Пролетната работна акција на Град Скопје и јавните претпријатија успешно се реализираше и во општина Сарај
Пролетната работна акција на Град Скопје и јавните претпријатија успешно се реализираше и во општина Сарај
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА, КОСТАДИН КОСТАДИНОВ: И ПОКРАЈ ГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМСКИ ПРЕДИЗВИЦИ, СО МОЈОТ ТИМ СМЕ ФОКУСИРАНИ НА МОДЕРНА И ЕВРОПСКА ОПШТИНА
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА, КОСТАДИН КОСТАДИНОВ: И ПОКРАЈ ГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМСКИ ПРЕДИЗВИЦИ, СО МОЈОТ ТИМ СМЕ ФОКУСИРАНИ НА МОДЕРНА И ЕВРОПСКА ОПШТИНА
ЗДРУЖЕНИЕТО “НАПРЕДНИ ЛОЗАРИ“ НЕ ГИ ПРИФАЌА ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ЦЕНИ ОД ВВ “ТИКВЕШ“
ЗДРУЖЕНИЕТО “НАПРЕДНИ ЛОЗАРИ“ НЕ ГИ ПРИФАЌА ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ЦЕНИ ОД ВВ “ТИКВЕШ“
Спасовски на трибина по повод јубилејот 30 години постоење на Македонски полициски синдикат
Спасовски на трибина по повод јубилејот 30 години постоење на Македонски полициски синдикат
Шаќири во Струга: Училиштето „Браќа Миладиновци“ ќе биде целосно реновирано со поддршка од МОН
Шаќири во Струга: Училиштето „Браќа Миладиновци“ ќе биде целосно реновирано со поддршка од МОН
(ВИДЕО) ЗА РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ КИРИЛ, НЕ ПОСТОИ МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ТУКУ ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
(ВИДЕО) ЗА РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ КИРИЛ, НЕ ПОСТОИ МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ТУКУ ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
КОИ СЕ СЕДУМТЕ СВЕТЦИ КОИ СЕ ОСНОВАЧИ НА ПРАВОСЛАВИЕТО И ЈА ПОВРЗУВААТ РУСКАТА, СРПСКАТА, БУГАРСКАТА И МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА?!
КОИ СЕ СЕДУМТЕ СВЕТЦИ КОИ СЕ ОСНОВАЧИ НА ПРАВОСЛАВИЕТО И ЈА ПОВРЗУВААТ РУСКАТА, СРПСКАТА, БУГАРСКАТА И МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА?!
Борис Камчев: Дезинформаците и фабрикацијата на вестите се едни од главните лостови на режимот и причина за долгото владеење на Путин
Борис Камчев: Дезинформаците и фабрикацијата на вестите се едни од главните лостови на режимот и причина за долгото владеење на Путин

ЦУК – Симулациска командно-штабна вежба за справување со кризни инциденти во Република Северна Македонија во организација на на Канцеларијата за соработка во одбраната при Амбасадата на САД

После успешно реализираната минатонеделна обука за вежба, оваа работна недела, од 21 до 25 март, во Скопје се одржува Извршна командно-штабна вежба за одговор при серија кризни инциденти во реон на Град Скопје под името „Симулациска вежба за спраување со инциденти во Северна Македонија“ (со броеви по вежбовни денови 1, 2 и 3). Toa истовремено беше и работилница за одговор при кризни ситуации, организирана од страна на Канцеларијата за соработка во одбраната при Амбасадата на САД во Република Северна Македонија. На симулациската командно-штабна вежба присуствуваше и заменик-шефот на мисијата, Ерик Мајер од Амбасадата на САД во нашата држава (Deputy Chief of Mission, Eric Meyer), а на почетокот на работниот дел воведен збор имаше и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, покрај другите говорници од нашата Армија и ДЗС.

Претставници од Центарот за управување со кризи (ЦУК), предводени од директорот, Стојанче Ангелов, заедно со заменик директорот Екрем Зендели, раководителот на Секторот за операции и координација Горан Стојановски, раководителот на Секторот за меѓународна соработка Урим Вејсели и тим вработени од ЦУК активно учествуваа во двонеделните активности на двете земји за обука и извежбување коориниран одговор при кризни ситуации. Заедничката реализацијата на планираните активности се конкретизираше прво во Командната насочена обука за итни ситуции за тактички одговор при кризни ситуации, а потоа, исто така, со активно учество и во Извршната командно-штабната вежба што тематски е во релација на кризниот менаџмент за справување со ризици и опасности – серија итни ситуации. Конкретно секој ден имаше различно сценарио за итни кризни ситуации, а при тоа и за конципирање соодветен одговор на истите, при можни: прво опасност од радиолошки материјали во урбана средина, потоа при поплава во реон на град и околина и при голема експлозија во истиот реон, град. На вежбата беа користени примерите и искуствата од функционирањето на Американскиот стандардизиран систем за команда, контрола и координација на соодветен одговор при појава на инциденти (Incident Command System ICS) што во САД давал добри резултати, а и често бил користен интернационално како образец за слични пристапи за справување со закани, кризни ситуации.

Инаку во почетокот на неделата, на Извршната командно-штабна вежба за одговор при серија кризни инциденти во реон на Град Скопје, според планираните заеднички чекори се реализираа активности за запознавање и обука на учесниците со НИКС – Следна генерација на НАТО систем за управување со инциденти (NICS – Next Generation Incident Command System – NATO SPS Project) во Република Северна Македонија. Обуката на парципиентите на вежбата што ќе го користат НИКС системот ја спроведе специјализиран тим од ЦУК. Да потсетиме, тоа е систем што нашата држава преку ЦУК го рашири и во земјите од Балканскиот регион и што за првпат се користеше при вежбовни активности на меѓународната голема НАТО вежба „Северна Македонија 2022“ во Охрид во коорганизација на ЦУК за нашата држава и НАТО. Тој систем (НИКС), придонесува преку дигитализација на Системот за управување со кризи (СУК) да долови реална слика во Командниот штаб за инцидентите од терен, потоа за учеството на соодветните единици за превенција, употребата на ресурси и капацитети и слично што е во функција на менаџирање и решавање на кризните ситуации.

Активностите од минатонеделните подготовки, како и Извршната командно-штабна вежба, се под покровителство на Агенцијата за намалување на заканите на одбраната на САД (Defense Threat Reduction Agency – DTRA – USA) и се дел од сеопфатна програма за подобрување на одбранбените капацитети на Министерството за одбрана, конкретизирани во случајов преку армиската единица за АБХО заштита при АРСМ, како и за комуникација и координација на Центарот за управување со кризи и на институциите од Системот за управување со кризи (СУК).

Инаку, минатата недела (од 14 до 18 март) во Скопје, во пресрет на денешната Извршна командно-штабна вежба за одговор при серија кризни инциденти во реон на Град Скопје, се одржа Командна обука за итни ситуации за тактички одговор при кризните ситуации предвидени за вежбата, на којашто главни учесници беа армиската чета за АБХО (Министерство за одбрана), а покрај ЦУК активно беа вклучи и сегашните учесници на Вежбата: Дирекцијата за заштита и спасување, претставници на локалната самоуправа, Противпожарна, Министерство за внатрешни работи, Министерство за одбрана, Министерството за здравство, Балканските медицински сили, Црвениот крст и други субјекти од Системот за управување со кризи (СУК) на нашата држава.

loading...

GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

Yosuga no Sora: In Solitude Where We are Least Alone

GoGoAnime Attack on Titan (Dub)

SK8 the Infinity

Attack on Titan Season 3 Part 2

stream anime online GoGoAnime My Hero Academia (Dub)