БОМБА НА КАЕВСКИ: Мицкоски да одговори дали нудел поддршка за францускиот предлог во замена за амнестија за криминалот?
БОМБА НА КАЕВСКИ: Мицкоски да одговори дали нудел поддршка за францускиот предлог во замена за амнестија за криминалот?
Николовски: Ги золемуваме површините под житни култури - Склучуваме рекордни 258 нови договори за закуп на земјоделско земјиште
Николовски: Ги золемуваме површините под житни култури - Склучуваме рекордни 258 нови договори за закуп на земјоделско земјиште
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, присустуваа на Фестивалот на биодиверзитет кој се одржа во Паркот на Франкофонија

Тренчевска: Ги повикувам општините да аплицираат на јавниот повик за развој на социјални услуги на локално ниво, кои се во интерес на сите граѓани
Тренчевска: Ги повикувам општините да аплицираат на јавниот повик за развој на социјални услуги на локално ниво, кои се во интерес на сите граѓани
Николовски на жетва на јачмен во светиниколско - Постигнавме висока откупна цена и очекуваме добар принос од 140 000 тони
Николовски на жетва на јачмен во светиниколско - Постигнавме висока откупна цена и очекуваме добар принос од 140 000 тони
Николовски на средба со Мрежа на земјоделски задруги по повод Меѓународниот ден на задругарството
Николовски на средба со Мрежа на земјоделски задруги по повод Меѓународниот ден на задругарството
7. ГОДИНА ПО РЕД – 100 БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ НА БЕНКИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
7. ГОДИНА ПО РЕД – 100 БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ НА БЕНКИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
Потпишани договори со ЕБОР за финансирање на изградбата на автопатот Скопје-Блаце и фотонапонските електрани Осломеј 2 и Битола
Потпишани договори со ЕБОР за финансирање на изградбата на автопатот Скопје-Блаце и фотонапонските електрани Осломеј 2 и Битола

ДА ГИ ВРАТИМЕ УЧЕНИЦИТЕ ВО КЛУПИТЕ, ИНАКУ ГОДИНАТА ЌЕ СЕ ПРОЛОНГИРА Шаќири е подготвен да го продолжи дијалогот, но не и за нереални барања

Министерот Шаќири нагласил дека секој нереализиран наставен ден поради штрајкот, значи продолжување на наставната година по 9-ти јуни, имајќи предвид дека законските прописи не дозволуваат намалување на наставните програми во вакви околности. Поради тоа, стои во соопштението, распустот на учениците мора да биде одложен соодветно на бројот на неодработени денови, а согласно измените кои ќе бидат направени на Календарот за организација на учебната 2021/2022 година.
МАКЕДОНИЈАСЛАЈДЕР

Министерот за образование Јетон Шаќири им порача на синдикатите и наставниците кои штрајкуваат да ги вратат децата во клупите, а за своите проблеми да преговааат преку дијалог. На денешната средба со претставници од СОНК тој ги потсети наставниците дека учениците веќе изгубиле многу време и часови поради пандемијата, но и дека сите часови кои сега нема да бидат одржани ќе бидат одработени по 10 јуни, што ќе ја пролонгира наставната година, но и доделувањето на свидетелства, матурата и уписите во средните училишта и факултетите.

– Одлуката на СОНК за организирање генерален штрајк во образованието не само што не го надминува предизвикот, туку напротив, создава повеќе дополнителни проблеми. Затоа, апелирам до вас како раководство на синдикатот да ја промените политиката на изразување незадоволство на ваков начин и да му дадете можност на социјалниот дијалог. И вие како синдикална организација и ние како институции знаеме дека тоа е најдобрата опција за надминување на секоја ситуација во која постојат несогласувања – истакнал министерот на состанокот со Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Да ги вратиме учениците во клупите
Според Шаќири најважно е да ги вратиме учениците во клупите.

– Непримањето на деца во училиштата и неспроведување на настава влијае на социјализацијата на учениците и создава празнини во знаењата кои понатаму потешко се пополнуваат. Тие и онака веќе изгубија голем дел од наставата, учејќи во вонредни околности и услови на пандемија повеќе од година и половина. Повисоки плати за наставниците ќе има, на тоа работиме и ќе го одржиме ветениот збор, како што тоа го направивме и во три наврати во изминатите години, зголемувајќи ги личните примања на вработените во училиштата за над 21 процент. Но, во меѓувреме заеднички приоритет мора да биде враќањето на учениците таму каде што им е местото – рекол Шаќири, се наведува во соопштението од Министерството за образование и наука.

Учебната година ќе трае и по 10 јуни
Министерот Шаќири нагласил дека секој нереализиран наставен ден поради штрајкот, значи продолжување на наставната година по 9-ти јуни, имајќи предвид дека законските прописи не дозволуваат намалување на наставните програми во вакви околности. Поради тоа, стои во соопштението, распустот на учениците мора да биде одложен соодветно на бројот на неодработени денови, а согласно измените кои ќе бидат направени на Календарот за организација на учебната 2021/2022 година.

– Ситуацијата би предизвикала и пролонгирање на сите претходно утврдени рокови за полагање на училишна матура, за уписи во средни училишта, но и во високообразовните установи во земјата и во странство. Исто така, неработењето на училиштата го оневозможува правото на околу 500 наставници да полагаат стручен испит како основа за понатамошно вработување на неопределено работно време – нагласил министерот.

Ќе го продолжиме дијалогот, но без нерални барања
МОН целосно го почитува синдикалното право на штрајк и во ниту еден момент не го попречи неговото спроведување. Но, се подвлекува во соопштението, загрижува формата и времето во кое тоа се применува. Сепак, како што посочил министерот Шаќири, подготвени сме да го продолжиме дијалогот, но без условувања и нереални барања, кои само ги отежнуваат преговорите.

loading...

nhóm kéo go88 Tài Xỉu Go88 - Tải Game GO88 Đổi Thưởng APK, iOS, AnDroid diễn đàn go88

máy chủ sunwin sunwin bị sập chưa đường link tải sunwin