Ковачевски: Власите се значајни учесници во севкупниот развој на нашата држава
Ковачевски: Власите се значајни учесници во севкупниот развој на нашата држава
За случајот со снимката на Џафери треба да има постапка во Собранието, постапка базирана на процедура и докази, смета Ковачевски
За случајот со снимката на Џафери треба да има постапка во Собранието, постапка базирана на процедура и докази, смета Ковачевски
Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 11-то издание на самитот на „Македонија 2025“: Должност на државата е да му помогне на стопанството за да се преброди овој кризен период
Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 11-то издание на самитот на „Македонија 2025“: Должност на државата е да му помогне на стопанството за да се преброди овој кризен период
25 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ - НИКОБ ГРУПАЦИЈАТА СТАНУВА БИЗНИС ИМПЕРИЈА КОЈА НУДИ УСЛУГИ ПО ПРИСТАПНИ ЦЕНИ ЗА ШИРОКАТА ПОПУЛАЦИЈА - Кирил Лазаров: НИКОБ е бренд кој го создадоа задоволните клиенти
25 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ - НИКОБ ГРУПАЦИЈАТА СТАНУВА БИЗНИС ИМПЕРИЈА КОЈА НУДИ УСЛУГИ ПО ПРИСТАПНИ ЦЕНИ ЗА ШИРОКАТА ПОПУЛАЦИЈА - Кирил Лазаров: НИКОБ е бренд кој го создадоа задоволните клиенти
Ковачевски по повод официјалното пуштање во работа на две нови инвестиции на Групацијата НИКОБ - ПЗУ НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб: Посветени сме на севкупен економски развој и на заштитата на стандардот на граѓаните
Ковачевски по повод официјалното пуштање во работа на две нови инвестиции на Групацијата НИКОБ - ПЗУ НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб: Посветени сме на севкупен економски развој и на заштитата на стандардот на граѓаните
Герасимовски: Учениците со посебни образовни потреби ќе ги посетуваат асистенти и за летниот распуст
Герасимовски: Учениците со посебни образовни потреби ќе ги посетуваат асистенти и за летниот распуст
ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА СКОПЈЕ: Продолжува санацијата на оштетувањата и обновата на хоризонталната сигнализација на улиците во општина Ѓорче Петров
ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА СКОПЈЕ: Продолжува санацијата на оштетувањата и обновата на хоризонталната сигнализација на улиците во општина Ѓорче Петров
Анѓушев со демант кон ВМРО-ДПМНЕ: Немам никаква поврзаност со „Осломеј”, апелирам партиите да не го злоупотребуваат моето име и моето семејство
Анѓушев со демант кон ВМРО-ДПМНЕ: Немам никаква поврзаност со „Осломеј”, апелирам партиите да не го злоупотребуваат моето име и моето семејство

„Дел од рускиот арсенал“: силувања во Украина

Извештаите за наводни силувања и сексуално насилство од страна на руските војници во Украина стануваат се побројни. „Невозможно е да се изброи колку жртви има сега“, изјави украински функционер.

По повлекувањето на руските сили од западот на Украина, се појавуваат бројни наводи за силувања извршени од руски војници. Украинските обвинители истражуваат дали станува збор за политика на воени злосторства одобрена од руските власти. Александар Касаткин, Јулија Жукова и Сашко Шевченко

Кога војниците од Русија дојдоа во нејзиниот град и ѝ се заканија дека ќе ја силуваат нејзината ќерка, една жена се обиде да ги убеди да ја земат наместо неа, вели психологот Василиса Левченко, раскажувајќи ја приказната за наводна жртва на силување во Украина.

„Еден од нив се согласи“, рече таа.

Приказната на оваа жена е само еден од десетиците или повеќе што се документирани од официјални лица, хуманитарни работници и набљудувачи на човековите права откако руските трупи се повлекоа од областите околу главниот град Киев и другите делови на земјата што ја нападнаа на 24 февруари.

Бајден ја обвини Русија за „геноцид“ во Украина

„Невозможно е да се изброи колку жртви има сега“, изјави украинската омбудсманка за човекови права Људмила Денисова за украинската редакција на РСЕ, „бидејќи толку многу луѓе се брутално убиени. Но, друга е приказната кога нашите жени, деца и нивните родители сега ни раскажуваат за насилството што било извршено врз нив“.

Денисова додаде дека некои од наводните жртви на силување тврделе дека војниците им кажувале работи како: „Ќе се погрижиме никогаш повеќе да не сакаш да бидеш со маж за да немаш повеќе деца“.

„Според прелиминарните информации, имало многу силувања – ужасно многу“, вели украинската главна обвинителка Ирина Венедиктова, додавајќи: „Сите случаи ќе бидат истражени“.

Во извештајот објавен на 3 април, Хјуман рајтс воч (ХРВ) со седиште во Њујорк се документираат првите пријавени наводи за силување.

31-годишна жена, која побара да остане анонимна, од селото Малаја Рохан, во близина на источниот град Харкив, изјави дека руски војник упаднал во подрумот на локалното училиште каде што група жени и деца биле засолнети во ноќта меѓу 13 и 14 март.

Таа рече дека војникот ја однел во училница на вториот кат и под закана со пиштол ја принудил да се соблече и да изврши орален секс.

