ДАНЕЛА ПРОДОЛЖУВА ДА ПРАВИ МАЈМУНИ ОД СКОПЈАНИ: ОСВЕН ШТО ЌЕ ГО НАПРАВЕЛА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ БЕСПЛАТЕН ШТО ЌЕ ЧИНИ 20 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО, СЕГА ВЕТУВА ДЕКА ЌЕ НАБАВЕЛА И 250 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ ЗА ШТО ЌЕ ТРЕБААТ ОКОЛУ 100 МИЛИОНИ ЕВРА НО ТАА НЕ КАЖУВА НИ КОЛКУ ЌЕ ЧИНАТ НИ ОД КАДЕ ЌЕ НАЈДЕ ПАРИ?!?!

Ова е кога Мали Ѓоќица ќе фати да го орпава Скопје, се дешаваат многу комични ситуации. Како тргнала Данела Арсовска до крајот на кампањата ќе вети и летечки чинии и лифтови во марс…

На првиот прес вети бесплатен јавен превоз но не кажа од каде ќе најде пари, експертите се изјаснија дека тоа нејзино ветување ќе го чини градот околу 20 милиони евра годишно што ќе го банкротира ЈСП за една година а градот Скопје ќе рикне за само 2-3 години.

Сега денеска женава ветува дека ќе купела 250 електрични автобуси?!?! Тоа би чинело најмалку 100 милиона евра плус оние претходните за бесплатен превоз кој ќе го чини градот 80 милиони евра за 4 години. Од каде пари за сето ова, да не мисли женава да најде извор на нафта на потегот од Автокоманда до Ѓорче?!?!

Ова е навистина невидена дрскост и навреда за Скопјани, вака да се завркаваш, за ова треба да си опериран од срам и од етика и морал, вака да лупаш без везе ветувања кои се неостварливи дури и за неписмени деца а не па за Скопјани кои нема да дозволат да бидат превеслани вака лесно со смешни простачки ветувања во стилот на Мали Ѓоќица.