Царовска: Со вработување на 500 образовни асистенти се грижиме и создаваме образование за секое дете
Царовска: Со вработување на 500 образовни асистенти се грижиме и создаваме образование за секое дете
Груби: Оваа коалиција рушеше табуа и во 2002 година
Груби: Оваа коалиција рушеше табуа и во 2002 година
(ВИДЕО) ГРАДОТ СКОПЈЕ ЈА ПОЧНА ТРЕТАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ИНДИРА ГАНДИ ВО ШУТО ОРИЗАРИ
(ВИДЕО) ГРАДОТ СКОПЈЕ ЈА ПОЧНА ТРЕТАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ИНДИРА ГАНДИ ВО ШУТО ОРИЗАРИ
БРАВО МВР - Одземени 14 возила од „диви“ тркачи од Тетово и од странство
БРАВО МВР - Одземени 14 возила од „диви“ тркачи од Тетово и од странство
Шекеринска: За Рамковниот договор имаше многу скепса, но создаде клима на заедништво
Шекеринска: За Рамковниот договор имаше многу скепса, но создаде клима на заедништво
ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГО НАГРАДИ СО 300.000 ДЕНАРИ ОЛИМПИСКИОТ ВИЦЕПРВАК ВО ТЕКВОНДО ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ
ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГО НАГРАДИ СО 300.000 ДЕНАРИ ОЛИМПИСКИОТ ВИЦЕПРВАК ВО ТЕКВОНДО ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ
Заев: Охрискиот договор донесе нов дух на водење политики кои градат мостови, заедно се развиваме како држава членка на НАТО и идна членка на ЕУ
Заев: Охрискиот договор донесе нов дух на водење политики кои градат мостови, заедно се развиваме како држава членка на НАТО и идна членка на ЕУ
ПОЖАРОТ КАЈ КОЧАНИ Е ПОД КОНТРОЛА, ГО ГАСАТ 400 ЛУЃЕ И ХЕЛИКОПТЕР НА АРМИЈАТА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ЦУК СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ
ПОЖАРОТ КАЈ КОЧАНИ Е ПОД КОНТРОЛА, ГО ГАСАТ 400 ЛУЃЕ И ХЕЛИКОПТЕР НА АРМИЈАТА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ЦУК СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ

ДЕМАНТ ОД ЗЛАТКО МАРИН: Лажните вести синоним за ДПМНЕ

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ и натаму продолжува со небулозните и неосновани напади насочени кон мене како градоначалник и кон работата на Општината. Денешната прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, е уште еден доказ дека оваа партија и натаму останува неконструктивна опозиција и продолжува со деструктивно, крајно бесрамно и инфантилно однесување.

ВМРО-ДПМНЕ секојдневно шири дезинформации за работата на Општината и за мене лично, со цел да го одвлече вниманието на жителите и да ја прикрие својата безидејност, што е навистина жално однесување како за најголема опозициска партија. Стоилковски и неговиот верен соработник Дејан Митески, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Аеродром и најверојатно претендент за градоначалник на Општина Аеродром, во изминатите месеци пласираат само лаги и непроверени информации во јавноста за мојата работа.

Лично ги повикувам од почетокот до крајот на следната работна седмица да дојдат во просториите на Општина Аеродром и да извршат увид во целата документација за набавките и реализацијата на проектите што ги посочуваат, како што се оние за тревата, за дрвените столбови и слични набавки за кои упорно тврдат дека не се законски и транспарентно спроведени. Стоилковски и Митески ќе можат да ги разгледаат документите за спроведените набавки и реализацијата на сите проекти за кои тврдат дека според нив се „криминални“.

Пред да дојдат, би сакал да им појаснам, затоа што очигледно не се доволно упатени, дека при секоја јавна набавка како најниска цена се зема вкупната цена, а не поединечните ставки и цени и вкупната цена е предмет на аукција. Во случајов со посочените ставки што ги наведуваат, излегува дека понудувачот самиот си наштетил и можел да биде понеповолен што на одредени ставки ставил повисоки цени, а самиот закон не дозволува понудувачот поради тоа да биде исклучен. А поради тоа што станува збор за рамковна спогодба, ние како договорен орган проценуваме дали ќе дадеме налог тоа да се работи или да не се работи.

Јас одговорно тврдам дека не е даден ниту еден налог за ставките што ги посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, господине Стоилковски, ве повикувам вас и господинот Митески да дојдете во Општината. Ве охрабрувам да побарате документи со кои ќе ги потврдите вашите тврдења. Доколку најдете нешто сомнително, каква било нелогичност или реален сомнеж дека сум потрошил барем еден денар за посочените ставки, известете ги надлежните органи, јас сум подготвен да одговарам. Но доколку се уверите во она што јас го тврдам, а тоа е дека сите документи се кристално чисти и сѐ што сум сработил е законски, барам јавно да ми се извините мене и на администрацијата на Општина Аеродром.

Со почит,
Златко Марин

loading...

https://animedao.nl animedao my hero academia. Watch Ai no Kusabi Episode 2

ANIMEFLIX Watch anime online, English anime online HD. Watch Chihayafuru 2: Waga Miyo ni Furu Nagame Shima ni Episode Full