Дефицит од едуцирани угостителски работници, младите угостители ја напуштаат Македонија

Проблемот за наѓање угостителски работници се уште не демнее. Угостителите се потешко успеваат во своите тимови да вработат професионални и искусни угостителски работници откриваат за „Локално“, Здравко Јосифовски, Претседател на Независна угостителска комора и сопственикот на „Етно ресторан Ранч“, Горан Смилевски.

Според Јосифивски појавата на пандемијата и покрај тоа што на прв поглед изгледа дека угостителите нема да имаат недостаток од стручен кадар сепак вистината е сосема друга. Но, и зголемената потреба од работници наметнала недостаток на професионален угостителски.

-Поради смалениот промет како резултат на намалената посета на гости од постојните протоколи и ограничувања за работа на угостителски објекти се помалку работници пројавуваат нтерес за работа во нив. Дополнителните приходи кои во угостителската индустрија се остваруваа преку т.н. тип или бакшиш кој понекогаш може да биде и поголем од дневниците и месечните надоместоци одамна е смален или скоро и да не постои. Од друга страна енормната појава на угостителски објекти последната декада во урбаните и руралните средини и зголемената потреба од работници наметна недостаток на професионален угостителски онаму каде угостителските објекти располагаат и со кујни, односно вршат подготовка и послужување на храна, вели Јосифовски.

И Смилесвки и Јосифовски сметаат дека проблемот лежи во недостаток на угостителско стручно образование, а младите заминуваат да работат во странство.

-Тешко се наоѓаат угостителски работници. Мислам дека проблемот не е во ниските примања,тие се доволни за пристоен живот, нема доволно едукациско угостителско-туристичко образование, младите се повеќе се орентирани кон сезонска работа во угостителски објекти во странство. Се повеќе луѓето го избираат угостителството како хонорарна работа,во нивното слободно време,за викенд покрај нивната примарна работа. Мислам дека во сите општини во Република Македонија постојат исти проблеми во наоѓање на работници, кажува сопственикот на угостителскиот објект Горан.

-Не е точно дека нема интерес за вработување во угостителската индустрија. Би напоменале дека изминатите години Македонија нема вложувања и стратегија во зголемување и едукација на потребен и неопходен кадар за работа во угостителски објекти, а оние малкумина млади едуцирани вработени со кои работиме веднаш со стекнување на минимално работно искуство бараат работа надвор од државата со цел да се стекнат со поголемо и поразновидно знаење и искуство, да се соочат со поголеми предизвици во работа и по можност да заработат или заштедат денар повеќе.Нормално висината на месечните надоместоци кои се нудат за време на сезона во туристичките центри поради пандемијата од година во година ги надминаат рекордите исите млади со малку поголемо или помало угостителско искуство го користат моментот пред се да за пократок период заработат повеќе Истите по завршувањето на сезонската работа и враќањето дома немаат интерес и не сакаат да ја работат истата работи, притоа уживајќи и трошејќи ги заработките од сезонската работа до наредната сезона, рече претседателот на НУК.

И претседателот и работодавачот се децидни дека зголемената минимална плата од 18.000 нема да влијае врз зголемен интерес за вработување во угостителски дејности.

-Платите во угостителската индустрија веќе одамна се поголеми не само од минималната плата туку и од просечната плата во Македонија. Дури и практикантите или вработени без искуство кај угостителите започнуваат со дневница или плата поголема од новата загарантирана минимална плата од 18.000 денари, потенцира Јосифовски.

-Во угостителскиот сектор,и во претходниот период никој од работниците не земал минимална плата,барем кога станува збор за нашиот објект, вели Смилевски.

Претседателот на здружението смета дека од краткорочно вработување нема ефект, додека работодавачот Горан има сосема друг став.

-Во заблуда се сите што мислат дека краткорочните вработувања ќе им помогне на угостителската индустрија. Угостителите имаат потреба од сериозен, стабилен, образуван, искусен и квалитетен кадар. Многу подобро ќе биде да се обезбедат обуки и курсеви за едуцирање и специјализација на вработените во угостителската индустрија со што ќе се допринесе во угостителските објекти да работат вработени кои имаат барем елементарни познавања за работата што ја работат, вели Јосифовски.

Смилевски смета дека со ангажирање на работници на краткорочно би се помогнало на моменталната состојба во угостителството.

Формалното знаење игра клучна улога во финансиите на угостителите е ставот на сопственоткот на Етно село ранч, додека според претседателот на незавизна угостителска комора секој треба да е награден според заслуга.

– Секој кој знае професионално и одговорно да ги исполнува обврските од работното место е соодветно награден без разлика дали знаењето го стекнал преку формално или неформално знаење. Денес сме сведоци како многу професионалци од угостителската индустрија немаат соодветно формално образование туку своето знаење го стекнале преку разни обуки, курсеви и пракса и соработка кај познати и признаени угостителски работници, вели Здравко Јосифовски.

-Во последно време се помалку има работници со стекнато стручно образование,но како и да е тие имаат поголеми месечни примања од луѓето без стручно образование, кажува Горан Смилевски.

game sunwin tải sunwin apk sunwin apk

game bài sunwin tải sunwin tải sunwin apk

sunwin web

sun win

tải sunwin