(ВИДЕО) БОЈКОТИРАМ СЕ ИСПОТЕПАА НА СТРИМ НА ТЕМА ПРАВА ЗА ЛГБТ ЗАЕДНИЦА
(ВИДЕО) БОЈКОТИРАМ СЕ ИСПОТЕПАА НА СТРИМ НА ТЕМА ПРАВА ЗА ЛГБТ ЗАЕДНИЦА
(ВИДЕО) ДАРКО ПАНЧЕВ СИ ДОБИ СВОЈА ЕМИСИЈА НА ИНТЕРНЕТ
(ВИДЕО) ДАРКО ПАНЧЕВ СИ ДОБИ СВОЈА ЕМИСИЈА НА ИНТЕРНЕТ
Пандев: Срцето ми е полно, ова е мојот максимум и не можам повеќе!
Пандев: Срцето ми е полно, ова е мојот максимум и не можам повеќе!
И Македонија забрани прелети на авиони од Белорусија, изненадувачки тоа го направи и Србија
И Македонија забрани прелети на авиони од Белорусија, изненадувачки тоа го направи и Србија
ТЕУТА АРИФИ: 200 возразни лица во Тетово ќе завршат средно образование
ТЕУТА АРИФИ: 200 возразни лица во Тетово ќе завршат средно образование
(ВИДЕО) Дваесет најдобри гитаристи на сите времиња
(ВИДЕО) Дваесет најдобри гитаристи на сите времиња
(ВИДЕО) ИГОР ЏАМБАЗОВ ПРВ СТАНАР ВО РЕЗИДЕНЦИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР КОСМОС!
(ВИДЕО) ИГОР ЏАМБАЗОВ ПРВ СТАНАР ВО РЕЗИДЕНЦИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР КОСМОС!
Нови 1.500 метри водоводна мрежа во општина Ѓорче Петров!
Нови 1.500 метри водоводна мрежа во општина Ѓорче Петров!

ДЕМАНТ ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП ЈОВАНОСКИ ДО АЛФА ТЕЛЕВИЗИЈА: ТЕНДЕНЦИОЗНИ И НЕТОЧНИ ИНФОРМАЦИИ!


Илија Јованоски

Информациите кои беа изнесени на телевизија Алфа, а со кои се тврди дека до крајот на годината требало да биде изградена новата детска градинка во населбата „Точила“ и дека не е исполнето моето предизборно ветување, во најмала рака можат да се наречат тенденциозни.

Прилепскиот дописник на Алфа телевизија, требало да знае дека на седницата на Советот на општина Прилеп одржана во ноември 2019 година, беше донесена двегодишна развојна програма за капиталните инвестиции кои треба да се реализираат до крајот на 2021 година. Во неа, покрај другите проекти, предвидена е изградба на нова детска градинка.
Она што јавноста треба да го знае, е дека во сите мои изјави како градоначалник на општина Прилеп и во изјавите на претставници на општинскиот Совет, јасно и децидно е кажано дека изградбата на новата детска градинка е двегодишен проект, кој ќе започне во 2020 година, а ќе заврши во 2021.

Во изминатиот период, покажавме дека и покрај коронакризата, Општина Прилеп продолжува со инвестициите во инфраструктурата. Кризата со Ковид-19, како и секаде во светот, може да ги забави, но не и да ги одложи планираните проекти.

Оттука, во оваа прилика уште еднаш нагласуваме дека согласно планираната динамика на изградба, новата детска градинка во населбата „Точила“ ќе биде готова до крајот на 2021 година.
Новинарската професија налага изнесување на точни и навремени информации за состојбите во заедницата, а во интерес на правилно информирање на граѓаните. Општина Прилеп и јас како градоначалник, ги осудуваме и најенергично ги отфрламе изнесените невистини на телевизија Алфа и апелираме за проефесионално извршување на новинарската професија, со цел јавноста да не биде доведена во заблуда.

loading...

KissAnime watch anime dub: Dr. Stone: Stone Wars Episode 11

AniWatch aniwatch: Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! (https://aniwatch.pro/m/gqAN) Episode 3