„Комерцијална банка гради долгогодишни стратешки партнерства со своите клиенти, кои во услови на глобална криза добија уште поголема вредност, во интерес на двете страни.Модернизацијата, зголемената дигитализација и подобрувањето на условите во понудата е теркот кој ќе се следи и во следниот период, а заедничка нишка на сите тие активности е секако одговор на потребите на клиентите. Таквите унапредувања ќе бидат забележливи во целото портфолио, од кредитите, депозитните производи, преку платежните услуги, мобилните апликации итн.“
Комерцијална банка од неодамна се ребрендираше со ново лого, нов визуелен израз и нова веб страница, што значи, како што вели д-р Маја Стевкова Штериева, главен финансов директор и член на УО, „природна еволуција за банката, која произлегува од новите трендови и новите начини на кои сите ние ги користиме новите медиуми.“
Банката втора година по ред го доби и престижното признание од магазинот Тhe Banker „Банка на годината во Северна Македонија“, инаку вкупно деветто вакво признание за Комерцијална банка.
„Исклучителноста на предизвиците наметнати од пандемијата и постигнатиот успех во 2021 година не’ прават горди на оваа награда како никогаш досега“, истакна Стевкова Штериева по повод признанието.
Во овие последни денови од уште една тешка пандемична година што ја оставаме зад нас, разговаравме со директорката Штериева за тоа како Комерцијална банка се справува со актуелните предизвици и кои се плановите за понатамошен развој на понудата на услугите во контекст на „новото нормално“ што го наметнува ковид-кризата, како и дигитализацијата која влегува во сите пори од нашето секојдневие.
Целото интервју на КАПИТАЛ.МК