„Цело време, тој држеше пиштол во близина на мојата слепоочница или ми го ставаше во лице. Двапати пукаше во таванот и рече дека тоа било за да ми даде поголема „мотивација“, изјави таа, наведувајќи дека војникот потоа двапати ја силувал и оти со нож и ги расекол лицето и вратот, а потоа ја пуштил да си оди.

Следниот ден, таа и нејзиното семејство отидоа до Харкив, каде ѝ била укажана помош.

„Имав среќа што сум жива“, рече таа.

Истиот ден, британската амбасадорка во Украина Мелинда Симонс објави на Твитер дека силувањето е „воено оружје“.

Француски тим истражува воени злосторства во Украина

„Иако сè уште не го знаеме целосниот обем на неговата употреба во Украина, веќе е јасно дека беше дел од рускиот арсенал“, напиша Симонс, додавајќи: „Силувани жени пред нивните деца, девојчиња пред нивните семејства, се намерен чин на потчинување“.

Русија не одговори конкретно на обвинувањата за силување. Руските власти негираа дека руските сили во Украина вршеле воени злосторства, но дадоа малку докази за да ги поддржат тие негирања.

Набргу по првичниот извештај на ХРВ, истражувачката на ХРВ во Украина, Јулија Горбунова, изјави за РСЕ дека истражувала два други случаи на сексуално насилство од руските трупи во киевските предградија Буча и Бровари.

„Собирањето информации за такви случаи може да потрае долго време. Во некои конфликти, беа потребни месеци или дури години пред да се дознае вистинската големина на злосторствата“, рече Горбунова.

По ваквите првични извештаи, поплава од слични приказни за сексуално насилство – и наводи за многу други злосторства – почнаа да се документираат по руското повлекување на почетокот на овој месец.

Украинка го најде телото на убиениот син во бунар
EMBED SHARE
Украинка го најде телото на убиениот син во бунар

Андриј Нибитов, шеф на регионалната полиција во Киев, наведе случај на силување во селото Бохданивка.

„Жената отиде дома со својот син и се обиде да се скрие од руските војници кои го убија нејзиниот сопруг, рече Нибитов, додавајќи: но, двајца од нив се појавија вечерта, пијани. Тие заминаа, но потоа се вратија уште три пати, силувајќи ја секој пат. Конечно, таа успеала да се ослободи и да избега“, рече тој.

На брифинг со новинарите на 7 април, Олександр Вилкул, шеф на украинската воена администрација во Кривиј Рих во јужниот регион Керсон, обвини дека руски војници силувале 78-годишна старица.

Шолц: Смртта на цивили во Буча е воено злосторство

Во објава на Фејсбук на 8 април, народниот правобранител Денисова пријавила наводно силување на 14-годишно девојче од страна на пет војници во Буча, додавајќи дека жртвата била трудна.

Денисова, исто така, пријавила дека една жена во Буча била врзана за маса и принудена да гледа како руски војници го силуваат нејзиниот 11-годишен син и дека 20-годишна жена во градот Ирпин во Киев била силувана од тројца војници истовремено.

„Нивото на бруталност на оваа армија терористи и џелати на Руската Федерација нема граници“, напиша Денисова, повикувајќи ги Обединетите нации да ги истражат наводните злосторства.

Психологот Левченко вели дека бројот на силувања е веројатно далеку поголем од бројот што е пријавен досега. „Не е дека жените не сакаат да зборуваат за тоа. Тие не можат“, вели Левченко, додавајќи дека се појавуваат нови случаи меѓу Украинците кои побегнале во Полска и сега им ги раскажуваат своите приказни на хуманитарните работници таму.

Други, велат хуманитарните работници, одбиваат да зборуваат поради стравот од одмазда додека руската војна против Украина продолжува.

„Има една жена која директно рече дека не сака да ја споделиме нејзината приказна со никого, затоа што се плаши дека ќе ја најдат и убијат. Така и рекоа“, изјави Марина Лехенка, потпретседател на европската платформа на невладини организации против трговија со луѓе Ла Страда.

Обединетите нации ја исклучија Русија од Советот за човекови права

Во интервју на 7 април психологот и хуманитарен работник Катерина Галјант, која отвори канал на Телеграм каде што професионалци за ментално здравје можат да се поврзат со луѓе на кои им треба помош, опиша три наводни групни силувања во кои учествувале групи од три до пет руски војници во Буча.

„Силувањето сега е инструмент за војна. Начин на демонстрација на сила, на тероризирање на луѓето и нивно психичко и физичко кршење“, вели Галијант.

Украинската јавна обвинителка Венедиктова изјави дека нејзината канцеларија формирала работна група за собирање информации за наводните силувања и нивно пренесување до Меѓународниот кривичен суд.

„Таму отворија случај против Руската Федерација“, рече таа. „Против земјата агресор. Ова ни овозможува да ги користиме овие докази не само лично против поединечни војници. Ако можеме да ги идентификуваме војниците, одлично. Но, ако не можеме да ги идентификуваме, сепак можеме да ги користиме овие информации и докази за да потврдиме примери за злосторства извршени од руската армија на територијата на Украина“.

loading...

https://animedao1.com/. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

Redo of Healer

watch anime free The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement

animes online AnimeDao Ranking of Kings

Ranking of Kings

anime website Fairy Tail

tải go88