Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ

ДАНЕЛА НАМЕСТО СВЕТСКА МЕНАЏЕРКА ИСПАДНА СВЕТСКА ПЛАЧКА, НАЈГОЛЕМА ПЛАЧКА ВО ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИКА

Пишува Саше Ивановски Политико

Значи одликата на добрите менаџери не е да одат наоколу и само да кукаат што наследиле, што проблеми имаат, колку светот не е фер спрема нив… Менаџерите се фокусираат на решенија, бараат решенија, наоѓаат решенија и потоа тие решенија ги промовираат, ги шират, бараат сојузници, бараат партнери за доброто на институцијата која ја водат.

Данела наместо добар менаџер од светски маштрап како што се преставуваше испадна светска плачка каква не сме виделе досега во македонската политика. Следам активно политика веќе 30 години, и ова нејзино плачење досега не сум го видел. Само еден настап на Љупчо Георгиевски на МТВ во 1998-ма, само неколку месеци по победата над СДСМ беше таков момент кога Љубчо резигнирано се жалеше дека Бранко му оставил само долгови и празна каса, ама тоа беше само едно интервју, потоа Љубчо се фати за работа и сработи многу, иако има контроверзи за неговото владеење.

Ниту Коце се жалеше за тоа пред него наследено од Трифун, нити Шилегов нешто посебно отекуваше за она што го наследил од Коцета, со мали исклучоци каде спомена дека имало многу шофери во администрација и дека чудни работи се случувале во Дрисла и затоа ја поништи нејзината приватизација, но не го паметиме Петрета по јавни настапи каде отекува за Коце па Коце…

Ниту Заев нешто особено гњавеше за тоа што наследил од Груевски, нити пак Пендаровски освен едно интервју не отекуваше што наследил од Хорхе…

Ама за тоа пак, Данела веќе со месеци се тоа па тоа, ПЕТРЕ, ПЕТРЕ, ПЕТРЕ па ПЕТРЕ, аман бе жено божја, како си тргнала има 4 години само тоа да си збориш, невидена патологија на една неспособна жена која знае само да се правда, да кенка, да плаче, да префрла вина, аман, ова е полошо од сите црни очекувања за оваа жена…

(Сторијата продолжува по рекламите)

Се чини дека овој нејзин рефлекс да плаче и да кенка и е нешто што и е дел од карактерот нејзин, изгледа оваа жена цел живот се и било дадено на готово и она како да не знае да работи да менаџира да носи одговорност, првата пречка што оваа жена ќе ја согледа пред неа она почнува да кенка и да писка и да вреска. Се чини дека Данела се исплашила, осетила дека нема да може да реализира ниту 10% од она што им го вети на Скопјани па затоа вака не малтретира сите и не отекува, ја спрема јавноста да не смее никој да и каже дека е голем НЕУСПЕХ, дека е голема ГРЕШКА на скопјани, планот нејзин е 4 години само да плаче и да плаче на сметка на Петре за на крај сите да се сожалат и да не ја прашуваат зошто ништо не остбварила од ветеното…

Значи потајно се надевав дека ќе ме изненади оваа жена, дека сум згрешил во проценката дека женава е една голема фарса, неспособна манипулантка, без морал етика принципи знаење визија, една голема НУЛА!

Дури и Грујо не отекуваше многу за тоа што му оставил Бучко, освен потоа големата црна кампања за Бранко Црвенковски насловена БРАНКО Е КРИВ ама тоа беше повеќе црна пропаганда на актуелен политички опонент, но овде Данела нема што во Петре да бара опонент, Петре сега е само обичен адвокат, не е ниту дел од раководството на СДСМ?!

И на крајот на краиштата, Скопјани не ги интересира што Данела наследила, што ја мачи, они сакаат решенија, сакаат резултати, никого реално нема да го интересира што и биле нејзе пречките и проблемите, си се нафатила да водиш град од пола милион народ со 100 милиона евра буџет, придобивките се дека во ЦВ ќе ти стои дека си била градоначалник на метропола, имаш шанса да се сликаш со амбасадори, со ВИП личности од светот, да те канат на големи манифестации, да имаш прилика ТИ да се вградиш во еден древен град со вековна историја, твојата слика вечно ќе биде закачена во просториите на градот, е сега ќе се измачиш малце, ќе дадеш нешто за возврат, ќе покажеш што знаеш, кои ти се капацитетите, способностите, енергијата, снаодливоста, нема ваљда бре жено 4 години само да плачеш аман заман?!?!

loading...

code go88 sổ kết quả go88 đánh bài đổi thưởng go88

https://tai.sunwin.gg/