ДИРЕКТОРОТ НА ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ, КОСТА ПЕТРОВ ИМАШЕ НЕСРЕЌА И ГИ СКРШИ ДВЕТЕ РАЦЕ
ДИРЕКТОРОТ НА ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ, КОСТА ПЕТРОВ ИМАШЕ НЕСРЕЌА И ГИ СКРШИ ДВЕТЕ РАЦЕ
Шахпаска: Во Битола го отворивме и вториот Центар за поддршка на згрижувачки семејства, воведуваме нови социјални услуги како дел од социјалната реформа
Шахпаска: Во Битола го отворивме и вториот Центар за поддршка на згрижувачки семејства, воведуваме нови социјални услуги како дел од социјалната реформа
(ВИДЕО) Милевски: Еднакви услови за сите деца, после 60 години го реновиравме училиштето „Пецо Даскалот“ во Заполжани
(ВИДЕО) Милевски: Еднакви услови за сите деца, после 60 години го реновиравме училиштето „Пецо Даскалот“ во Заполжани
(ВИДЕО) СЕ ГРАДИ ПЕТТАТА МИНИ ХЕЦ ВО ЈП КОМУНАЛЕЦ КАВАДАРЦИ - МИТКО ЈАНЧЕВ НА ТЕРЕН
(ВИДЕО) СЕ ГРАДИ ПЕТТАТА МИНИ ХЕЦ ВО ЈП КОМУНАЛЕЦ КАВАДАРЦИ - МИТКО ЈАНЧЕВ НА ТЕРЕН
Заев: Крајната цел е да нема граници меѓу С. Македонија, Србија и Албанија
Заев: Крајната цел е да нема граници меѓу С. Македонија, Србија и Албанија
(ВИДЕО) МИТКО ЈАНЧЕВ - СЕМЕЈНИТЕ ВИНАРИИ КЕ ДОБИЈАТ ИЗЛОЖБЕН САЛОН
(ВИДЕО) МИТКО ЈАНЧЕВ - СЕМЕЈНИТЕ ВИНАРИИ КЕ ДОБИЈАТ ИЗЛОЖБЕН САЛОН
Денес во посета на Општина Кавадарци беше делегација на Мировниот корпус предводена од директорката Деборах Конер
Денес во посета на Општина Кавадарци беше делегација на Мировниот корпус предводена од директорката Деборах Конер
ЕДИ РАМА ИНСПИРАТИВЕН ВО СВОЈОТ ГОВОР: ГОСПОД МУ ДАЛ НА БАЛКАНОТ ДОВОЛНО РЕСУРСИ ЗА ЛУЃЕТО ДА ЖИВЕАТ ДОСТОИНСТВЕНО НО НИЕ ЛУЃЕТО МУ ПРКОСИМЕ НА ГОСПОД И СИ ШТЕТИМЕ САМИТЕ НА СЕБЕ
ЕДИ РАМА ИНСПИРАТИВЕН ВО СВОЈОТ ГОВОР: ГОСПОД МУ ДАЛ НА БАЛКАНОТ ДОВОЛНО РЕСУРСИ ЗА ЛУЃЕТО ДА ЖИВЕАТ ДОСТОИНСТВЕНО НО НИЕ ЛУЃЕТО МУ ПРКОСИМЕ НА ГОСПОД И СИ ШТЕТИМЕ САМИТЕ НА СЕБЕ

ЦУК: Шумски пожар над с. Галичник – Армијата прати хеликоптер за заштита на селото, но денеска не дејствуваше заради многу силниот ветер… и нема опасност повеќе по куќите од село

Центарот за управување со кризи (ЦУК), по добиената информација за голем пожар над с. Галичник, околу 13.30 часот, координираше со регионалните центри и локалната самоуправа, па заради непристапноста на теренот ја извести и Армијата, којашто испрати еден хеликотер со ведро за гаснење за пожарот и за заштиа на Галичник. ЦУК истовремено координираше и да се обезбедат и координати и лице на терен за комуникација со хеликоптерскиот армиски екипаж. Известена е и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Локалните едининици за противпожарна заштита (ТППЕ), Министерството за внатрешни работи (МВР), а и другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), согласно процедурите за работа на дежурните регионални центри за управување со кризи.

Според последнта информација, во моментот на праќање на соопштениево, опасност не постои по куќите од село Галичник, од страната на жумскиот пожар. Согласно развојот на настаните, во координација со ЦУК, бараниот и обезбеден армиски хеликоптер со опрема за гаснење пожар, во Галичник стигнал најбрзо што можел, но не можел да дејствува, заради многу силниот и променлив планински ветер. Хеликоптерот бил принудно приземјен на најблиско можно место до Галичник. Екипажот бил подготвен да дејствува, согласно проценките за временските услови и силината на ветрот, а секако и се дури има и дневна светлина за видливост за летање и дејствување со хеликоптер за гаснење шумски пожар. На крајот од денот, хеликоптерот бил вратен во армиската база во Скопје. Во селото Галичник, за негова заштита од шумскиот пожар, се присутни Територијалната противпожарна единица од Дебар (ТППЕ) со едно ПП возило, неколкумина припадници на МВР, од Национаниот парк „Маврово“ и самоорганизирани луѓе од месното население. Се очекува вечерва од Општина Тетово, во координација со РЦУК Тетово, да пристигне и да биде во приправност и специјално мало противпожарно теренско возило токму за шумски пожари и тим пожарникари со конкретна рачна опрема за гаснење шумски пожари.

Инаку, информацијата за пожарот над с. Галичник, во ЦУК е добиена денеска околу 13.30 часот. Шумскиот пожар, заради засилениот ветар, претставувал потенцијална опасност за селото, но истовремено е бил опасност и за силите ангажирани за гаснење. Пожарот е на непристапен терен и зафатил борова шума. Во координација со ЦУК се регионалните центри за управување со кризи РЦУК Охрид, РЦУК Дебар, РЦУК Гостивар и РЦУК Тетово, коишто на локално ниво координирано ги известуваат опшините, одговорните институции и претпријатија за гаснење пожари. Општина Маврово-Ростуше испратила, според правилата, на време официјално барање за хеликоптерска помош за гаснење пожар на непристапен терен.

Во контекст на информациите за шумски пожари, Ве информираме дека Центарот за упрување со кризи (ЦУК) денеска, исто така, ги координира и активностите за шумскиот пожар во Беровско од вчера, којшто за сега не претставува опасност по населени места иако е се уште активен. Конкретно, командирит на Територијалната противпожарна единица, ТППЕ-Берово, кој е на лице место и не информира дека пожарот што избубнал вчера (на ден 01.05.2021) во 17:00 часот, каде што е зафатена сува трева, папрат и нискостеблеста шума (прнар) во атарот на с. Русинов на м.в. „Петлац“. Од силниот ветар пожарот се проширува. ТППЕ – Берово се на терен се со 1 теренско возило и три (3) пожарникари, и од локалното шумско стопанство, ШС „Малеш“, се на местото на настанот со три (3) теренски возила и 15 вработени.

loading...