(ВИДЕО) Ковачевски: Со ребалансот се обезбедуваат средства за антикризни мерки, поддршка на земјоделците и повисоки плати и пензии
(ВИДЕО) Ковачевски: Со ребалансот се обезбедуваат средства за антикризни мерки, поддршка на земјоделците и повисоки плати и пензии
„Gulf oil“ Македонија донираше прехрамбени производи и средства за лична хигиена на семејства на деца со пречки во развојот
„Gulf oil“ Македонија донираше прехрамбени производи и средства за лична хигиена на семејства на деца со пречки во развојот
Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто
Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто
Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст и зголемена продуктивност
Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст и зголемена продуктивност
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза
Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза
Парното греење во Скопје ќе го преземе државата, кажа премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратенички прашања во Собранието
Парното греење во Скопје ќе го преземе државата, кажа премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратенички прашања во Собранието
Мираковска: ЕП дава јасна поддршка на земјава за евроинтеграцијата – во донесениот документ внесени македонските црвени линии
Мираковска: ЕП дава јасна поддршка на земјава за евроинтеграцијата – во донесениот документ внесени македонските црвени линии

ДЕБАТА: Проруските наративи во медиумите служат да се создаде сомнеж за евроатлантската ориентација на земјава

Фото: принскрин од панел дискусијата Дезинформациите и пропагандата во медиумите
„Имаме индикации дека дел од партиските структури се создадени и со руско учество, особено во периодот кога режимот на Груевски почна да се ниша, односно кога беше јасно дека не може да се одржи. Почнувајќи од 2015, по бомбите и после ситуацијата со Кумановските настани коишто коинцидираат со посета на тогашниот претседател на нашата држава на Кремљ, на настан кој беше бојкотиран од НАТО, на прославата на Денот на победата врз фашизмот, на 9 мај, заради тогаш почнатата војна против Украина“, рече Филип Стојановски, директор за партнерство и развој на ресурси во фондацијата Метаморфозис, на денешната панел дискусија во организација на ЦИВИЛ насловена „Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија“.

Стојановски додаде дека е многу важно да се каже дека овој проблем е многу комплексен, и делумно потекнува од ранливоста на нашето општество на дезинформации, што е состојба којашто се констатира и вон контекстот на сегашната геополитичка состојба и војната против Украина.

„Од порано имаме ситуација во којашто низа причини, почнувајќи од квалитетот на образовниот систем, особините на медиумскиот простор, интерните структури за пропаганда и манипулации, коишто беа воспоставени со, и без руско учество“, нагласи Стојановски.

На панел дискусијата учествуваше и владиниот советник за медиумски реформи Зоран Бојаровски, кој истакна дека една од паралелните работи кои се одвиваат, заедно со бруталната и со ништо не испровоцирана војна во Украина, се и силните хибридни напади што се случуваат во сајбер просторот, односно, и во реалниот простор на интернет.

Бојаровски појасни дека ова е особено битно да се истакне заради тоа што според сите податоци, денеска огромен број од граѓаните се корисници на интернет, а особено погодна целна група на овие напади од дезинформации се младите.

„Тој тип ја прави особено погодна целна група за да се врши влијание. А влијанието се прави како што се прави со конвенционалните средства за војна, со ист интензитет се прават и овие хибридни закани во сајбер или на интернет просторот, и, се разбира, целта е да се демотивира, да се предизвика сомнеж во вредностите, во однос на Руската Федерација и вредностите што таа ги почитува и негува, и тоа особено се однесува на земјите кои се или членки на Европската Унија, или на НАТО сојузот, или земји кои претендираат да бидат членки на овие сојузи кои максимално ги вреднуваат западно европските вредности“, рече Бојаровски.

Според професорката Весна Попоска од Универзитетот „Визион“ – Гостивар, пропагандата како цел, не бира сектори и се шири насекаде. Таа нагласи дека апсолутно секој е одговорен за своите постапки, особено во академската заедница.

„Во академската заедница е многу важно да се вратиме на академскиот интегритет, надвор од она што се зборува како предуслови во звање, согласно законот за образование и законот за истражувачка дејност, и за жал, науката беше силно злоупотребена во истиот период за кој зборува Бојаровски, имавме пленум и контра пленум. Имавме и протагонисти на говор на омраза кои се промовираа како борци за човекови права, но тоа е нешто што не може да се спречи“, рече Попоска.

Професорката додаде и дека обидите да се спречат, да се криминализираат дезинформациите отвораат една друга сензитивна област, бидејќи дезинформациите не постојат како кривично дело во Кривичниот законик.

„Практично е многу тешко да се воспостави балансот помеѓу потребата за безбедност и заштита од дезинформации и она што е поставено како стандард во согласност со Член 10 од Европската Конвенција за човекови права во делот на слобода на говор. Затоа, ние како академска заедница имаме сериозна одговорност, и граѓанското општество исто така има сериозна одговорност, исто и Владата, во однос на тоа со кого соработува и чии ставови пропагира. Медиумите исто така имаат одговорност на кого даваат простор, затоа што понекогаш, во потрага за сензационализам, канат гости кои не уживаат академски интегритет, но уживаат определени титули постигнати на различен начин, и затоа, одговорноста е споделена“, порача Попоска.

loading...

https://tai.go88.is/

tải game sunwin sunwin games sunwin đài loan