Почнува изградба на Детска градинка во Бутел
Почнува изградба на Детска градинка во Бутел
Од тематската седница на Владата: Охридскиот рамковен договор придонесе за кохезивноста на општеството како еднакво за сите граѓани и заедници како и за интеграцијата на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ
Од тематската седница на Владата: Охридскиот рамковен договор придонесе за кохезивноста на општеството како еднакво за сите граѓани и заедници како и за интеграцијата на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ
ВУЧИЌ: ТИЕ ЗЕМЈИ ШТО ОДБИЈА ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА ОТВОРЕН БАЛКАН ЌЕ ТРПАТ ЕКОНОМСКИ ПОСЛЕДИЦИ, СРБИЈА, АЛБАНИЈА И ЦРНА ГОРА ЌЕ ПРИВЛЕЧАТ 90% ОД СИТЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ НА БАЛКАНОТ
ВУЧИЌ: ТИЕ ЗЕМЈИ ШТО ОДБИЈА ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА ОТВОРЕН БАЛКАН ЌЕ ТРПАТ ЕКОНОМСКИ ПОСЛЕДИЦИ, СРБИЈА, АЛБАНИЈА И ЦРНА ГОРА ЌЕ ПРИВЛЕЧАТ 90% ОД СИТЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ НА БАЛКАНОТ
ЗА ПРВПАТ ХЕРАКЛЕЈА И АНТИЧКИОТ ТЕАТАР ДОСТАПНИ ЗА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДИТЕТ
ЗА ПРВПАТ ХЕРАКЛЕЈА И АНТИЧКИОТ ТЕАТАР ДОСТАПНИ ЗА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДИТЕТ
Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите и работниците да ги почитуваат препораките на лекарите за топлиот бран
Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите и работниците да ги почитуваат препораките на лекарите за топлиот бран
(ВИДЕО) ИДЕЈАТА ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН МИ СЕ ВИДЕ ОДЛИЧНА КОГА ИМАВМЕ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО АЛБАНИЈА И КОГА ПОМОШ НИ ПРАТИЈА ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА И КОГА СО ТОА СПАСИВМЕ МНОГУ ЖИВОТИ
(ВИДЕО) ИДЕЈАТА ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН МИ СЕ ВИДЕ ОДЛИЧНА КОГА ИМАВМЕ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО АЛБАНИЈА И КОГА ПОМОШ НИ ПРАТИЈА ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА И КОГА СО ТОА СПАСИВМЕ МНОГУ ЖИВОТИ
ДИРЕКТОРОТ НА ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ, КОСТА ПЕТРОВ ИМАШЕ НЕСРЕЌА И ГИ СКРШИ ДВЕТЕ РАЦЕ
ДИРЕКТОРОТ НА ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ, КОСТА ПЕТРОВ ИМАШЕ НЕСРЕЌА И ГИ СКРШИ ДВЕТЕ РАЦЕ
Шахпаска: Во Битола го отворивме и вториот Центар за поддршка на згрижувачки семејства, воведуваме нови социјални услуги како дел од социјалната реформа
Шахпаска: Во Битола го отворивме и вториот Центар за поддршка на згрижувачки семејства, воведуваме нови социјални услуги како дел од социјалната реформа

ЦУК: продолжување на соработката на Република Северна Македонија и Република Албанија во делот на управувањето со кризни и итни ситуации

Денеска (19.05.2021), в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, заедно со замениот директор Екрем Зендели и кодиректорот на проектот НАТО СПС НИКС (NATO SPS NICS), д-р Урим Вејсели, имаше работна билатерална средба со високи претставници од областа на кризниот менаџмент на Република Албанија во рамки на продолжување на соработката на Република Северна Македонија и Република Албанија токму во делот на управувањето со кризни и итни ситуации.

Генерално се разговараше за три основни теми: продолжување на досегашната соработка, за учеството на НАТО ЕАДРЦЦ вежбата во Македонија и за можната соработка и менување искуство при воспоставување на Единствениот европски број за итни ситуации 122.

