она што е наше стекнато право. И тоа, на повеќе нивоа и во повеќе наврати. Постојат прашања за кои не се преговара, стекнати права за кои не се разговара, црвени линии преку кои не се преминува”.

Невиден преседан е заради политички контекст политичарите да даваат историско толкување на фактите.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

—————————————————————————————————————————————————–

Антифашистичкиот карактер на македонската борба во Втората светска војна и придонесот за ослободувањето од нацизмот и фашизмот во Европа никогаш не биле спорни. Никој нема право, слобода и повиканост да менува нешто, да испревртува факти, да ја преиначува вистината. Не е само неприкладно, туку е срамно и жално, и за Македонија и за Македонците.

Вчера, македонскиот народ го виде правото лице на Заев. Овој самопрогласен „искусен политичар” вчера докажа дека сме сведоци на национално предавство. Длабоко сум убеден дека македонската нација (и оние што гласаа за него) ја согледаa предавничката улога на Заев и неговата клика.

Во оваа прилика на „искусниот политичар” му препорачувам соодветна лектира.

Најпрвин манифестот на АСНОМ кој јасно вели: „Под великобугарската окупација настанаја најтешките години на македонскиот народ.”

* реклами —————————————————————————————————————————————–

————————————————————————————————————————————————————

„За Македонцките работи” на Крсте Петков Мисирков, кој зборувајќи за слободата посочи на мрачните сили што не и дозволуваат на нашата татковина сама со свои очи да ги гледа своите интереси, ами и наврзуваат очила што ја замрачуваат вистината.

Воедно би му ја препорачал и 1984 на Орвел кој напишал дека „кој го контролира минатото ја контролира иднината, а кој ја контролира сегашноста, го контролира минатото”.

Го прашувам јавно „искусниот политичар”, од каде таа аверзија кон историјата? Тврдите дека македонскиот народ живее во минатото и дека сакате да го однесете во иднината. Но, народот не живее во минатото, туку со минатото, и тоа не за да мрази, туку за да се сеќава. А сега сакате и колективните сеќавања да ги цензурирате и да ги избришете.

Во секоја демократска земја, во секоја земја членка на НАТО и членка на Европска Унија, за вакви изјави на премиер, паѓа владата.

* реклами —————————————————————————————————————————————

————————————————————————————————————————————————-

Во твоите очи „искусен политичару” наместо доблест и чест, љубовта кон татковината станува грев. Денес не се потребни вакви „саможртви” како твојата. Денес е потребно да се погледнеш во очи и да прифатиш дека Македонија е сè што имаме и дека никој не може да ја сака Македонија повеќе од нас самите.

Македонскиот народ поучен од историјата веќе се обединува и почнува да го пишува новиот македонски Mанифест.

И после сето ова што им го направи на Македонија и Македонците, македонскиот народ не се плаши. Македонскиот народ го чува, гo негува и промовира вековниот идеал на непокорот.

Да живее Република Македонија!

loading...

AnimeHeaven dubbed anime: Hunter x Hunter (Dub) Episode 148

AnimeTV watch anime dub: Watch Attack on Titan Episode 3 (https://animetv.cc/m/Ez/ep-3)