ЗЛАТКО МАРИН: Некогашната фонтана во близина на ТЦ „Бисер“ ја претворивме во прекрасно катче хортикултурно уредено со најразлични цвеќиња и зимзелени дрвја.
ЗЛАТКО МАРИН: Некогашната фонтана во близина на ТЦ „Бисер“ ја претворивме во прекрасно катче хортикултурно уредено со најразлични цвеќиња и зимзелени дрвја.
ЗПВ Николовски : Имунизацијата е клучна за побрзо да стекнеме колективен имунитет и да ја оставиме оваа тешка здравствена криза зад нас
ЗПВ Николовски : Имунизацијата е клучна за побрзо да стекнеме колективен имунитет и да ја оставиме оваа тешка здравствена криза зад нас
ФИТР и ПроКредит Банка потпишаа меморандум за соработка со кој обезбедуваат полесен пристап до финансирање на иновативните компании, најголем број услуги обезбедуваме за стартап компаниите
ФИТР и ПроКредит Банка потпишаа меморандум за соработка со кој обезбедуваат полесен пристап до финансирање на иновативните компании, најголем број услуги обезбедуваме за стартап компаниите
ЗАЕВ: ЗАКОНОТ ЗА ДИВОГРАДБИ Е ПРЕДЛОГ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ, СЕ РАБОТИ ЗА ОКОЛУ 50 000 КУЌИ НА СИРОМАШНИ ГРАЃАНИ КОИ НЕМАЛЕ ПАРИ ЗА ЕЛАБОРАТ
ЗАЕВ: ЗАКОНОТ ЗА ДИВОГРАДБИ Е ПРЕДЛОГ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ, СЕ РАБОТИ ЗА ОКОЛУ 50 000 КУЌИ НА СИРОМАШНИ ГРАЃАНИ КОИ НЕМАЛЕ ПАРИ ЗА ЕЛАБОРАТ
Анализа: Правила, протоколи, услови и мерки за патување и престој во Грција
Анализа: Правила, протоколи, услови и мерки за патување и престој во Грција
(ВИДЕО) БОГДАНОВИЌ: ОРЦЕ НИКОЛОВ ЌЕ БИДЕ УЛИЦА КАКВА НЕМА ВО ЗЕМЈАВА, ВЕЛО ПАТЕКИ, ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ, СМАРТ ЛЕД КАНДЕЛАБРИ, СЕНЗОРИ ЗА СЛОБОДЕН ПАРКИНГ САМО ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА УЛИЦАТА, ВАКВИ УШТЕ 10 УЛИЦИ ЌЕ ИМА ВО ЦЕНТАР!

(ВИДЕО) Заев: Мицотакис разви неколку идеи за тргање на бугарската блокада и помош на нашиот пат кон ЕУ
(ВИДЕО) Заев: Мицотакис разви неколку идеи за тргање на бугарската блокада и помош на нашиот пат кон ЕУ
Сарач: ДНЕТ се оградува од изјавата на Мицкоски во врска со случувањата во Палестина и бараме истата да биде повлечена
Сарач: ДНЕТ се оградува од изјавата на Мицкоски во врска со случувањата во Палестина и бараме истата да биде повлечена

ДЕБАТА ВО ПРИЛЕП: Унапредувањето на средното стручно образование е процес, кој бара ангажман и инволвирање на сите општествени чинители

Илија Јованоски

Унапредувањето на средното стручно образование е процес, кој бара ангажман и инволвирање на сите општествени чинители, а пред се’ подразбира дебата, разговор и размена на мислења помеѓу бизнис зедницата, образовните работници и надлежните инстититуции.

Во таа насока, под мотото „Учи паметно, работи стручно“, денеска имавме дебата на која учествуваа министерката за образование и наука Мила Царовска, градоначалникот на Крушево Томе Христоски, директори од средните технички училишта од Прилеп, претставници на стопанската комора и локални компании.

Еден од најважните предуслови за локалниот економски развој, за функционирањето на компаниите, за развој на индустријата и унапредување на бизнис климата во општината, е квалификуваниот стручен кадар. Убеден сум во тоа дека, само со квалификувана работна сила, може да има унапредување на постојните бизниси и нови инвестиции согласно голобалниот технолошки развој.
Поголемите компании, кои инвестираат, работат и делуваат во нашата општина, согласно нивното производство и технологиите кои ги користат и планираат да ги употребат, наметнаа потреба од специфичен стручен кадар којшто недостасува во нивните работни колективи.

Во контекст на тоа, како најдобар пример со кој може да се потврди взаемниот интерес помеѓу средното образование, младите и приватниот сектор, е проектот за дуално образование, кој веќе се имплементира во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ од Прилеп.

Веќе втора година откако е започнат проектот кој е во организација на Делегацијата на германското стопанство во Република Северна Македонија, а е поддржан од Министерството за образование, Центарот за средно стручно образование и обука и Бирото за развој на образованието, а се одвива во партнерство со локални компании, каде што учениците посетуваат практична обука која што е застапена во сооднос од 50 проценти од нивната настава.

Ова значи дека младите среднисти, односно учениците, покрај формалната теоретска настава во училиштето, се стекнуваат и со практична настава во рамки на нивниот образовен профил, во локални компании кои имаат потреба од токму таков кадар.

Имено, станува збор за двата нови образовни профили во СОУ „Ристе Ристески Ричко“. Првиот: техничари за индустриска мехатроника од електро – техничката струка, кои својата практична обука ја спроведуваат во компанијата ‘Гентерм’ и во компанијата ‘Витаминка’. Додека, пак, другиот образовен профил е техничар за производно машинство, а учениците запишани на овој профил, ја спроведуваат својата обука во компанијата ‘ВИК’.

Тоа е таа соработка помеѓу компаниите и училиштата, која треба да ја негуваме и да направиме се’ за да продолжи и да се продлабочи.
Оттука, сметам дека токму формирањето на образовните профили во средните училишта, треба да биде тесно поврзано со потребата за специфична работна сила на компаниите и согласно плановите за економски развој на општината.

loading...

AnimeHeaven bleach anime heaven: Umibe no Étranger (https://animeheaven.pro/m/zDPN) Episode Full

AniWatch anime sites: Watch Death Note Episode 24