АД ЕСМ ДОДЕЛИ 6 СТИПЕНДИИ НА СТУДЕНТИ ОД ПРВА ГОДИНА ОД ТЕТОВСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ
АД ЕСМ ДОДЕЛИ 6 СТИПЕНДИИ НА СТУДЕНТИ ОД ПРВА ГОДИНА ОД ТЕТОВСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ
АД ЕСМ додели 5 стипендии на студенти од електротехнички и информациски студии
АД ЕСМ додели 5 стипендии на студенти од електротехнички и информациски студии
Заев очекува отворање на граничниот премин Маркова Нога, обврска од Преспанскиот договор
Заев очекува отворање на граничниот премин Маркова Нога, обврска од Преспанскиот договор
Османи: Одбиен е спорниот дел во францускиот предлог кој се однесува на нас
Османи: Одбиен е спорниот дел во францускиот предлог кој се однесува на нас
Петков објасни што ќе се случи ако Македонија го прифати „францускиот предлог“
Петков објасни што ќе се случи ако Македонија го прифати „францускиот предлог“
ССМ утре ќе го блокира влезот на Скопје
ССМ утре ќе го блокира влезот на Скопје
Бектеши: Цената на струјата што ја понуди ЕСМ не е нереална, туку одговорна одлука
Бектеши: Цената на струјата што ја понуди ЕСМ не е нереална, туку одговорна одлука
Османи: Колку треба да си алчен и да не си ја сакаш државата
Османи: Колку треба да си алчен и да не си ја сакаш државата

Демант на Максим Димитриевски до партијата Левица, Општина Куманово останува транспарентна, отчетна и посветена институција, која е отворена за сите граѓани

Почитувани,

Тенденциозни и невистини се наводите на партијата Левица поврзани со
работата на општина Куманово.

Во работата на општината се е транспаретно и сите набавки се објавени на
сајтот на Биро за јавни набавки за претходните три години. Се работи за
рамковни барани податоци во тендерската спецификација, а не како што е
објавено дека се потрошени количини од страна на Општина Куманово.

По склучување на договорите, Општина Куманово ги нема искористено во
целост количините на производите, кои се наведени во објавените
податоци. Единствен производ, кој е максимално искористен од потпишаните
договори е набавка на вода, која општината ја користи за сопствени
потреби, за потребите на Совет на Општината, за сите предвидени и
одржани манифестации, чиј покровител е Општина Куманово, како и за
спроведување на процесот на вакцинација на населението во текот на 2021
година.

Согласно почетокот на пандемијата со КОВИД-19 и донесените заштитни
мерки и протоколи за граѓаните на Република Северна Македонија, беше
искористена доволна количина на флаширана вода, со цел максимално
почитување на протоколите за заштита од корона вирусот.

Што се однесува до другите производи, не се зема количината која е
распишана, туку се земаат сукцесивно оние производи за кои има потреба
Општината. Договорите се потпишани со важност од 1 година, а не до
вредносно искористување на Договорот, што значи дека голем дел од
производите Општина Куманово не ги набавила.

Податоците за алкохолот воопшто не се точни, ниту како бројка, ниту како
количина (395 л), а од искористените количини најголем дел е вино, кое
се користи како репрезентативен материјал на Општината при работни
посети на делегации и гости на Општина Куманово. Истото важи за
податоците за кафе и шеќер, кои воопшто не одговараат, ниту како бројка
ниту како количина, бидејќи при презентирање на податоците од нивна
страна се помешани мерните единици за количините.

Сакаме да истакнеме дека партијата Левица во ниту еден момент се нема
обратено до ниту еден Сектор при Општина Куманово, со цел да побара
податоци и да добие соодветни и точни одговори на прашањата, за кои
имаат интерес. Да се обратеа ќе ги добиеја сите потребни информации и
немаше да дојдат во ситуација да кажуваат невистини во јавноста.

loading...

go88 play

sunwin pro plus kang seok cầu sunwin sunwin laser engraver