Уште еднаш се покажа слабоста на нашите медиуми и уредници и новинари, исто како во Груевизмот.
Криејќи се зад некаква ДЕМОКРАТИЧНОСТ, демек да ги чуеме и двете страни на приказната, многу медиуми денеска му дозволија на оној идиот Ленин да ја брани и оправдува инвазијата.
Не е исто да кажеш дека и Зеленски има вина што не предвие ваков лудачки потег на Путин, но сосема друго е да кажеш дека Украина ја предизвикала инвазијата и дека инвазијата е оправдана и легитимна и дека Путин не е воен злосторник.
И јас во мојоот настап на стримот на Бојкотирам кажав дека Зеленски можеби го испровоцирал Путин но да направи погрешен потег, јас пак целата вина ја ставам врз Путин, тој можеше да избере други начини да издејствува решение на своите грижи, можеше на пример ако веќе решил воено да се пресметува што пак не го сметам за оправдано, но еве ако решил така да постапи, можел прво да почне со бомбардирање само на воени бази и воени цели па потоа инфраструктура но без да се гаѓааат на пример цивилни цели.
Но да го гледаш оној масакар што сега се случува и да кажеш дека украинците сами си го барале и да го браниш Путин мислам дека е чиста фашистичка руска пропаганда и срамно е што многу медиуми без никаков филтер ја пуштија таа негова изјава да оди на порталите.
Срамно е што Канал 5 го викнала тој идиот и заљубеник во Путин во емисија во прајм тајм на емисија на телевизија со национална концесија, Сител и Канал 5 се нашиот најголем проблем, биле и ќе бидат со години што следат, газди и уредници на овие медоими се бедници без памет и без морал и без капацитет за такви сериозни институции какви што се телевизиите.
Да резиимирам, секој тронка разумен и пристоен и нормален човек мора да ја осуди руската инвазија. Во подетална анализа може да се види кои беа можните потези на Украина и НАТО но откако ќе се согласиме сите дека Путин е параноичен лудак, не од него да правиме некаков нормален паметен хуман државник, тоа е чиста руска пропаганда на бедни платеници.