Притоа беше нагласено дека секоја држава во практичната надоградба ќе и помага на другата, со менување на искуствата особено во дел каде што едната држава е понапред во одредени области при имплементацијата и развојот на совремемениот менаџмент во системот за управување со кризи. Тоа е особено важно заеднички да се надоградува, беше нагласено од Ангелов, бидејќи кризите и катастрофите не признаваат и државни граници и соработката меѓу двете држави ќе спасува животи.

Делегацијата на Република Албанија престојува во дводневна работна посета на Македонија и дел од неа беа: генералниот директор (на Генералниот директорат) на Службата за заштита и спасување од пожар на Република Албанија, господин Алфред Кристули, Шкрким Гоџај – директор и Албан Љачи, главен раководител од истата служба за Општина Тирана,

а од Националната агенција за цивилна заштита на Р. Албанија беа директорите Клоџи Никола и Роберт Хисенлари. При оваа работна посета ќе бидат остварени и слични средби и со други институции и дирекции во нашата држава.

Инаку, да потсетиме дека во февруари годинава, во Тирана, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, заедно со кодиректорот на проектот НАТО СПС НИКС (NATO SPS NICS), д-р Урим Вејсели, имаше работна билатерална средба со високи претставници и од Владата и од институциите од областа на кризниот менаџмент на Република Албанија во рамки на продолжување на соработката на Република Северна Македонија и Република Албанија токму во делот на управувањето со кризни и итни ситуации.

Тоа беше конкретно настан директно поврзан со обуката за веб-базираната комуникациска платформа „Следна генерација на Систем за командување и управување со инциденти“ (Next-Generation Incident Command System – NICS) и е дел од проектот „Напредна регионална координација при цивилни итни состојби“ во Западен Балкан којшто се имплементира во рамки на Програмата на НАТО – Наука за мир и безбедност (NATO SPS).

При тоа, во своите воведни обраќања, заменик министерот за одбрана и генералниот директор на Националната агенција за цивилна заштита на Република Албанија, изразија задоволство со пофални зборови за спроведувањето и соработката за проектот.

В.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, во своето воведно обраќање, заблагодарувајќи им на домаќините за организацијата на настанот и посакувајќи успешна реализација на претстојната NICS обука наменета за персоналот во Р. Албанија, рече дека: „Веб-базираната комуникациска платформа „Следна генерација на Систем за командување и управување со инциденти“ (Next-Generation Incident Command System – NICS)

е дел од проектот „Напредна регионална координација при цивилни итни состојби“ во Западен Балкан кој се имплементира во рамки на Програмата на НАТО – Наука за мир и безбедност (NATO SPS) и дека NICS претставува едно од најсовремените технолошки постигнувања во полето на кризниот менаџмент, а Република Северна Македонија и земјите од регионот (Република Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина) ја имаат можноста и привилегијата во целост да го имплементираат овој систем до крајот на 2021 година.

Како алатка за просторно прикажување на податоци во насока на справување со настаните и појавите во реално време, NICS овозможува брза и ефикасна комуникација и координација помеѓу надлежните служби со цел побрзо донесување одлуки за ефикасно справување.

Алатката истовремено овозможува целосно и вистинито информирање на медиуите и граѓаните во насока на подигање на свесноста и разбирањето на ризиците. Центарот за управување со кризи, како координатор на проектните активности во Република Северна Македонија, има успешна соработка со институциите во земјата кои се дел од проектот, вклучително и со земјите партнери од регионот и пошироко.

Тогаш, Ангелов, посакувајќи успешна реализација на претстојната NICS обука наменета за вашиот персонал посочи дека очекува понатамошна плодна соработка со Центарот за управување со кризи.“

loading...

AnimeTV animetv jp: Hunter x Hunter (Dub) Episode 148

WCOStream anime online: JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable (Dub) (https://wcostream.cc/m/DyBj) Episode 39