БРАВО - КОЖУВЧАНКА ДОНИРАЛА НАД 160 000 ЕВРА НА КАВАДАРЧАНИ!
БРАВО - КОЖУВЧАНКА ДОНИРАЛА НАД 160 000 ЕВРА НА КАВАДАРЧАНИ!
Премиерот Ковачевски на ФБ: Благовремената и координирана реакција го спречи ширењето на пожарот во Битола и предизвикување на поголема штета
Премиерот Ковачевски на ФБ: Благовремената и координирана реакција го спречи ширењето на пожарот во Битола и предизвикување на поголема штета
ОВА Е НАЈГОЛЕМ СРАМ ЗА ДРЖАВАТА: Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета

Славењето на Водици во реканското село Битуше е посебно доживување, различно од другите македонски села и градови
Славењето на Водици во реканското село Битуше е посебно доживување, различно од другите македонски села и градови
ЛДП се шири со нови општински организации. Вечерва во хотел Сириус, се одржа основачко Собрание на општинската организација на ЛДП - Василево
ЛДП се шири со нови општински организации. Вечерва во хотел Сириус, се одржа основачко Собрание на општинската организација на ЛДП - Василево
Комерцијална банка и East Gate Mall - заедно за нова радост! Подари 1.000, 2.000, 3.000, 4.000 или 5.000 денари во вид на подарок-картичка и израдувај ги оние што најмногу ти значат
Комерцијална банка и East Gate Mall - заедно за нова радост! Подари 1.000, 2.000, 3.000, 4.000 или 5.000 денари во вид на подарок-картичка и израдувај ги оние што најмногу ти значат
АНАСТАСОВ: УЛИЦИТЕ ВО ПРОБИШТИП СЕ ЧИСТАТ И ПОСОЛУВААТ РЕДОВНО, СЕПАК ДА СЕ ВОЗИ ВНИМАТЕЛНО
АНАСТАСОВ: УЛИЦИТЕ ВО ПРОБИШТИП СЕ ЧИСТАТ И ПОСОЛУВААТ РЕДОВНО, СЕПАК ДА СЕ ВОЗИ ВНИМАТЕЛНО
Демократски сојуз: ВМРО-ДПМНЕ, продолжува со монструозни конструкции и обвинувања
Демократски сојуз: ВМРО-ДПМНЕ, продолжува со монструозни конструкции и обвинувања

ДЕМАНТ на Таргет Груп и БизнисМрежа.мк во врска со текст објавен на порталот Фактор

На ден 19.07.2021 година на интернет порталот faktor.mk објавен е текст со наслов „„Таргет груп“ и „Бизнис мрежа“ злоупотребуваат податоци од Централен регистар, добија кривична пријава!“ во кој текст се содржани невистинити факти штетни за правното лице ТАРГЕТ ГРУП Скопје и неговиот продукт BiznisMreza.mk и со овој ДЕМАНТ ги ДЕМАНТИРАМЕ информациите дадени во текстот.

Имено, во предметниот текст се содржани информации дека ТАРГЕТ ГРУП ДОО Скопје наводно работи спротивно на закон и врши злоупотреба на податоци содржани во регистрите на Централниот регистар. Ваквите информации се дадени од страна на Централниот регистар, кој како државна институција не смее да шпекулира со вакви информации, уште повеќе со обвинувања дека некој сторил наводно кривично дело.

Во текстот се тврди дека ТАРГЕТ ГРУП во неговиот продукт biznismreza.mk користи податоци кои што се добиени на незаконит начин, па следствено чувствуваме потреба на нашите ценети сегашни и идни клиенти им ја објасниме состојбата со трговските информации.

Имено, до податоците на Централниот регистар можат да пристапат и да ги добијат сите физички и правни лица без да имаат никаков посебен интерес, бидејќи податоците во тие регистри се јавни согласно закон. Впрочем, за сите измени во трговските друштва, Централниот регистар е должен да ги објави на нивната веб страната, што значи дека се јавно достапни.

Во однос на наводната незаконитост на работењето на ТАРГЕТ ГРУП ДОО Скопје, ви укажуваме на следното. Согласно чл.8 ст.1 од Законот за Централен регистар податоците кои се утврдени со овој закон и друг закон се внесуваат во Централниот регистар каде што електронски се обработуваат, обединуваат, селектираат, чуваат и прават достапни до заинтересираните корисници., а додека согласно чл.14 од Законот за Централен регистар: Податоците од Централниот регистар можат да ги користат органите на државната управа, сите физички и правни лица, домашни и странски, освен ако за некои од нив поинаку не е определено со закон или со договор.

Па следствено, се поставува прашањето како наводно ТАРГЕТ ГРУП ДОО Скопје работи спротивно на закон кога секој има пристап до податоците и каде е наведено во законот дека овие информации не смеат да се обработуваат и препродаваат за трговски цели?

Во Законот за Централен регистар не постои забрана за обработка на добиените податоци, бидејќи таквите податоци се јавни. Впрочем, единствени информации кои што не смеат да се прибавуваат и продаваат се информации со назнаки согласно законот за класифицирани информации. Посебноста на законот за Централен Регистар е да го олесни трансферот на информации помеѓу физичките и правните лица поради побезбедна деловна соработка помеѓу субјектите и идентификување на деловните партнери. Информациите од сите државни регистри, кои што се јавни книги, вклучително и информациите содржани во трговските и други регистри при Централниот регистар може да ги купува секое правно лице, од медиум до финансиско друштво и таквите информации да ги обработува со сопствен know-how и формат и на тој начин да го продава својот финален продукт. Впрочем ваквиот начин на работење и анализа на правни лица е дејност која што е прифатена во секоја модерна и демократска држава.

Со оглед на се од горенаведеното, сметаме дека информациите во јавноста во поглед на незаконитоста на работењето на Таргет Груп ДОО Скопје и нивниот продукт biznismreza.mk имаат една и единствена цел, а тоа е да се наштети на честа и угледот на ТАРГЕТ ГРУП ДОО Скопје, од нас непознати причини и за истите ТАРГЕТ ГРУП ДОО Скопје ќе преземе соодветни правни механизми за заштита, вклучително и изворот на информации, како и они кои што ги шират истите, без претходно да направат верификација на фактите.

Ви благодариме,

Со почит,

Таргет Груп ДООЕЛ Скопје

loading...

AnimeFreak - Watch Anime Online for Free. Subbed & Dubbed. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

Tokyo Ghoul Episode 5

How NOT to Summon a Demon Lord Ω

animefreaks website Dragon Ball Super (Dub)

dubbed anime Boruto: Naruto Next Generations (Dub)

AnimeFreak Attack on Titan Season 3 (Dub) Episode 10