21 година подоцна, осум црвени ружи и осум запалени свеќи во чест и помен на осумтемина загинати македонски бранители, убиени во крвавата заседа кај с.Вејце.
Да не се повтори, да не се заборават:
Роберт Петковски (27) од Скопје,
Бобан Трајковски (28) од Куманово,
Игор Костески (26) од Скопје,
Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица,
Марјан Божиновски (27),
Илче Стојановски (24),
Кире Костадиновски (24) и
Бошко Најдовски (24), четворицата од Битола.
Вечна ви слава, херои македонски!