ШОКАНТНО: ГРАД СКОПЈЕ СО РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ ПРЕДЛАГА КРАТЕЊЕ НА ПАРИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК И БУЛЕВАРИТЕ ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА?!
ШОКАНТНО: ГРАД СКОПЈЕ СО РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ ПРЕДЛАГА КРАТЕЊЕ НА ПАРИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК И БУЛЕВАРИТЕ ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА?!
РУСИЈА И УКРАИНА РАЗМЕНИЈА 140 ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИ, МЕЃУ НИВ 43 СЕ ОД БОРЦИТЕ ОД АЗОВСТАЛ
РУСИЈА И УКРАИНА РАЗМЕНИЈА 140 ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИ, МЕЃУ НИВ 43 СЕ ОД БОРЦИТЕ ОД АЗОВСТАЛ
Министерката Петровска на НАТО самитот во Мадрид: Безбедноста на регионот е геополитички императив на Алијансата
Министерката Петровска на НАТО самитот во Мадрид: Безбедноста на регионот е геополитички императив на Алијансата
Сме имале повеќе вакви акции, ама одзивот на кавадарчани да спасат нечиј живот е нешто невидено, кажа доктор Петличковски
Сме имале повеќе вакви акции, ама одзивот на кавадарчани да спасат нечиј живот е нешто невидено, кажа доктор Петличковски
БОМБА НА БЕКТЕШИ: БИЗНИСМЕНИ МИЛИОНЕРИ СО ПОВЛАСТЕНА СТРУЈА ГРЕАТ ЦЕЛИ БАЗЕНИ И КОПААТ КРИПТОВАЛУТИ!
БОМБА НА БЕКТЕШИ: БИЗНИСМЕНИ МИЛИОНЕРИ СО ПОВЛАСТЕНА СТРУЈА ГРЕАТ ЦЕЛИ БАЗЕНИ И КОПААТ КРИПТОВАЛУТИ!
Пратеничката Снежана Калевска – Ванчева за ,,Фокус” открива кој пратеник ја снимал во деколте
Пратеничката Снежана Калевска – Ванчева за ,,Фокус” открива кој пратеник ја снимал во деколте
Ковачевски до Милошоски: Ако сакате јавна расправа со поранешни премиери, треба да дојдат сите премиери, ама Груевски ви е во странство
Ковачевски до Милошоски: Ако сакате јавна расправа со поранешни премиери, треба да дојдат сите премиери, ама Груевски ви е во странство
Тупанчески: Ветингот на судии може да биде направен и со постојните законски решенија
Тупанчески: Ветингот на судии може да биде направен и со постојните законски решенија

ДАНЕЛА ЖИВА ФАТЕНА КАКО ГИ ЛАЖЕ СКОПЈАНИ – Град Скопје никако да ја објави мапата со над 150-те исчистени депонии

Чистењето на сите диви депонии за 82 дена и ревитализирање на просторот во чиста зелена површина, беше предизборно ветување на градоначалничката Данела Арсовска за самиот почеток од раководењето со Град Скопје. На 31 јануари 2022 година, во отчетот за сработеното, градоначалничката Арсовска ретерираше од ветувањето за чистењето на сите диви депонии и изјави дека во предизборието мапирале 120 диви депонии низ целиот град, а во првите 82 дена исчистиле над 150.

„За да им овозможиме увид на граѓаните, креиравме и наменски линк со мапираните диви депонии, а воедно отпочнавме и со постапување по пријави за нивно чистење“, изјави градоначалничката Данела Арсовска на 31 јануари 2022 година.

Мета.мк во два наврати, на 4 и 9 февруари до Градот Скопје испрати барање за одговори на идентичните прашања. Побаравме од градските власти да ни го испратат наменскиот линк со мапираните диви депонии во Скопје, за да можеме и самите да се увериме дека се исчистени над 150 диви депонии досега.

Од Градот Скопје побаравме информации за сите 150 исчистени локации, каде се наоѓале дивите депонии, колкава површина на отпад е исчистена од нив, колку тони ѓубре се собрани од локациите и на кој датум се исчистени овие диви депонии. Прашавме и за детали за тоа кои се следните локации од кои ќе се чисти расфрланиот отпад во претстојниот период во Скопје.

И покрај двете барања што ги испративме до Градот Скопје, и по 10 дена не добивме одговор на поставените прашања. Воедно, ја пребаравме веб-страницата на Градот Скопје, Фејсбук страницата на Градот Скопје и Фејсбук страницата на градоначалничката Данела Арсовска, но не успеавме да го пронајдеме наменскиот линк со мапираните диви депонии во Скопје. Навистина, редовно и тековно се објавуваат информации со фотографии за чистењето на поединечни локации во Скопје од расфрланиот отпад, но вкупната бројка на исчистените диви депонии не е објавена.

Инаку, градоначалничката Данела Арсовска на 31 јануари рече дека сите мапирани и детектирани депонии коишто ветиле дека ќе ги исчистат, ги исчистиле, а со тоа го исполниле предизборното ветување за справување со дивите депонии во Скопје.

„Ќе ги исчистиме сите депонии за точно 82 дена и ќе го ревитализираме просторот во чиста зелена површина”, стоеше во објавата на социјалните мрежи што ја пренесоа повеќе македонски медиуми на 10 октомври лани од изјавата на Данела Арсовска.

Мета.мк на 25 јануари направи обиколка низ Скопје и откри дека диви депонии и понатаму постојат на неколку локации, каде што и претходно се знаеше дека важат за горливи точки на кои нелегално се одлага отпадот од страна на несовесните граѓани. Во Карпош 3 и 4 тоа се локациите покрај кејот на реката Вардар, во општините Бутел и Шуто Оризари тоа е патот меѓу Визбегово и Шуто Оризари, како и патот помеѓу Бутел и Смилковското езеро.

Инаку, во однос на ветувањето за дивите депонии во Скопје, по пишувањето на Мета.мк реагираа и други медиуми за локациите што остана неисчистени од нелегално расфрланиот отпад, граѓаните на социјалните мрежи пишуваат за местата коишто треба да се исчистат, но и од опозициската партија во Град Скопје СДСМ во неколку наврати објави соопштенија за медиумите со фотографии од неисчистени диви депонии низ македонската метропола.

loading...

go88 app store

sunwin ơ việt nam hướng dẫn soi cầu tài xỉu sunwin sunwin âu