– Не сум се откажала од БРТ, од каде ви таква идеја? Се уште преговарам со ЕБРД за тој проект…
Данела ја изненади јавноста а и новинарката Трајковска на Телма синоќа.
– Па нели ветивте дека ќе го стопирате проектот, скап бил, штетен бил? – праша Трајковска.
– Не сакам сега да откривам детали, се преговара за проектот со ЕБРД и ќе излезам со детали кога ќе има нешто конкретно во тие преговори. – одговори скопската градоначалничка.