Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија

Делчево и Разловци одбележаа 146 години од Разловечкото востание

Со пригодна свеченост традиционално организирана во дворот на црквата „Св. цар Константин и царица Елена“ во селото Разловци, денеска Делчево и селото Разловци одбележаа 146 години од Разловечкото востание, прво вооружено востание со кое отпочнува бурниот Предилинденски период за слободна и самостојна држава.

Програмата започна со пригоден реферат посветен на историските моменти и значењето на Востанието подготвен од членовите на КУД „Гоце Делчев“, додека делегација од Општина Делчево, предводена од градоначалникот Горан Трајковски, претставници од Советот на Општина Делчево, предводена од претседателот Гоце Попов, политички партии, здруженија на граѓани, положија свежо цвеќе и се поклонија пред спомен-обележјето на поп Стојан, еден од организаторите на Востанието, а поставено на влезот на црквата „Св.цар Константин и царица Елена“ во селото Разловци.

Градоначалникот Трајковски по повод годишнината од Востанието истакна дека Делчево гордо и достоинствено се поклонува и оддава почит на ликот и делото на храбрите разловечки востаници кои се симбол на непокорот и кои го започнаа бурниот предилинденски период во македонската историја.

– Нивниот чин, нѐ обврзува и нѐ поттикнува денес да работиме и да ја градиме нашата држава, општина и славното Разловци. Разловци е мотивот кој инспирира и обврзува и те прави горд што потекнуваш од овој крај и мотивира да работиш посветено, за да го одржиш жив аманетот на храбрите востаници, истакна Трајковски.

Трајковски додаде дека изминатиов период се реализирани клучни проекти кои значат подобар квалитет на животот на жителите на Делчево и на најодалеченото село во делчевската општина.

Во рамките на културно-уметничката програма настапија ученици од ПУ „Св.Климент Охридски“ од с. Разловци, како и КУД „Гоце Делчев“, ФГ НУЦК „Никола Јонкова Вапцаров“ и ФГ „Копачка.

Настанот беше во организација на Општина Делчево и НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ со поддршка на Минситерството за клутура.

По повод 146 години од Разловечкото востание, в недела, 22 мај во соработка со ПСК „Голак“ ќе се реализира традиционалниот планинарски марш.

loading...

link tài xỉu go88 go88 hỗ trợ ngân hàng nào go88 rút tiền bị từ chối

sunwin- game đánh bài online Sun Win - Cổng Game Bài Macao, Tài Xỉu Số 1 VN sunwin apk